логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


Во петок, од неделата на палмовите гранчиња, се чита на Великото Повечерие овој канон посветен на Лазаревото воскресение:
Почеток во слава Божја на
КАНОНОТ на светиот отец наш Андреј Критски, Иерусалимски,
Стихотворение, глас 1:


Песна 1:
ирмос: Победна песна сите на Бога да Му запееме, Кој чудеса прекрасни  стори со мишката подигната; и Израилот го спаси, зашто се прослави.
припев: Слава Ти, Боже наш, слава Ти!
Четиридневно мртов, Лазара воскреснувајќи го, Спасе мој, пропадливоста наша со мишката подигната Си ја изменил, и како Сесилен Си ја покажал промислата Своја.
Повикувајќи го од гробот, Лазара Си го воскреснал: адот најдолен горко ридаше, и карпата трепереше, Спасе, од власта Твоја.
Си просолзил Господи над Лазара, покажувајќи го образот на грижата Твоја, и како што по естество Бог Си, така и по естеството наше, Човек Си постанал.
Плачот на Марта и Марија Си го смирил Господи, од мртвите Лазара воскреснувајќи го Спасе, покажувајќи го жив со промислата Твоја, оној кој мртов беше.
По законот на естеството човечко Си запрашал Владико: каде Лазар положен беше? покажувајќи ја на сите Спасе, вистинската кон нас грижа Твоја.
Оковите адски ги скрши, кога Лазара го повика, и крепоста на врагот ја стресе, и пред Крстот го покори, пред Тебе да трепери, единствен Спасе.
Кон Лазара, кој врзан и од адот пленет беше, Си поитал, и од оковите адски Си го разрешил: затоа сите, сесилен, кон Твоето повеление тежнееме.
слава:Отецот да Го прославиме, и Синот, и Духот, Троица Неразделна, по естество Единствена: и со ангелите Неа, како Единствен и Несоздаден Бог, да Ја славословиме.
и ниње, богородичен: Неизменето Си Го родила, Мајко и Дево, Создателот на естеството, Оној, Кој од Светиот Дух по благоволение на Отецот како нас постана, вон секаква промена или измена.
Песна 2:
ирмос: Почуј небо и ќе прозборам, и Христа ќе Го прославам, единствениот Човекољубец.
припев: Слава Ти, Боже наш, слава Ти!
Слава на Тебе Кој повика, и од гробот четиридневно мртвиот пријател Лазар го подигна.
Го слушна гласот Твој умрениот, и оживеан, од мртвите стана: Слава на Тебе Господи!
Заповеста на животоносниот глас Твој примајќи ја, Лазар, Спасе мој, од смрдливиот гроб стана.
Си просолзил над пријателот Спасе мој, уверувајќи нѐ, дека естеството наше на Себе Си го земал, и него Си го воскреснал.
Затрепери адот кога виде, дека оние, кои во смртен повој обвиткани беа, станаа од гласот што во живот ги повика.
Се ужаснаа племињата Еврејски, кога повикувајќи Спасе, со збор усмрдениот Лазар го воскресна.
Се стресоа селенијата адски, кога Лазар, кој мртов во нив беше, од гласот Твој оживеа.
Песна 3:
ирмос:Каменот, Кого Го отфрлија ѕидарите, глава од аголот постана. Тој е камен, врз Кого Христос Црквата ја утврди, од нежнабожците искупувајќи ја.
Чудо надумно и преславно: Создателот на сѐ, не од незнаење, а како да незнае прашуваше: каде лежи оној, кого го оплакувате? Каде е погребен Лазар, кого наскоро од мртвите вам ќе ви го воскреснам?
Каменот, со кого те затворија погребувајќи те, него Иисус повела да го подигне, и да те воскресне, возгласувајќи те: Лазаре стани, и при мене дојди, за од гласот твој, адот да се исплаши.
Марта и Марија Господи, ридајќи повикаа: ете, оној кого го љубеше, четиридневна смрдеа го обвива: да беше тука, не ќе умреше Лазар. Но како вечно нетрулежен, возгласувајќи го, од мртвите него го подигна.
Лиејќи над другарот солзи заради грижа, ја покажа плотта од нас земена, во суштината неизменет, Спасе, со Себе неа соединувајќи ја, и како човекољубив Бог, возгласувјќи го, од мртвите него го подигна.
Леле кутриот, ваистина сега погинав, - адот пискаше, и вака повикувајќи на смртта ѝ глаголаше: ете, Назареецот бездните ми ги затресе, и утробата моја парајќи ја, мртвиот без здив, повикувајќи го подигна.
Зошто безумие Еврејско? Зошто ли неверство? До кога туѓинци, до кога лажливци, умрениот, возгласен кај исходи го гледате, и на Христа не Му верувате?
Вистина синови на мракот сите сте!
слава:За Еден од Троица Тебе Те знам, иако воплотен Си: Еден Тебе и Те славам Сину воплотен, од Богородица бессемено роден, и на Отецот и Духот, Сину Единосуштен и сепрославен.
и ниње, богородичен: Чудесен и страшен образ на грижа, нелестивите пророци во Дева Богородица проѕреа: Која бессемено зачна, и нетлениот Бог Го роди, и по рождеството чиста останувајќи.


Песна 4:
ирмос:Сонцето се ужасна и месечината на патот свој застана, кога Ти, Кој долготрпелив Си, на дрвото се вознесе, и на него Црквата ја укрепи.
припев: Слава Ти, Боже наш, слава Ти!
Над Лазара солзи Си проронил Господи, покажувајќи дека Си Човек: и умрениот Си го подигнал Владико, на луѓето покажувајќи им, дека Си Син Божји.
Оној, кој без здив мртов лежеше го слушна повелението Твое: излези надвор Лазаре! – стана во повојот завиткан, и потскокнувајќи, Благи, крепоста Твоја ја објавуваше.
Плачот на Марта и Марија Си го смирил, Христе Боже, самовласно Лазара возгласувајќи го: Ти со повик го подигна, а тој Ти се поклони.
Просолзувајќи како човек над Лазара, како Бог него го подигна. Запраша: Каде е погребен четиридневниот? – објавувајќи го Благи вочовечувањето Твое.
Во знаменот на страданијата и во Крстот Твој сакајќи да не увериш, незаситната утроба адска ја раскина, и како Бог четиридневниот од мртвите го подигна.
Кој видел, и кој чул, дека човек во смрдеа мртовечка обвиен станува? Илија и Елисеј воскреснаа, но не од гроб, ниту четиридневно мртви.
Семоќта Твоја ја воспеваме Господи, ги воспеваме и страданијата Твои, Христе: зашто еднаш како Благоутробен чудодејствуваш, другпат пак, како човек со тага Си обземен.
Бог Си и Човек, Кој вистинотвори со твар и со слово: во тело при гробот пристапи Слове, и како Бог го подигна четириднeвниот.
Се ужаснаа Владико, племињата Еврејски, гледајќи како од гласот Твој повикан, мртвиот Лазар од гробот стана; и пак во непокорност останаа пред чудото Твое.
слава: Беспочетно блескаш од Отецот Твој, како Еден од Троицата Спасе, во времето од Духот и крвта девствена Си дошол, Ти Пресуштествен, тело земајќи.
и ниње, богородичен:Бессеменото зачнување, и рождество бестрасно и нетлено, на Богородица: обата Бог чудодејствено ги сотвори, снисходејќи, за со нас да се соедини.
Песна 5:
ирмос:Мирот Твој дај ни го Сине Божји, зашто освен Тебе друг бог не знаеме, и името Твое го призиваме, зашто Бог Си на живите и мртвите.
припев: Слава Ти, Боже наш, слава Ти!
Ти, Кој Живот Си, Господи, и Светлост вистинита, Лазара возгласувајќи го, Си го воскреснал: Силен во сѐ покажувајќи се, како Бог на живите и мртвите.
Од неиздржливото повеление Твое Иисусе, адот, кој мнозина во себе пороби, неиздржувајќи се исплаши, и четиридневниот Лазар од гласот Твој возгласен, жив а не мртов од себе го одлачи.
Како што во древноста со Духот правта земјена ја исполни, и калта со Дух животен ја оживеа, Слове, со словото Твое: така и сега со збор од тленост го воскресна, другарот Свој од адот најдолен.
На заповеста Твоја Господи, никој не може да ѝ се воспротивиː кога мртвиот Лазар го повика, овој стана иако без здив беше, и повој мртовечки носејќи, со нозете чекореше.
О, Јудејско безумие! О, помрачување душманско! Кој виде мртовец од гробот да станува? Илија во дамнина воскресна, но не од гроб, ниту четиридневен.
Непобедлив, Долготрпелив, заради сите нас како Бог благотворејќи, и како човек трпејќи: причесници на Царството Твое сите нас сотвори нѐ, по молитвите Лазареви.
слава: Пребезначална, Собезначална, Единочесна Троице, Оче Седржителу, и Сине, и Духу Свет, Единице Света и Триипостасна, спаси нѐ сите нас, кои од Адама до сега верно Те воспеваме.
и ниње, богородичен: Пречистата утроба Твоја се очисти, Чиста, кога тело од неа Пребожествениот прими, во Троица прославениот, на Отецот Слово, и со Духот Бог.
песна 6:
ирмос: Ме отфрли во глубината на утробата морска, но и од ропството на смртта ме спаси, Спасе, и од прангите на беззаконијата мои ме разреши.
припев: Слава Ти, Боже наш, слава Ти!


Запраша: Каде е? – Ти Кој сѐ знаеш, и просолзе Спасе, како човек по естество, подигајќи ме мене мртвиот со повелението Твое.
Ме повика Спасе, од адот најдолен, - повика Лазар кон Тебе, на адот Разрушителу, - и ме подигна мене мртвиот со повелението Твое.
Ме облече Спасе, во тело земјанородно, и со живот ме вдахнови, и светлоста Твоја ја видов, и ме подигна мене мртвиот со повелението Твое.
Го оживеа, беживотниот образ на плотта моја Спасе, и ме укрепи со коски и жили, и од мртвите ме подигна со повелението Твое.
Утробата адска, која сѐ проголтува, раскинувајќи ја, ме избави Спасе со промислата Твоја, и од мртвите ме подигна со повелението Твое.
Го зеде на Себе Спасе, целиот состав мој: и чиста ја сочува утробата пречиста, низ која се воплоти, Единосуштен во Троица останувајќи.
слава, троичен: Троице Света, го прославувам милосрдието Твое, и со ангелите трисвета песна Ти пеам: Смилувај се над душите, на нас, кои Те воспеваме.
и ниње, богородичен: Во пречистата утроба Твоја влезе Словото, сохранувајќи ја неа и по рождеството чиста, Богородице – чудо ваистина преславно!
Песна 7:
ирмос: До отроците Твои во вжарената печка, не се докосна огнот, ниту ги обзеде. Тогаш тројцата како со една уста пееја, и благословејќи Те глаголаа: Нека е благословен Бог на отците наши!
припев: Слава Ти, Боже наш, слава Ти!
Над мртвиот заплака, Спасе: на сите луѓе покажувајќи им дека иако Бог Си, заради нас човек Си постанал, и солзи пролеа, покажувајќи ни образ на љубов срдечна.
Кога четиридневниот Лазар, Спасе, од понорот гласот Твој го слушна, станувајќи Те воспеа, и радувајќи се вака запеа: Ти мој Бог и Создател Си, Тебе Ти се поклонувам, и Те воспевам Тебе Воскресителу мој!
Ако и во пранги окован сум, - повика Лазар од понорот кон Ослободителот, - никогаш во утробата адска не ќе останам, ако само ме повикаш: Лазаре, излези надвор! – зашто Ти си Светлост моја и Живот мој.
Те молам Лазаре, рече адот, стани, и излези брзо од занданите мои, и оди: поарно ми е по еден заточеник горко да ридам, одошто по сите, што во гладта своја ги проголтав.
О, што доцниш Лазаре, зборуваше адот, излези надвор – Другарот твој стои и те повикува: излези брзо, за и јас олеснување да примам, зашто откако тебе те проголтав, храна си ми, на блуење што ме тера.
Зошто не стануваш поскоро Лазаре, запраша од понорот адот ридајќи? Зошто не иташ кон Оној, Кој одовде те воскресна? За да не ми плени и други Христос, Кој тебе те воскресна.
Се прослави Владико Христе, чинејќи чуда многучислени; на слепите очите, на глувите ушите со збор им ги отвори, и другарот Твој Лазар од мртвите го подигна, како Бог возгласувајќи го.
слава, троичен: Троична песна да запееме, која Го слави Отецот Безначален, и Синот, и Духот Праведен, единствената Една Суштина, како Троица воспевана: Свет, Свет, Свет Си, Боже Троице!
и ниње, богородичен: Како Еден од Троица Те славиме Христе, Ти Кој од Дева се воплоти, и неизменливо сѐ човечко претрпе: и од естеството на Отецот не остапувајќи, Иисусе, со нас се соедини.
Песна 8:
ирмос: Небеса над небесата, и води кои небесата ги надвисувате, благословете Го, воспејте Го и превозносете Го Господа во сите векови!
припев: Слава Ти, Боже наш, слава Ти!
Творецот и Седржителот, по милосрдието Свое во Витанија дојде, Лазара да го подигне.
Со смрдеа четиридневна обземениот, и со повој мртовечки повиениот, од смрт бездихана во живот се поврати, возгласен од Тебе Господи.
Штом умрениот го виде, кај на гласот Твој станува, Христе, народот Јудејски силно се насрди.
