логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Неговиот акростих е ваков: На радоста пристаниште, единствено Тебе секоја радост Ти прилега!
Творение Јосифово, глас 4:

Песна 1
ирмос: Ќе ја отворам устата моја, и таа со Дух ќе се исполни, и слово ќе ѝ прословам на Царицата Мајка, силно ќе торжествувам, и ќе воспеам радувајќи им се на чудеста Нејзини.
Тебе, Христова Книго одухотворена, од Духот утврдена, Чиста, гледајќи Те великоит Архангел возглагола: радувај се, на радоста пристаниште, заради Која прамајчинскта клетва се разреши.
Адамово обновување, радувај се, Дево Богоневесто, адско усмртување, радувај се, Сенепорочна, палато на Царот на сè: Радувај се, престолу огнен на Седржителот.
слава: Цвету несовенлив, радувај се, единствена расцветана Јаболкнице благомирисна: радувај се, Ти Која благомирисот го роди – Царот Единствен: радувај се, Неискусобрачна, спасение на светот.
и ниње: Ризницо на чистота, радувај се, заради Која од падот наш станавме: радувај се, слаткомирисен крину, Владичице, кој на верните им мириса, - Ти кадило благоухано и миро скапоцено.
Песна 3:
ирмос: Песнословците Твои, Богородице, жив и неисцрпен извору, во собор духовен утврди ги, и во божествената слава Твоја со венци на слава удостој ги.
Ти Која Класот Божествен Го подигна, нива неорана остана: радувај се, трпезо продуховена, Која Лебот животен во себе Го смести: радувај се, непресушен извору на вода животна, Владичице.
Јунице, Која непорочниот Јунец за верните Го роди, радувај се: радувај се Агнице, агнецот Божји што Го роди, Кој гревот сесветски на Себе го зеде, радувај се, очистилиште топло.
слава: Радувај се единствено, најсветло утро кое Христа како сонце Го носиш: живеалиште на светлината, радувај се, Ти Која мракот го урна и мрачните бесови сосем ги одгна.
и ниње: Радувај се, единствена порто, низ која Словото дојде и горницата и вратата адска, Владичице со рождеството Твое ги скрши, радувај се, Божествена врато на спасените, Богоневесто.
Песна 4:
ирмос: Седејќи во слава на Престолот Божествен, во облаци лесни, со нетлени стапки дојде Иисус Пребожествениот, и ги спаси оние што воспеваат: Слава ѝ, Христе, на Силата Твоја!
Со глас пеачки, Дево, Тебе Ти пеам, Севоспеана: радувај се, горо густа и богата со Дух: радувај се, свеќнику и стомно полна со манна, која сетилата на благочестивите ги блажи.
Очистилиште на светот, радувај се, Пречиста Владичице: радувај се, лествице Која од земјатасите благодатно ги возвишуваш: радувај се, мосту кој ваистина од смрт кон живот ги преведува, сите кои Те воспеваат.
Ти Која небесата ги надвисуваш, радувај се, на земјата темел си ѝ: утробата Твоја, Пречиста, небремено носи: радувај се, порфиро со царска свила, трновиот венец Божествен со крвта Твоја се натопи.
слава: Ти Која вистинскиот Законодавец го роди, Кој бесплатно секое беззаконие го очисти, радувај се, Владичице; недомислива длабочино, височино неизречена, Неискусобрачна, со Која се возбоживме.
и ниње: На Тебе, Која неракоплетениот Венец Го исплете за светот, Ти песнословам воскликнувајќи: радувај се, Дево, на сè сохранилиште и засолниште, укрепување и свештено прибежиште!


Песна 5:
ирмос
: Се ужаснаа сите од Божествената слава Твоја, зашто Ти, Неискусобрачна Дево, во утробата Своја Го имаше Бога на сè; и Го роди безлетниот Син, мир давајќи им на сите што Те воспеваат.
Радувај се, Пренепорочна, Ти Која Патот на животот Го роди, Кој светот го спаси од потопот гревовен: радувај се, Богоневесто, слишание и глагол страшен: радувај се, во Тебе Владиката на сета твар престојуваше!
Радувај се, Пречиста, крепост и засолниште човечко, место на слава сесвета, на адот умртвување, пресветла брачна одајо: радувај се, радост на ангелите: радувај се, Помошничке на оние што верно Ти се молат.
Радувај се, Владичице, огнообразна колеснице на Словото, духотворен рају, среде кој расте дрвото Господово на животот: чија сладост ги оживотворува оние кои со вера се причестуваат, и кои на пропадливоста ѝ се покорени.
слава: Со силата Твоја осилени, верно Ти воспеваме: радувај се, крепост на сите цареви: Ти преславна и милозвучна, за која торжествено се зборува: горо непосечива, радувај се, длабочино безмерна!
и ниње: Радувај се, Пречиста, пространо селение на Словото, сосаду кој Бисерот Божествен Го произведе: радувај се, со Бога надумно помирување, на сите кои секогаш Те блаженствуваат, Богородице.


Песна 6:
ирмос: Овој Божествен и сечесен празник празнувајќи го, богомудри на Богомајката со раце да ѝ заплескаме: Од неа родениот Бог Го славиме!
Чертогу нескверен на Словото, извору на сечие возбожение, радувај се, Пречиста, на пророците поука, радувај се, на апостолите удобрение.
Од Тебе роса зароси, гасејќи го пламенот многубожечки: затоа Ти воспеваме: радувај се, руно одухотворено, кого Гедеон, Дево, го предвиде.
слава: Еве Тебе, Дево, Те повикувам, пристаниште биди ни нам расколебаните, и затишје на беспаќата бурни, и штит од секоја соблазна.
и ниње: Извору на секоја радост, облагодати ја помислата наша, да ти повикуваме: радувај се, капино несогорлива, облаку пресветол, кој верните непрестано ги осенува.


Песна 7:
ирмос: Не ѝ послужија на тварта, богомудрите, како на Створителот: туку огнената закана мажествено ја сотреа, и радувајќи се пееја: Превоспеан од отците Господи и Боже, благословен Си!
Те воспеваме повикувајќи: Радувај се, колеснице на Сонцето Духовно, лозо вистинита, зрелиот Грозд што Го подигна, Кој виноточи веселејќи ги душите на оние, кои со вера Те слават.
Ти Која лекарот на сите луѓе Го роди, радувај се, Богоневесто; Ти жезол таинствен, Цветот несвенлив што Го расцвета: Радувај се, Владичице, со радоста Твоја се исполнуваме и живот наследуваме.
Благогливите немоќни во јазикот се, Владичице, да Ти песнословат: зашто повисоко од Серафимите Си се вознела, раѓајќи го Царот, Христос: Него моли го, од секоја болест да нè избави сега, нас кои верно Ти се поклонуваме.
слава: Те фалат оние, кои на скончанието му се приближуваат, и со љубов Ти повикуваат: Радувај се, кондакиону во кој со прстот Отечки се напиша Словото, Чиста, Него моли Го, во книгата на животот да бидат напишани слугите Твои Богородице.
и ниње: Ти се молиме ние слугите Твои, и ги приклонуваме колената на срцата наши: приклони го увото Твое, Чиста, спас дај нѝ од бедата во која пропаднати сме постојано, и сочувај го народот Твој од секое демонско пленение, Богородице.
Песна 8:
ирмос: Отроците благочестиви во печката, рождеството Богородично ги спаси: тогаш ова собитие, целата вселена ја поттикна, Тебе да Ти пее: Воспејте ги делата Господови, и превозносете Го во сите векови!
Во утробата Своја Словото Го прими, Сеносителот во Себе Го носеше, и со млеко Го доеше Оној Кој вселената со манна ја храни, Чиста, Нему Му пееме: Воспејте ги делата Господови, и превозносете Го во сите векови!
Мојсеј во капината го позна великото таинство на рождеството Твое, отроците го изобразија ова откровение сред огнот стоејќи, и не согорувајќи, Нетлена, Света Дево: затоа Те воспеваме Тебе во сите векови.
Порано, со прелеста соголени, - сега во риза нетлена се облековме преку рождеството Твое: и во мрак гревовен ние втонатите, - светлина видовме, на Светлоста селение, Отроковице, затоа Те воспеваме Тебе во сите векови.
слава: Мртвите низ Тебе оживуваат, зашто Животот ипостасен Го роди: оние кои неми беа, благоглаголиви постануваат: прокажаните се очистуваат, болните се исцелуваат,множествата на бесовите поразени биваат: Дево – спасение човечко.
и ниње: ти Која на светот спасението му Го роди, со кое од земјата на висините вознесени биваме, радувај се, Себлагословена, Покрову и Сило, Тврдино и Крепост на оние кои пеат, Чиста: Воспејте ги делата Господови, и превозносете Го во сите векови!Песна 9:
ирмос: Секој земјороден со Духот просветен нека заигра: нека торжествува естеството на  бесплотните умови, почитувајќи го свештеното торжество на Богомајката, и нека воспева: Радувај се, себлажена Богородице, чиста Приснодево.
Радувај се! – Ти повикуваме ние верните, кои низ Тебе причастници во радоста присносушна постанавме: од напаст избави нè, и од варварско пленение, од секаква друга мака и од секое прегрешение, Отроковице, што ги напаѓа луѓето грешни.

Просветување и крепост наша Си, затоа Ти воспеваме: Радувај се, ѕвездо незалезна, Која на светот Великото Сонце му Го носи: радувај се, Едемот заклучен го отвори, Чиста: радувај се, сосаду, зашто Мирото неисцрпно Кое на Тебе излеано беше, Го прими.
Да застанеме благоговејно во Домот на нашиот Бог, и да повикаме: Радувај се, Владичице на светот: Радувај се, Марие, Господарке наша: радувај се, единствена непорочна и добра меѓу жените: радувај се, столбу огнен, кој човештвото кон возвишен живот го водиш.
слава: Гулабице, Која Милостивиот Го роди, радувај се, Приснодево; на сите преподобни похвало, радувај се, на страдалниците овенчание: радувај се, на праведниците божествено удобрение, - и на нас верните спасение.
и ниње: Поштеди го, Боже, наследството Твое и сите наши гревови презри ги сега; имајќи ја за молителка Онаа, Која на земјата бессемено Те роди, и заради великата милост во која повела, Христе, во човечки образ да се облечеш.

Извор: Домострој

Подготви: Т.С.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

25/11/2024 - понеделник

Свети Јован Милостив; Светиот пророк Ахија; Преподобен Нил Синајски; Преподобен Нил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная