логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

12745503_222219438119253_8778101576296165936_n


06/03/2016   Поуки - совети

…Едно попладне дојде до прекин на кабелската линија. Тоа се случи во декември 1948 година. Имаше многу снег. Во четири часот попладне дојде наредба да одиме во селото, два часа одење, да ја поправиме линијата и да се вратиме назад. Но, после два часа се стемнуваше. Војниците беа капнати од умор и немаа сили да тргнат. А и каде да го најдеш кабелот во толкав снег!

На крај ми дадоа една група луѓе и отидовме уште малку понапред за да го смириме командирот. Потоа им реков: „Да побрзаме зашто треба да се вратиме“. Отидов напред бидејќи цело време негодуваа. Постојано повторуваа: „Грција никогаш нема да умре, но затоа ние ќе умреме“. Одев напред; ќе паднев во снегот, а тие ќе ме извлечеа; повторно ќе паднев, а тие повторно ќе ме извлечеа… Имав еден бајонет, па почнав да го забодувам во снегот пред себе за да видам каде би можел да поминам. Постојано требаше да проверувам. Одев пред сите. „Одиме понатаму, овде не поминуваат животни, па кабелот овде не може да биде пресечен. Да побараме некој шанец над кој виси кабелот“. Конечно, стигнавме до едно село пред кое имаше насипи, скриени од погледот со снежни наноси! Кога стигнавме до тие насипи, пропаднав во снегот. Другарите многу тешко ме извлекоа. На крај, сите се спуштивме, преоѓајќи од еден насип на друг – само не прашувај како – и така, доцна во ноќта стигнавме во селото. На едно или две места наидов на кабел како виси над некој шанец; го споивме и воспоставивме врска со командирот. „Враќајте се назад!“, гласеше наредбата на командирот. Но како? Покрај тоа што е ноќ, како сега да се качиме на оние насипи? Се спуштивме оттаму тркалајќи се. Каде сега да најдеш пат? „Како сега да се вратиме? – го прашав – надолу некако одеше. Ако може да се вратиме изутрина, од другата страна на селото, одејќи одоколу.“ На тоа командирот ми одговори: „Никако ’ако може’, реков вечерва“. За среќа, разговорот го слушна еден аѓутант на командирот кој го замоли да преноќиме во селото. Така останавме. Во една куќа ни дадоа две-три черги. Добив треска. Бидејќи одев пред сите за да им правам пат, целиот бев мокар. Другарите се сожалија на мене, зашто, на некој начин, претрпев повеќе мака од нив, па ме ставија во средина за да се стоплам. Тогаш изедовме по едно парче леб. Не се сеќавам дека некогаш во животот сум почувствувал поголема радост од онаа што ја почувствував тогаш.

Морав да ги спомнам овие примери за да сфатите што значи жртва. Не ви го кажав сето ова за да ми аплаудирате, туку за да сфатите од каде потекнува вистинската радост.

А потоа, во одделот за радиоврски сите се обидуваа да ме излажат. „Дојде татко ми. Те молам, замени ме малку“, ќе речеше еден. „А мене ми дојде сестра ми“, ќе речеше друг – иако таа не му беше сестра. Трет ми говореше нешто свое, а јас седев и за првиот, и за вториот, и за третиот, и се жртвував. По дежурството чистев, сѐ средував зашто на другите им беше забрането тука да влегуваат. Дури ни офицерите од другите оддели не смееја да влегуваат бидејќи беше војна. Затоа и не можевме да имаме чистачка. Значи, ќе земев метла и ќе ги исчистев сите простории. Таму научив да метам. „Ова е службена просторија, место – на некој начин – свештено, не е добро да биде неуредно“, помислував. Не бев должен да метам, ниту, пак, знаев да го правам тоа. Дома никогаш немав фатено метла в раце! Ако некогаш сакав да ја земам, сестра ми ќе ме скршеше од ќотек со таа метла! Другарите ме викаа „Чистачка“ и „Вечна жртва“. Не обрнував внимание на тоа. Не го правев тоа за од нив да слушнам „благодарам“, туку бидејќи тоа го чувствував како потреба и зашто тоа ме радуваше.

Старче, зар не Ви доаѓаа помисли „одлево“? Зар никогаш не си помисливте, на пример: „Оној таму се шета, а и никаква сестра не му дојде?“

Не, немав такви помисли. Од моментот кога некој ќе ми речеше: „Те молам, можеш ли да останеш место мене?“, сѐ беше завршено. Еднаш некој ми бараше пари велејќи дека му се потребни, божем, за децата. Но тој бараше пари и од својата жена за да ги троши за себе. Сфаќаш? И јас повторно не го правев тоа за да ми речат: „секоја чест“, тоа го чувствував како своја потреба. Бидејќи никаде не излегував, другите тоа го користеа и целата работа мене ми ја трупаа. Требаше да ја завршам работата за целиот вод. Куп шифрирани знакови за пренос, шалтерите само грмат. Пропаднав. Едно време постојано имав температура триесет и девет со пет, а никому не кажував. Но потоа, од замор паднав како мртов. Се онесвестив. Ме ставија на носилка и слушнав како говорат: „Ајде Бенедикте[1], одиш на генералка, на носила ќе те однесеме таму каде што се поправаат стари автомобили!“ И така ме однесоа во болница. Ме оставија сам – на кого би му било гајле за мене, сите се грижеа за ранетите – но јас и таму чувствував радост, радост што произлегува од жртвата, зашто мирот во мојата душа се раѓаше од мирот во душата на мојот ближен.
 

Преподобен Паисиј Светогорец

[1] Свештеноманах, проповедник од околината, се викал Бенедикт, па војничките другари на отецот, сакајќи да се пошегуваат, Старецот го викале „Бенедикт“.

Извор: Преспанско- пелагониска епархија



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3223
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7716
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная