„-Дали постојат, старче, магии и може ли да нанесат толку зло?
- Дали постојат? Уште како постојат.
Но, врз кого делуваат? Делуваат кај оние кои искушението ќе ги најде голи, без оружје.
- Значи, старче?
- Гол е оној кој нема врска со Црквата, а невооружен е христијанинот кој нема допир со Христос и
Светите Тајни, молитвата, исповедта, Светата Причест.
Прочитај го житието на свети Кипријан, ако сакаш да видиш како тој голем маг се понизил пред едно девојче Јустина.
Кога сфатил дека магиите немаат влијание на христијаните, се одрекол и од сатаната и од магиите.
Станал христијанин, и тоа толку ревносен што заедно со Јустина пострадал за верата Христова...“
Старец Харалампиј
Избор од фејсбук страната на: о.Горан Стојчевски