Проливајќи срдечни солзи, да запееме со зборовите на Блудницата, Тебе, Отче и Боже на сите, да Ти припаднеме говорејќи: Ти згрешивме, отстапувајќи од Тебе и се направивме робови на похотите, прими го нашето покајание.
Утрена, втора недела од Постот
Поуки од светите отци: Него ќе го славите како Бог, единствено Него, Царот и Творецот на сите твари; за Него ќе се држите и Нему ќе му се враќате од своите прегрешенија знајни и незнајни, дење и ноќе.
Свети Григориј Палама
Молитва:
Ти, кој вистински нè познаваш, Господи, и гледаш дека сме немоќни сами себе да си помогнеме. Дај ни сила и духовен разум да се одбраниме од лошите помисли и дела, од сè и секој кој ни го попречува нашиот труд повторно да Те најдеме на патот преку Чесниот Пост.
Читање од Светото Писмо:
Исаија 6, 1-12
Битие 5, 1-24
Соломонови Изреки 6, 3-20
Созерцание: Свет, свет, свет е Господ Саваот! Сета земја е полна со Неговата слава!
Исаија 6, 3
Подготви: А.Л.
Посети: {moshits}