логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

За многумина, ако не и за мнозинството православни христијани, постот се состои од ограничено количество формални, претежно негативни правила и прописи: воздржување од извесна храна, игранки, и можеби од кино. Ние сме оддалечени од  вистинскиот живот во Црквата во толкав степен што ни е речиси невозможно да разбереме дека во постот има нешто друго, нешто без кое што сите тие правила губат голем дел од својата смисла. Тоа „нешто друго“ може пред сé да биде определено како некаква атмосфера, настроеност, како состојба на духот, умот и душата којашто во текот на седум недели го проникнува сиот наш живот. Треба уште еднаш да се подвлече дека целта на постот не се состои во тоа тој да нè принуди на некакви формални обврски, туку во тоа да го омекне нашето срце, така што тоа би се отворило за духовната реалност и би ја доживеало скриената глад и жед за заедништво со Бога.

smeman.jpg

Таа посна атмосфера, таа единствена состојба на духот се создава пред сé преку богослужбите, преку различните литургиски промени коишто се воведуваат во литургискиот живот. Ако овие промени се разгледуваат одвоено, може да се добие впечаток дека се формално накалемени, но ако се сфатат како целина тие ни ја откриваат и ни ја соопштуваат самата суштина на постот, ни овозможуваат да ја видиме и да ја почувствуваме таа  „радосна тага“, којашто претставува вистинска порака и вистински дар на постот. Би можело, без претерување, да се рече дека светите отци и светите писатели кои што ги составиле стихирите на Посниот Триод, кои што малку по малку, ја организирале општата структура на посните служби и коишто и ја придале на Преждеосвештената литургија таа особена нејзина убавина, имале единствено разбирање на човековата душа. Тие, навистина, ја знаеле уметноста на покајанието и секоја година, за време на постот, му ја даваат на секој што има уши да слушне и што има очи да ја види.

 


Како што веќе реков, таа „радосна тага“ е општ впечаток, и убеден сум дека секој човек што влегува во црквата за време на великопосната служба, па дури и оној што има ограничени познавања за богослужбите, ќе може веднаш да сфати што значи овој противречен исказ. Од една страна службата е проникната со некаква тивка тага: одеждите се темни, службите се подолги отколку обично, по монотони и речиси без движења. Читањата и пеењата се менуваат и речиси како ништо да не се „случува“. Во одредени интервали свештеникот излегува од олтарот и секогаш ја чита истата кратка молитва, а по секоја молитвена прозба сите што присуствуваат на богослужбата прават земен поклон. Така, ние долго стоиме во тоа молитвено еднообразие, во оваа тивка тага.
Но, потоа почнуваме да осознаваме дека оваа долга и еднообразна служба е потребна за да можеме да ја почувствуваме тајната и отпрвин незабележителното дејство на богослужбата врз нашето срце. Малку по малку, ние почнуваме да разбираме, или подобро речено, да чувствуваме дека оваа тага е навистина радосна и дека некоја таинствена преобразба почнува да дејствува во нас. Ни се чини дека доаѓаме на некое место до кое што не допира вревата на улицата и на животот и на сето она што обично ги исполнува нашите денови и ноќи, на местото каде што сета таа суета нема власт над нас. Сето она што ни изгледало толку многу важно и кое што ги исполнувало нашите души, таа состојба на растревоженост која што станала наша втора природа, почнува да исчезнува и ние почнуваме да вкусуваме ослободување, да чувствуваме леснотија и среќа. Тоа не е бучна и површна среќа која што доаѓа и си заминува по дваесет пати на ден и која што е крајно кршлива и минлива; тоа е среќа која што не произлегува од една определена причина туку од тоа што нашата душа, според зборовите на Достоевски, се докоснала до еден „друг свет“, се допрела до она што е полно со светлина, со мир, со радост и со неизгаслива надеж. Тогаш сфаќаме зошто службите биле толку долги и наизглед монотони. Сфаќаме дека од вообичаената состојба на нашата душа, оптоварена со суета, брзања и грижи, е речиси невозможно да се премине во тој мир, доколку претходно не „умреме“, доколку не воспоставиме во себе внатрешна постојаност. Ете зошто оние што размислуваат за црковните служби само како за некакви обврски и кои што секогаш прашуваат само за неопходниот минимум (колку често треба да одиме во црква? Колку често треба да се молиме?), никогаш нема да можат да го разберат вистинското значење на богослужбите кои што нé воведуваат во „друг свет“ - светот на Божјата присутност, но не наеднаш туку полека, поради нашата падната природа која што ја загуби способноста природно да влегува во тој „друг свет“.

Кога го вкусуваме тоа таинствено ослободување и таа леснотија и мир, таговната едноличност на богослужбите добива нова смисла - се преобразува. Таа е осветена со внатрешна убавина, како со ран сончев зрак којшто почнува да ги осветлува врвовите на горите, кога долините се сеуште темни. Таа светлост и таа скриена радост истекуваат од честото пеење „Алилуја“, од општата настроеност на великопосните богослужби. Тоа што најпрвин ни се чинело еднообразно, сега се преобразува во мир; тоа што најпрвин звучело тажно, сега се восприема како првоначално движење на душата која што се враќа кон загубените длабочини. Еве што ни возвестува секое утро првиот стих од великопосното „Алилуја“:Од ноќта утренува мојот дух кон Тебе, Боже, зашто Твоите заповеди се светлина.„Таговна радост“, тагата на моето прогонство, на расипаниот живот, светлината на Божјото присуство и простување, радост од родената љубов кон Бога и мир од враќањето во Домот на Отецот. Таква е настроеноста на великопосната богослужба, таков е нејзиниот прв допир со мојата душа.

Извор: Бигорски манастир

27-ми февруари 2017 лето Господово

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3221
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7715
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная