Ние, кои во тебе веруваме, ја знаеме ризницата на Твоето неизмерно милосрдие, Владико. Со блудниот син, најискрено паѓаме ничкум пред Тебе. Прими нè нас грешните, кои прибегнуваме кон засолништето Твое, зашто нема грев, милосрден Господи, кој го надминува Твоето Човекољубие.
Утрена, втора недела од Постот
Поуки од светите отци: Него единствено ќе Го љубите, Нему единствено ќе Му се поклонувате со својот ум и со своето срце и со својата сила; а Неговите зборови и заповеди, срцата ваши ќе бидат подготвени да ги извршат...
Свети Григориј Палама
Молитва:
Господи, засили ја нашата надеж да ги положиме сите свои грижи на Тебе, знаејќи дека Ти нè љубиш и за нас се грижиш. Помогни ни да ги исповедаме гревовите во смирение и вера, за обновени да Ти се вратиме. Амин.
Читање од Светото Писмо:
Исаија 5, 7-16
Битие 4, 8-15
Соломонови Изреки 5, 1-15
Созерцание: Господ Саваот (Саваот = евр. Господ над војските, заб. на прев.) се возвеличи во суд, светиот Бог ќе ја соопшти светоста Своја во правда.
Исаија 5, 16
Подготви: А.Л.
Посети:{moshits}