логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 



Спротивно на она што многумина го мислат или чувствуваат, Постот е радосен период. Тоа е период кога се враќаме во живот. Тоа е време кога се ослободуваме од она што е лошо и мртво во нас, за да станеме способни да живееме, да живееме со сета широчина, сета длабочина, сета сила на којашто сме повикани. Доколку не го разбереме ова обележје на радост во Постот, од него ќе направиме една чудовишна карикатура, време во кое во Божјо име од нашиот живот правиме мизерија.

Ваквиот радосен порив поврзан со труд, со аскетски потфат, со напоре труд може навистина да изгледа чудно, а сепак се провлекува низ целиот наш духовен живот, низ животот на Црквата и животот на Евангелието. Царството Божјо е нешто што треба да се освои. Тоа не им се дава на оние коишто удобно, мрзеливо чекаат да дојде. За оние коишт во таков дух го очекуваат, тоа навистина и ќе дојде: ќе дојде на полноќ, ќе дојде како Суд Божји, како крадец кој неочекувано доаѓа, како младоженец кој доаѓа додека заблудените девици спијат.

Ова не е начинот на којшто треба да го очекуваме Судот и Царството. Тука повторно треба да доловиме една состојба на умот којашто вообичаено не можеме да ја досегнеме со нашата длабочина, нешто што стана целосно туѓо за нас: радосното исчекување на Денот Господов – без оглед на фактот што знаеме дека овој Ден ќе биде Ден на Судот. Можеби е чудно за нас да чуеме дека во Црквата, ние го објавуваме Евангелието – „благата вест“ – на Судот, а сепак, тие го правиме тоа. Ние го објавуваме Денот Господов не е во страв, туку во надеж, и заедно со духот на Црквата велиме: „Да, дојди Господи Исусе, дојди поскоро“ (сп. Откр. 22, 20).

Сѐ додека не можеме да говориме на ваков начин, нам ни недостига нешто многу важно во нашата христијанска совест. Ние сѐ уште сме пагани облечени во евангелски одежди, без разлика на тоа што велиме дека сме. Ние сѐ уште сме луѓе за коишто Бог е оној бог што е надвор од нас, Бог чиешто доаѓање е мрачно и страшно, и чијшто Суд не е наше искупување, туку наша осуда, народ за когошто средбата со Господа е ужасно страшен настан, а не настан за којшто се копнее и живее. Доколку не го сфатиме ова, тогаш Постот не може да биде радост, зашто Постот со себе носи и суд и одговорност: треба да се осудиме себеси за да се измениме, за да се удостоиме со отворено срце и вера да го пресретнеме Господовиот Ден, Воскресението, подготвени да се радуваме на фактот дека Тој дошол. Секое Господово доаѓање е суд.

Отците Го споредувале Христа со Ное. Тие велат дека ноевото постоење во негово време истовремено било и осуда и спасение. Било осуда, зашто присуството на еден човек кој останал верен, или само еден свет човек Божји, било доказ дека светоста е можна и дека грешниците, оние коишто Го одбиле Бога и се одвратиле од Него, можеле да го сторат обратното. Значи, присуството на еден праведен човек било на суд и осудување за неговото време. Сепак, истовремено било и за спасение, зашто само благодарение на него Бог милостиво гледал на човештвото. И истото важи за доаѓањето Господово.

+ + +

Православната Црква во Великиот пост нѐ воведува преку низа на подготвителни недели во кои евангелските четива чекор по чекор нѐ изведуваат од крајната темнина. Би сакал брзо да ве потсетам на овие стази.

Првата, драматична точка во којашто се наоѓаме се состои од фактот дека ние сме слепи, а сме несвесни за нашата слепост. Ние сме во темнина, а несвесни сме за оваа темнина во и околу нас. Нашето око е помрачено и го помрачува сето она внатре во нас, а ние не сме свесни за тоа.

Првото евангелско четиво што нѐ соочува со овој аспект на нашата подготовка за Постот е приказната за Вартимеј, слепиот човек на портите Ерихонски, човек кој или го изгубил својот вид, или бил роден слеп, но бил оставен во темнина. За него немало светлина, за него немало ниту живот, ни радост. Тој најверојатно бил помирен со оваа несреќа. Продолжил да постои, штом веќе не можел да живее. Продолжил да постои ден за ден, благодарејќи на помошта од незаинтересираните минувачи. Но, едно нешто ја направило неговата мизерија драматична и трагична – тој живеел во времето Исусово.

Вартимеј сигурно слушнал за Овој Човек Божји Кој дошол на светот, Кој ги лечел и исцелувал луѓето и стварите, Човек Кој имал отворено очи на слепи, Кој имал даррено вид на слепороден. Постоењето на можноста за спасение, можноста за неможно лечење мора да ја направило неговата темнина уште потемна. Било возможно (да се излечи), кога Бог би дошол до него, а сепак невмозможно, зашто како би го нашол овој проповедник и исцелител Кој постојано патувал, никогаш не бивајќи на едно место? Како би можел еден слеп човек да биде во чекор со Него?

Неговата свест била помрачена поради оваа можност да прогледа. Неговиот очај се продлабочил повеќе од било кога претходно, затоа што имало надеж. И така, кога Христос му се приближил, тој можел да повика од самата длабочина на неговиот очај, и од самата длабочина на неговиот целосен, страсен копнеж за спасение. Доаѓањето на Бога го направило свесен за темнината, како што никогаш претходно не бил, свесен како никогаш претходно за трагедијата што ја живеел.

Ова е првиот чекор што мора да го прифатиме, а што за нас е претешко за прифаќање: мора да се соочиме со нашата вистинска ситуација, без да се утешуваме со мислат дека имаме накков живот во нас што може да го замени божествениот живот. Мора да прифатиме дека кога станува збор за светлината Божја, ние сме во темнина. И тогаш, мора да сториме нешто околу тоа.

Пред сѐ мора да станеме свесни за фактот дека без светлина ние сме изгубени, зашто темнината во којашто сме оставени е смрт, отсуство Божјо. А, кога станува збор за правење нешто, имаме две нешта што се исправени пред нас. Прво, ние нема да делуваме сѐ додека не увидиме дека се наоѓаме во очаја ситуација. Ако не сме свесни дека станува ова е прашање на живот и смрт, дека ова е единственото нешто што е важно, ние нема да сториме ништо. Можеби ќе се молиме на Бога да направи нешто. Ќе се надеваме дека иако не се молиме, Тој ќе дојде и ќе делува. Но, само во случај на смртна опасност ние може да почнеме да делуваме, како Вартимеј, кого никој не можел да го сопре да не вика, да не вика за помош, бидејќи тој знаеч дека тоа бил пресудниот момент. Христос поминувал покрај него. За една минути Тој би заминал, и темнината би станала трајна, неизлечива.

Друго нешто што нѐ спречува да не правиме ништо е начинот на којшто се плашиме од луѓето. Се сеќавам на еден човек во затвор кој ми кажа колку е чудесно да се биде откриен, зашто, како што рече тој, „Сѐ додека не бев откриен, сето мое време и напори ги вложував во тоа да изгледам нормално, како сѐ да е в ред со мене. Во моментот кога ме открија, си реков: ‘Сега можам да изберам: можам да останам тоа што сум, крадец и лажго, или да се променам. Сега сум слободен да бидам различен, и никој нема да се изненади повеќе од тогаш кога открија дека сум крадец’“. Додека имате некаков углед за одржување, ужасно тешко е да се промените, и токму тоа многу јасно ни го посочува параболата за Закхеј, која следи по приказната за Слепиот човек.

Проблемот на Закхеј бил следниот: тој сакал да Го види Христа. Дали да ризикува и да биде исмеен или не? Многу е потешко некој да нѐ исмее, отколку да не се согласува со нас, зашто кога некој не се согласува со нас, ние може да се сокриеме позади нашата гордост. Чувствуваме дека се бориме против сиот свет, иако овој свет е толку мал, што не е вреден за да биде забележан. Но, некој да ни се смее, да нѐ исмее, е нешто што ја надминува храброста за соочување на повеќето од нас. Можете ли да замислите еден менаџер на банка во мал мал град како се искачува на едно дрво за да Го види Христа, среде толпа народ, додека другите му свират, го покажуваат со прст и му се смеат? Токму таква била состојбата на Закхеј, богатиот. Но, за него средбата со Христа била толку суштинска, такво прашање на живот и смрт, што бил подготвен да го презре потсмевот и омаловажувањето што го придружувале неговото дело – и Го видел Христа.

Постојат два излеза од нашата зависност од мислењето и осудата на луѓето. Мораме да го сториме или она што го направил Закхеј – да го прифатиме понижувањето зашто тоа е важно за нашето спасение, или пак, да им дозволиме на нашите срца да бидат скаменети, и да ја прифатиме гордоста што ќе ја негира осудата од другите.

Не постои трет начин. Постои само спонтаната осцилација што сите ние сме ја искусиле, а тоа е да знаеме што е добро, а што лошо, и сепак никогаш да не се одлучиме ниту за доброто или злото, зашто кога и да се завртиме кон лошото ни е страв од Судот Божји, додека ако се завртиме кон доброто ни е страв од судот човечки. Гордоста или смирението се единствените два излеза од оваа ситуација.

И тогаш се јавува проблемот со осудата Божја. Приказната за Закхеј ни покажува како може да се двоумиме меѓу осудата Божја и човечката осуда. Сега имаме можност за еден друг чекор. Зарем не е време, кога сме соочени со прашање на живот и смрт, да се осудиме себеси и да не бидеме целосно зависни од другите?

(продолжува)

Антониј, Митрополит Сурожски
Извор: „Тавор“, бр. 2

Преземено од : Кумановско- осоговската епархија

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3126
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7599
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

16/11/2024 - сабота

Св. свештеномаченик Акепсим, епископ Наесонски ; +Св. великомаченик Георгиј – Ѓурѓиц; Преподобен Илија Египетски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Јоаникие оче наш преподобен, Тебе на кого надеж ти е Отецот,  прибежиште Синот, а покров Духот Свети,  моли се о ти...

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните,помошник на владетелите,

Тропар на светите маченици Акиндин, Пигасиј, Афтониј, Елпидифор и Анемподист 2 ноември / 15 ноември 2024

Тропар на светите маченици Акиндин, Пигасиј, Афтониј, Елпидифор и Анемподист 2 ноември / 15 ноември 2024

Страдалници Господови, блажена  е земјата, која се напои од вашата крв,  и свети се населбите кои ги примија телата ваши. На боиштето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная