логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  Sonot.na.Presveta.jpg

ЗА ВЕРАТА

Христијанска вера не учи што направил Бог за човечкото спасение, а што човекот треба да направи за да добие спасение.

Бог на луѓето им се објавува Себеси преку Своите дела - преку видливиот свет, а особено преку човечкиот разум, совеста и срцето. Тоа природно Божје откровение ни овозможува да знаеме за Бога и Неговиот закон.

За да можеме правилно да веруваме и достојно да Го почитуваме Бога, на луѓето им е објавено Божјото слово. Тоа е објавено преку Божјите избраници, пророците, а особено преку Синот Божји, Господ Исус Христос, и преку Неговите ученици, апостолите.

Пророците и апостолите, по упатство и вдахновение на Светиот Дух, напишале низа свештени книги, кои во себе го содржат Божјото натприродно откровение - објавување на луѓето. Тоа е запишаниот Божји збор - Библија или Свето писмо.

Светото писмо е поделено на Стар и Нов завет. Книгите на Стариот завет ги напишале пророците, и тие го содржат Божјото објавување на луѓето до Христовото доаѓање на земјата. Книгите на Новиот завет ги напишале Христовите ученици, апостолите, а тие го содржат Божјото слово, кое ни го објави Господ Исус Христос.

Освен запишаното Божјо слово, постои учење на верата (Божјо откровение), кое не е запишано во Светото писмо, туку е усно предадено од светите апостоли. Тоа усно предание е во потполна согласност со Светото писмо и за него се знае од времето на првите христијани (II Сл. 2, 15 и II Тим. 2, 2). Најглавните вистини на Светото предание се наоѓаат во Правилата на апостолите, Вселенските и Помесните собори на Црквата, во Правилата на светите оци и во црковните богослужбени песни.

СВЕТОТО ПИСМО е книга која мораш да ја имаш и секојдневно да ја читаш, бидејќи тоа е Божјо слово и основа на верата! "Кој и да го повика името Господово, ќе се спаси", но да би го повикал мора да верува, да би верувал мора да чуе. Затоа, слушни го словото на Вистината, Евангелието на твоето спасение!

Прво читај го Новиот завет и Псалмите, молејќи го Бога да ти го оспособи умот да разбереш. Не¬мој да се колебаш ако веднаш не сфатиш се, бидејќи секогаш кога повторно ќе ја читаш таа Книга, одново во неа ќе наоѓаш некоја нова вистина и ќе ти биде се појасно. Управувај го својот живот според науката на Светото писмо, па тогаш Словото Христово секогаш ќе ти носи радост и мир!

МОЛИТВАТА е побожно управување на човечкиот ум и срце кон Бога, обраќање кон Господа со вера и надеж во Него. Молитвите некогаш остануваат неуслишани бидејќи "вашите гревови го затскрија лицето Божјо од вас, да не слуша" - вели пророк Исаија (Ис. 59, 2).


Христијанската молитва содржи:

-  прославување на Бога поради Неговата вечна и недостапна слава;
-    благодарност на Бога за Неговите добрини и за секој дар кој од Него го имаме;
- молење за благодат и помош Негова, за опростување на гревовите, избавување од зло.

Треба да се моли:

-    со цврста вера во Господа и непоколеблива надеж во Неговото милосрдие,
-    со истрајност, не престанувајќи со молитвите ни тогаш кога ни изгледа дека Господ не не услишил.

Принесувајќи молитви кон Господа ние се обраќаме и на Неговите светии како наши застапници пред Бога. Притоа, ангелите и светителите ги почитуваме не како Бога, туку како Божји угодници и битија кои се близу до Бога, па во молитвите им се обраќаме да се завземат за нас пред Бога. Слава и чест Му оддаваме единствено на Бога, а светиите ги повикуваме не како такви кои би можеле да ни помогнат со сопствените сили, туку како прославени пред Бога, кои би ни измолиле од Бога помош и Негова милост. Обично им се обраќаме со зборовите:

"Молете се за нас грешните!"

Во молитвите посебно и најнапред ја повикуваме Пресвета Богородица, нашата најголема застапница пред Божјиот престол.

Исто така, почитувајќи ги иконите на кои се претставени ликовите на светиите, ние не се поклонуваме на иконите како на материја, туку на Господа непосредно или преку Пресвета Богородица или светиите, кои се на иконите насликани.


МОЛИТВА ЗА СЕКОЈ ДЕН



МОЛИТВА КОН ПРЕСВЕТА ТРОИЦА

Слава Ти, Боже наш, слава Ти.
Царе небески, Утешителе, Дух на вистината, Кој си насекаде и се исполнуваш. Ризницо на добрините, Животодавче, дојди и всели се во нас. Очисти не од секаква нечистотија и спаси ги, Благи, нашите души.
Свети Боже, Свети Силни, Свети Бесмртни, помилуј не, (3 пати).
Слава на Оца, и Сина и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.
Пресвета Троице, помилуј не. Господи, очисти ни ги гревовите. Владико, прости ни ги беззакони¬јата. Свети, посети не и исцели ги напште слабости, заради Твоето име.

Господи помилуј (3 пати).

Слава на Оца, и Сина и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

Најважна христијанска молитва е Господната молитва "Оче наш" која им ја дал Господ Исус Христос на Своите ученици, учејќи ги како да се молат на Бога:

Оче наш,
Кој си на небесата,
да се свети иметоТвое,
да дајде царството Твое,
да биде волјата Твоја,
како на небесата, така и на земјата.
Лебот наш потребен дај ни го денес,
и прости ни ги долговите наши, како што им ги проштеваме и ние на нашите должници,
и не не воведувај во искушение, но избави не од лукавиот.



МОЛИТВА КОН НАШИОТ ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС

Семоќен Господи Исусе Христе, голема е Твојата милосрдност, не оддалечувај се никогаш од мене, Твојот слуга, туку секогаш почивај во мене. Исусе, добар пастиру на Своите овци, не ме предавај на ѓаволски бунт, нити на волјата на сатаната не оставај ме, зашто во мене е семето на гниењето, туку запази ме во сонот. Господи Боже и Царе Свети, Исусе Христе, Те прославувам поради ТвоЈата светлина што никогаш не потемнува.
Преку Твојот Свет Дух, со кој ги освети Своите ученици, Господи, и за мене недостојниот слуга Твој надкрили го врз мојата постела Твоето спасение; просвети го мојот ум со светлината на разумот на Светото Евангелие Твое.

МОЛИТВА КОН АНГЕЛОТ ЧУВАР

Ангеле Христов, свет мој чувару, покровител на душата и телото мое, прости ми се што до денешниов ден и денес сум згрешил, и избави ме од секакво зло на лукавиот непријател, со никаков грев да не Го разгневам мојот Бог. Моли се за мене грешниот и недостоен слуга Твој и направи ме достоен за благоста и милоста на Пресветата Троица и Мајката на мојот Господ Исус Христос и на сите светии. Амин.



ПОФАЛНА ПЕСНА НА СВЕТА БОГОРОДИЦА

Богородице Дево, радуј се благодатна Марие, Господ е со Тебе! Благословена си Ти меѓу жените и благословен е плодот на Твојата утроба, зашто си Го родила Спасителот на нашите души.

СИМВОЛ НА ВЕРАТА

Верувам во Едниот Бог. Отец, Седржител, Творец на небото и на земјата, и на се видливо и невидливо. И во Едниот Господ Исус Хриетос, Син Божји, Единороден, Кој е роден од Оца пред сите векови. Светлина од Светлина, Бог вистински од Бога вистински, роден, несоздаден, едносуштен со Оца, преку Него се станало. Заради нас луѓето и поради нашето спасение слезе од небото и се овоплоти од Светиот Дух и Марија Дева и стана човек. И беше распнат заради нас во времето на Понтиј Пилат, пострада и беше погребен. Воскресна во третиот ден, според Писмото; се вознесе на небото и седи оддесно на Оца; и пак ќе дојде со слава, за да им суди на живите и мртвите, и царството Негово не ќе има крај. И во Светиот Дух, Господ, Кој живот твори. Кој излегува од Оца, Кого заедно со Оца и Сина Го славиме и Му се поклонуваме и Кој говорел преку пророците. Во Едната, света, вселенска и апостолска Црква. Исповедувам едно крштевање за прошка на гревовите. Го чекам воскресението на мртвите и животот на идниот век. Амин.



СОНОТ НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА ШТО ГО СОНИ ВО ГРАДОТ ВИТЛЕЕМ


Пресвета Богородица сонуваше една ноќ во јудејскиот град Витлеем страшен сон. Кога се разбуди сета трепереше и се расплака.

Господ Исус Христос и пристапи, па Таа вака му велеше:

"Мили мој Сине. Ноќва сонував страшен сон и се уште треперам од страв и не можам да си дојдам на себе. Плачев и тажев. Кога се разбудив се помолив на Господа Бога, Создателот на небесата и земјата, да ме утеши, затоа што срцето уште ми е вознемирено. Целата треперам и се тресам од страв.

Ми се сони како Ти стоиш во мноштво народ и држиш еден лист испишан со Божјите заповеди од Стариот завет, а над нив две заповеди крупно напишани:

"Возљуби Го Господа твојот Бог
со сето свое срце,
со сета своја душа,
со сета своја сила и
со сиот свој разум", и

"Возљуби го својот ближен како себеси".

Одеднаш некои вооружени луѓе Те фатија, а оној народ се разбега. Потоа Те изведоа пред суд... Главата и телото Ти беа облеани со крв.

Христос Спасителот на тоа и рече:

Пресвета и преблагословена Мајко Моја, ќе се оствари тоа што си го сонила, - Мене ќе Ми се случи сето тоа.
Ако некој го прибележи тој Твој Сон, па го носи секогаш со себе или го држи во куќата своја и ги научи оние заповеди што си ги видела на оној лист и почне да живее според нив и почне да Го сака Господ Бог - Творецот на се што постои, и ги возљуби ближните свои, па прави секакво добро дело - ќе биде спасен.
Нечистиот дух нема да му се вселува во' душата, и доколку до смртниот час ги извршува сите заповеди, носејќи го чесниот крст со себе, ќе наредам, ангелите душата да му ја примат и да му ја населат во царството небеско".



СОНОТ НА ПРЕСВЕТАТА, СЛАВНАТА И ПРЕБЛАЖЕНАТА БОГОМАЈКА ШTO ГО СОНИ НА ЕЛЕОНСКАТА ГОРА

Кога беше Света Богородица на Елеонската Гора, додека спиеше, и се доближи Господ наш Исус Христос и тивко и рече:

"Спиеш ли, мила Мајко Моја, или си будна?"

Таа се сепна, силно вознемирена, па Му рече на Исуса: "Премили Сине мој! Еве, само што сум задремала, сонив страшен сон: Како, мило мое Дете, Тебе Те распнаа во јудејскиот град Ерусалим помеѓу двајца разбојници, за време на Понтиј Пилат. Лицето и телото Ти беа во рани и со крв облеани, а на главата Ти ставија ве¬нец од трње. - Гледам, а Тебе жолчка Ти даваат да пиеш; со копје Ти ги прободоа ребрата, а од раните потече крв и вода. Малку потоа сонцето се помрачи, земјата почна да се тресе, камењата се распаѓаа, завесата во храмот се расцепи од горе до долу. На земјата настана темнина од шестиот до деветтиот час...

Тогаш дојдоа Јосиф од Ариматеја и Никодим, Твоите тајни ученици, Те симнаа од крстот, Те обвија во чиста плаштаница и во гроб Те положија. Три дена лежеше во гробот, а кога осамна третиот ден Ти стана од мртвите, слезе во адот и, разурнувајки ја пеколната врата, ги изведе оттаму Адама и Ева. Потоа надгробната плоча се подигна и Ти - Воскресна. И се разгласи по целиот свет Твоето воскресение. По Твоето воскресение сите народи доаѓаа кај Тебе, за да Ти се поклонат и да Те слават. А Ти седиш на царски престол и сите ги даруваш со некој необичен леб и вино. Тој леб го држиш во рацете како Свое Тело и, кршејки го, Го раздаваш на светот. Од Твоето тело тече крв во чаша и сите ги напојува. И штом некој се причести со Твојата Крв и Твоето Тело, лицето му се преобразува и станува светло како ангел, кој во златни облеки доаѓа и го одведува во царството небеско. А Ти си се вознел на небесата и седиш од десната страна на Бога Оца".

На тоа Христос и рече:

"Пресвета Мајко Моја! Се што си сонила ќе се изврши со Мене. Навистина, навистина Ти велам:
- Кој ќе поверува дека Јас сум Спасителот на светот и на сите народи; дека Телото Мое е храна, а Крвта Моја вистински напиток; ако верува дека без тие две не може да добие спасение, тој навистина ќе биде спасен!

Значи, ако верува дека при причестувањето со светиот Леб и светото Вино го прима Моето Тело и Мојата Крв, па ако се очисти себе си од секаква нечистотија на телото и духот, навистина ќе наследи царство небеско. Лицето ќе му биде светло, а облеката сјајна како на ангел во вечното царство. На земјата несреќа никогаш не ќе има место во домот негов, а душата ќе му живее во мир. Ангелот чувар ќе го чува од ненадејна смрт, од зли луѓе и разбојници. Кога оди на суд, ако мисли на Бога и се моли Бог да го спаси, ако е неправедно осуден ќе биде спасен. Ако, пак, е виновен па се покае, ќе биде помилуван, а неговиот престап простен.
И секој, кој наутро и навечер скромно, искрено и топло го замоли Бога Отецот за простување на гревовите, верувајќи дека крвта Моја го мие човекот од гревот - навистина ќе биде мирен навек и сочуван од секоја беда и неволја. Амин.

ЖИТИЕ НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ЧУДОТВОРЕЦ

Свети Климент е ученик на светите браќа Кирил и Методиј. По смртта на Свети Методиј, Свети Климент под притисок на германското духовништво тргнува од Моравија кон југ. Заедно со Свети Наум, Горазд, Сава и Ангелариј -наречени Петочисленици - ја ми¬нува реката Дунав. По кратко престојување во Преслав, Свети Климент доаѓа во Македонија, во Охрид. Тука со Свети Наум развива голема архипастирска и просветителска дејност.

Во Охрид тој ја основува првата словенска книжевна школа во која бројот достигнува до 3.500 ученици, кои ги подготвува и оспособува за просветителска и преведувачка дејност.

Свети Климент изградил црква Свети Пантелејмон. Во неговата дејност најмногу му помагал Свети Наум.

По седум години духовна, културна и просветна дејност Свети Климент е посветен за епископ. Тој е прв епископ словен меѓу визан¬тиските епископи. Основоположник е на Охридската Архиепископија, денес Македонска православна црква.

Свети Климент и за време на својот живот правел чуда, како што неговите свети мошти и денес пројавуваат исцелителна моќ, поради што е почитуван како Чудотворец.

Свети Климент се упокоил во Господа во 916 година. Неговите чудотворни мошти почиваат во некогашниот храм на Света Богородица, кој покасно - бил наречен Свети Климент - Охридски, каде верните од сите страни доаѓаат на поклонение.


МОЛИТВИ КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (во тага)

Кон кого да повикам, Богородице кон кого да прибегнам во својата мака, ако не кон Тебе, Царице небеска? Кој ќе го чуе мојот плач, кој ќе ги прими моите воздишки, ако не Ти, Пречиста, надеж на христијаните и засолниште на нас грешните? Кој ќе ме заштити повеќе од Тебе во моите неволји? Услиши го плачењето мое и приклони го Твоето уво, Владичице, Мајко на мојот Бог. Не презирај ги оние кои од Тебе бараат помош и не отфрлувај ме мене грешниот, туку вразуми ме и научи ме, Царице небеска. Немој да отстапиш од мене, Твојот слуга, Владичице, за моето молење биди мајка и застапница. Еве, се предавам себеси на милостивата Твоја заштита. Плачам за своите гревови.
О, кога би сакала да се погрижиш за мене и да ме приведеш, мене грешниот, кон тивок и безметежен живот! Кон кого ќе прибегнам, ако не кон Тебе, надеж и прибежиште на грешниците, кои се надеваат на неискажливото милосрдие и добрината Твоја?

Што да речам јас недостојниот за пофалба на Твоето величие и слава? О, Владичице Царице небеска, Ти си Мајка моја и надеж моја. Ти си утеха и засолниште, покров, заштита и помош моја! Преблага Царице и брза застапнице, покриј ги со своето завземање моите престапи; заштити ме од видливите и невидливите непријатели и смекни го срцето на злите луѓе кои стануваат против мене. О, Богородице, помогни ми мене беспомошниот, кој поради телесните страсти со срцето боледувам. Само Твоето застапништво го имам пред Твојот Син и Господ Бог мој Со Твоето големо застапништво, со Твоите сесилни молитви, дај, Пречиста, Непорочна и Преславна Марие, Мајко Божја, да бидам оправдан и избавен од секаква беда и напаст.
Радуј се Благодатна, радуј се за радувана, радуј се преблагословена, Господ е со Тебе.

***

Бранови страсти ме збркуваат голема тага и тегоба ја исполнува мојата душа. О, Пресвета, смири ја мојата душа со мирот на Твојот Син и душевната збркотија и тага одгони ја со неговата благодат. Бурата на моите гревови, кои како огнен црв ме печат, смири ја и нивниот пламен изгасни го. Исполни го, Пречиста со радост моето срце и изгони ја маглата на моите прегрешенија пред мене, зашто тие ме збркуваат. Просвети ме со светлоста на Твојот Син. Изнеможе мојата душа, се ми е тешко, па и молитвата. Еве студен сум како карпа, усните шепотат молитва, но срцето е неподвижно, тегоба го покрила. Одмрзни го мразот во мојата душа и загреј го моето срце со љубовта Твоја.

Не надевајќи се во човечка заштита, Ти припаѓам Тебе, Пресвета Владичице, не отфрлај ме, туку прими ја молитвата на Твојот слуга. Ме опфати тага, не можам повеќе да ги трпам демонските напади. Немам заштита нити имам каде да се засолнам, и секогаш бивам во таа борба победен, а утеха никаде немам освен во Тебе, Владичице на светот. О, надеж и заштито на сите кои веруваат, не отфрлај ја мојата молитва. Амин.

***

Пресвета Мајко Христова, Пречиста, Преблагословена Богородице, еве, сатаната удри на мене како морски бранови на лаѓа: дење ме прогонува, ноќе ме мачи. Немам мир - се колеба мојата душа, трепери мојот дух. Поитај, Пресвета, и помогни ми. Измоли Го милиот Господ да ме помилува и да ми ги прости гревовите. О, Пресвета Мајко Исусова, Твоето милосрдие е големо и тоа е најголем противник на пеколните сили. И најтешкиот грешник кога ќе падне во пеколно грло, туркан од нечестива сила - кога ќе спишти кон Тебе, кадра си да го избавиш; избави ме и мене. Еве, сатаната сака да ме сопне и да ја уништи мојата вера, но јас во Господа се надевам.
Нека Ти е слава, посветла и од серафимите, до век, амин.

 
МОЛИТВА КОН СВЕТИ СИСОЕ ВЕЛИКИ


Ти се поклонувам, свети и преблажени Сисое. Ја славам и величам твојата голема сила, што ја доби со Божји благослов, да можеш да ловиш нечисти и зли духови. Го славам Твоето име свето - Ти ја задоби милоста Божја. Постејќи и на Бога молејќи се, си го примил дарот на Светиот Дух да можеш да лечиш болни и мртви да воздигнуваш. Ти се поклонувам како на Божји праведник и најискрено Те молам: во борбата на овој свет сочувај ме од немила случка и секакво смртоносно оружје. Ти си велик и силен, од Бога си благословен, те молам земи ме во закрилата своја и моли се за мене на Господа, да ми подари снага и сила за да им одолеам на неприја¬телите, во името на Оца, и Сина и Светиот Дух. Амин.
На Отецот се надевам, кон Синот прибегнувам, Светиот Дух ќе ме закрили - Света Троица - слава Ти.

ТРОПАРИ

На чесниот крст


Спаси ги, Господи, Твоите луѓе и благослови го Твоето наследство; дарувај му на нашиот православен народ победа над неприја-телите, и со крстот Твој заштити го Твоето жителство.

Свети Кирил и Методиј

Глас 4. Богомудри Кириле и Методие, еднакви по дух со апостолите и учители на словенските земји, Владиката на сите молете Го, словенските народи да ги утврди во Православието и едномислието, да го смири светот и да ги спаси нашите души.

Свети Климент

Глас 4. Со зборови си ги упатил народите во верата Божја, со делата си се издигнал, преблажене, кон божествен и блажен живот. Со чудеса си ги просветил оние што пристапуваат верно кон тебе. Со знаменија си ја осветлил темнината. Заради тоа го славиме твојот божествен спомен, Клименте.

Свети Наум Охридски


Глас 4. Соединувајќи се со Христа си го оставил светот, живеејќи со дух, телото си го распнал, преблажен Науме. Си се стремел како апостолите да се подвизаваш, и безбројно мизијско множество во верата си вовел. Така и нас со твоите молитви избави не од искушенијата.

Света Петка


Глас 4. Го засака пустинскиот и тивок живот и ревносно тргна по Христа, твојот жених; Неговиот благ јарем во својата младост примајќи Го, со крстниот знак храбро се вооружи против духовниот непријател. Со испоснички подвизи, постот и молитвие и солзните капки, си го изгаснала жарот на страстите, многуславна Параскево. И сега во небеските дворови со мудрите девојки стоејќи пред Христа, моли се за нас, кои го почитуваме твојот чесен спомен.

Свети Седмочисленици

Глас 1. Со пофалбени венци да ги овенчаме   славните Седмочисле¬ници, кои како светила блеснаа и Триединиот Бог ни Го благовестија; Кирила со Методија, Климента, Наума со Сава и Горазда со Ангеларија. Цврсти столбови на Црквата и боговдахновени заштитници на нашиот збор: прогонувајќи го бесовското незнабожечко учење, на Христа Бога молете се, да ја утврди нашата Црква и да им дарува на нашите души мир и голема милост.

Свети вмч. Георгиј Победоносец

Глас 4. Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите, лекар на немоќните, помошник на владетелите, победоносче, великомачениче Георгие, Христа Бога моли Го, да ги спаси нашите души.




Издава:
Издавачка установа Канео
при Дебарско - кичевска епархија -Охрид

Рецензент:
Митрополит Дебарско - кичевски Тимотеј

Уредник:
свештеник Зоран Данев

Печати: "Ирис" - Струга
Охрид 1997
 








 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3233
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7731
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

29/12/2024 - недела

Божикен пост (пост на масло)

Светиот пророк Агеј; Свети Никола Хрисоверг, патријарх Цариградски; Светата царица Теофанија;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Христов патријарх Модест Ерусалимски 18 декември / 31 декември 2024

Тропар на Христов патријарх Модест Ерусалимски 18 декември / 31 декември 2024

Слава Тебе Господи,што такво срце човеково создаде,и по молбата Модестова очисти и исполни,со љубов кон родот човечки.Сотрудник Јованов, утешител Захариев,прославител...

Тропар на светиот Христов архиепископ Дионисиј Егински 17 декември / 30 декември 2024

Тропар на светиот Христов архиепископ Дионисиј Егински 17 декември / 30 декември 2024

Стражарејќи над умот свој,срцето одморено ти стана пристаниште за Бога и ближниот, о Дионисие архиепископу,во жртва целосна за Христа спремна,те...

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Глас 2Агее свети пророче, ти кој поведен беше, храмот Господов духовно да го осознаеш, оној кој човек не го гради,туку Господ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная