01/05/2015 Поуки - совети
Moлитва, напишана од Антоан де Сент-Екзипери, во еден од најтешките периоди од неговиот живот. Таа напомнува на многу важни работи од животот и длабоко ги допира душата и разумот.
„Господи, не се молам за чуда и виденија, туку за сила за секој ден. Научи ме на уметноста на малечките чекори.
Направи ме да внимавам и да откривам, та во суетата на секојдневието навреме да застанам над откритијата и опитот што ме трогнале.
Научи ме правилно да го распоредувам времето од мојот живот. Подарими тенко сетило, да го разликувам првостепеното од второстепеното.
Се молам за сила на воздржување и мера, за да не се развејувам во животот и да не се влечкам, а разумно да го планирам текот на денот, да можам да ги гледам висините и далечините и барем некогаш да наоѓам време да се насладувам со уметноста.
Помогни ми да разберам, дека мечтите не можат да помогнат. Ни мечтите за минатото, ни мечтите за иднината. Помогни ми да бидат тука и сега, и секоја минута да ја примам како најважна.
Сочувај ме од наивната вера, дека во животот сè треба да биде мазно. Подари ми јасно сознание за тоа, дека тешкотиите, поразите, падовите и несреќите се само природен составен дел од животот, благодарение на кого растеме и созреваме.
Напомнувај ми, дека срцето спори со разумот.
Испрати ми во потребниот момент некој, кој ќе има храброст да ми ја каже вистината, но да ми ја каже љубејќи!
Знам дека многу проблеми се решаваат, ако ништо не се преземе, затоа научи ме на трпение.
Ти знаеш колку силна потреба имаме од пријателство. Дај ми да бидам достоен за тој најпрекрасен и најнежен дар на судбината.
Дај ми богата фантазија, во потребен момент, во потребно време, на потребно место, молчејќ или говорејќи, да му ја подарам некому неопходната топлина.
Направи ме човек, кој умее да допре до оние, кои се сосема „долу“.
Сочувај ме од стравот да пропуштам нешто во животот.
Дај ми го, не тоа што самиот си го посакувам, а тоа што навистина ми е неопходно.
Научи ме на уметноста на малечки чекори.
жНаучи меня искусству маленьких шагов».
Извор: http://www.adme.ru/tvorchestvo-pisateli/maloizvestnaya-molitva-ot-ekzyuperi-821960/ © AdMe.ru
Преземено од: Преспанско- пелагониска епархија