Од секоја светлост помрачени Јудејци, зошто не му верувате на Лазаревото воскресение, кое Христово дело е?
Нека се радува Сион, и Живототворецот нека Го воспева, Кој со слово Лазара од гробот го воскресна!
Војските небесни, и сите земни родови Те прославија, кога Ти Спасе мој, Лазара го подигна.
слава: Со Отецот и Синот, Духот Го славословам, и без престан повикувајќи воспевам: Трисвет Господи, слава Ти!
и ниње, богородичен: Те благословам и Ти се поклонувам Тебе, од Дева Родениот, да не се оддалечам од престолот на светата слава Твоја.
Песна 9:
ирмос: Крепост создаде со десницата Своја, Бог Израилев: од престолот силниците понижувајќи ги, а смирените вознесувајќи ги. Нѐ посети и нас Истокот од височините, и нѐ исправи на патот на мирот.припев: Слава Ти, Боже наш, слава Ти!
Нека го воспева Витанија чудото со нас: зашто во неа Создателот просолзи по законот на естеството плотско, Лазара воскреснувајќи го, и солзите Мартини, и плачот Мариин во радост обраќајќи го, човекот од смртта го подигна.
Му верувам Слове, на воскресението Твое, со кое Лазара од гробот го повика, и како Бог го подигна, за да на луѓето им покажеш дека ваистина Бог и Човек Си, подигајќи го храмот на Телото Твое.
Портите и оковите железни ги стресе, и адот го исплаши со гласот Твој, та со него и смртта се ужасна, гледајќи како Лазар, Спасе, кој пленик им беше, од гласот Твој оживеа и вокресна.
Во ужас затреперија сите народи, Спасе, кога видоа како над мртвиот Лазар просолзе, и зборуваа: Види, колку силно го возљуби. А оној, кого Ти го возгласи, иако мртов беше, стана, и по заповедта Твоја пропадливоста ја остави.
Портите се стресоа, и оковите се скршија, и од гласот на силата Христова, прангите мртовечки попуштија, и адот горко ридаше, и воздивнувајќи повикуваше: Тешко мене, од кого и од каде е гласов, што мртвите ги оживува?
Стани оттука, гласот слушајќи го, зашто другарот твој надвор те повикува: Кој пред мртвите да ги воскресне, Илија го подигна, и Елисеј заедно со него: сето ова стана, преку Тој што глагола и дејствува.
Крепоста Твоја непобедива ја воспеваме, Слове: зашто коските умртвени и жилите со зборот Твој ги оживеа, како Создател на сѐ; и умрениот го воскресна Спасе од адот најдолен, како и синот на вдовицата, кој на одар положен беше.
слава: Троице Сесвета, Оче – безначален Боже, собезначален Сину – Слово Божествено, Утешителу благ – Свет Духу Божествен: Единствена и Трисолнечна Светлино, Суштино соестествена, Единствен Боже и Господи, милосрден биди кон светот.
и ниње, богородичен: Ти Кој сѐ во премудрост Си сотворил, Иисусе, и сиот во мене од Дева Си се облекол, непрестанувајќи во пазувите на Отецот да пребиваш: Светиот Дух Твој, Христе, на стадото Твое како Бог испраќајќи им Го, со Него осени нѐ.
потоа наместо Достојно,
ирмосот:Крепост создаде со десницата Своја, Бог Израилев: од престолот силниците понижувајќи ги, а смирените вознесувајќи ги. Нѐ посети и нас Истокот од височините, и нѐ исправи на патот на мирот.
Крај, и слава Му на Бога!

Извор: ДОМОСТРОЈ

Подготви: Т.С.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3227
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7719
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

28/12/2024 - сабота

Божикен пост (пост на масло)

+Светиот свештеномаченик Елевтериј; Свети Стефан Исповедник Сурожски; Преподобен Павле во Латра; Преподобен Пард Отшелник;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Глас 2Агее свети пророче, ти кој поведен беше, храмот Господов духовно да го осознаеш, оној кој човек не го гради,туку Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная