логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

На Полуноќница, на првото Трисвето, по Оче нашː тропар Христе Боже, утврдувајќи ја верата во општото воскресениеː На последното Трисвето, по Оче нашː кондак Христос е радост на ситеː Господи, помилујː (12-пати). И отпуст. Молитвитеː Спомни ги, Господиː не ги кажуваме.


На Утрена Бог Господː тропар, глас 1.
Христе Боже, утврдувајќи ја верата во општото воскресение, пред Твоето страдање го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и ние, како децата носејќи знаци на победа, Ти пееме Тебе, Победителу на смрттаː Осана во висините! Благословен е Оној што доаѓа во името на Господа (3-пати).
Потоа, стихословиеː Му рече Господ на мојот Господː
По прво стихословие, седален, глас 1.

Подобенː Иако каменот беше запечатенː
Сожалувајќи се на солзите на Марта и Марија, си заповедал да го тргнат каменот од гробот, Христе Боже; со Твојот повик го воскресна мртовецот, Ти Кој на светот му даваш живот, утврдувајќи ја со Себе верата во воскресението. Слава на Твојата сила, Спасителе; слава на власта Твоја, слава Ти Тебе, Кој со Својот збор си создал сѐ.
Слава, и сегаː исто.
Потоа ги читаме непорочните. И ги пееме тропарите воскресниː Благословен си Господиː Ангелскиот соборː И останатото, како што е обичај во недела, потоа седален глас 5.


Подобенː Собеспочетното Словоː
 Извору на премудрост и предзнаење, кога дојде во Витанија, оние што беа со Марта си ги прашалː Каде го положивте пријателот Лазар? Оној заради кого си просолзил, Милосрден, четиридневниот мртовец, си го воскреснал со Твојот глас, Човекољупче и Штедре, како Животодавец и Господ.


Слава, и сегаː исто. Потоа читаме Откако го видовме Христовото воскресениеː и псалм 50. Евангелие не читаме, освен во храм на свети Лазар.
Канони два, до шеста песна, творба на господин Теофанː потоа почнуваме четирипеснец. Првиот канон е со ирмоси на 8. Вториот – на 6. Глас 8.
Песна 1


Ирмосː Да Му пееме на Господа, Кој ги преведе луѓето низ Црвеното Море и Кој славно се прослави.
Лазара умрениот, со заповед божествена си го воскреснал, како Создател и ризница на живот, Човекољупче.
Со збор си го повикал четиридневниот Лазара, Бесмртен, откако со Своја моќ го разруши темното царство адово.
На сите им го покажа познанието на врвното Божество, кога од мртвите го воскресна четиридневниот Лазар, Владико.
Денес Витанија го навестува воскресението на Христа Животодавецот, ликувајќи со воскресението Лазарево.


Друг канон, творба на монахот Јован. Глас 8.
Ирмосː Откако ја мина водата како по суво и египетското зло го избегна, народот израилски викашеː На Избавителот и наш Бог да Му пееме.
Ти, Кој порано од ништо ги создаде сите твари и ги знаеш тајните на срцето, како Господ, на учениците им го претскажуваш Лазаревото заспивање.
Христе, Кој од Дева стана човек по природа, како човек праша каде го погребале Лазара, иако како Бог знаеше каде лежи.Слава: Утврдувајќи ја верата во Твоето воскресение, Слове, како од сон си го воскреснал саканиот, кој веќе беше смирисан – четиридневниот мртовец од гробот.


И сега: Богородичен: Чиновите ангелски и човечки те слават непрестајно, Мајко безневесна, зашто нив нивниот Создател, како младенец, си Го носела во твоите прегратки.
Катавасија: Откако ја мина водата како по суво и египетското зло го избегна, народот израилски викаше: На Избавителот и наш Бог да  Му пееме.


Песна 3
Ирмос: Ти си тврдина на оние што приоѓаат кон Тебе, Господи, Ти Си Светлина на помрачените и духот мој Те воспева.
Покажувајќи ги Твоите две дејства, Спасителе, си ги покажал и двете природи: зашто Ти си и Бог и човек.
Ти, Кој си бездна на разум, прашуваше: Каде е положен мртовецот? Сакајќи да го воскреснеш, Животодавче, оној што лежеше.
Ти, Кој ги минуваш местата, како човек си станал опислив, Кој исполнуваш сѐ, како Бог неопислив.
Со Твојот божествен збор си го воскреснал Лазара: и мене, умрениот поради многуте гревови, се молам, воскресни ме.
Друг канон. Ирмос: Господи, Творецу на небесниот круг, и на Црквата Градтелу, Ти мене утврди ме во Твојата љубов, посакуван крају, тврдино на верните, единствен Човекољупче.


Кога во Витанија застана пред гробот на Лазара, Чудотворче, Господи, си просолзил според законот на природата, уверувајќи нѐ дека си примил тело, Исусе Боже мој.
Покажувајќи ја Твојата моќ, Спасителе, го прекрати плачот на Марта и Марија, зашто Ти си воскресение и живот, и вистина, како што си рекол, и Господ на сите.
Слава: Саканиот и завиткан во крпи Лазар, си го избавил од мрачниот ад, Господи, откако со Твојот семоќен збор ги скрши резињата и царството на смртта го уништи.


И сега: Си се вселил во Дева плотски, Господи, им се јави на луѓето кога дојде време да бидеш виден, и си ја покажал вистинска Богородица и на верните помошница, единствен Човекољупче.
Катавасија: Господи, Творецу на небесниот круг, и на Црквата Градителу, Ти мене утврди ме во Твојата љубов, посакуван крају, тврдино на верните, единствен Човекољупче.
Седален, глас 4.
Подобен: Јосиф се зачуди:
Пред Христа застанаа заедно сестрите Лазареви и, леејќи солзи и плачејќи, Му рекоа: Господи, Лазар умре. Но Тој, како Бог, иако знаеше каде е погребан, како човек запраша: Каде го положивте? И, кога пристапи кон гробот, го повика четиридневниот Лазар. А тој веднаш стана и Му се клањаше на Оној што го воскресна.
Слава, и сега: глас 8.
Подобен: Слово на премудроста:
Ти, Кој што како Творец однапред знаеш сѐ, на твоите ученици си им претскажал: Нашиот пријател Лазар денес заспа. Па, иако знаеше, си прашал: Каде го положивте? И, откако просолзи како човек, Му се помоли на Отецот. Затоа, откако го повика, го воскресна четиридневниот Лазар што го љубеше. Затоа Ти викаме: Прими ги, Христе Боже, оние што се осмелуваат да ти принесат похвала и удостој ги сите за Твојата слава.
Песна 4
Ирмос: Ја слушнав, Господи, тајната на Твојата промисла; ги разбрав делата Твои и го прославив Твоето божество.
Ти, Кој немаше потреба од помошник, туку ја извршуваше неискажливата промисла, Сесилен, си го воскреснал четиридневниот мртовец.
Совечното на Отецот Слово и Бог, Кој ги прима молитвите на сите, сега како човек се моли.
Гласот Твој, Спасителе, ја разруши  сета сила на смртта и темелите на адот се разнишаа со Твојата сила божествена.
Богородичен: Да ја воспееме Дева, зашто и по раѓањето остана девојка и Го роди Христа Бога, Кој го избави светот од измамата.

Друг канон. Ирмос: Ти си моја крепост, Господи, Ти си моја и сила. Ти си мој Бог и радост моја. Без да ги оставиш прегратките на Отецот, ја посети нашата сиромаштија. Затоа со пророк Авакум Ти викам: Слава ѝ на Твојата сила, Човекољупче!
Човекот, кој веќе четири дена се распаѓаше, како пастир, Христе, си го избавил од лутиот и ненаситен волк, Создателу, пројајувајќи ја со тоа, како сесилен и Господ, силата и славата на Твоето тридневно воскресение.
Оние што беа со Марта, Христе, гледајќи Те Тебе – Животот, викаа: Ако Ти беше овде Господи, Светлино и Живот на сите, Лазар немаше да умре. Но Ти, Човекољупче, Кој си живот на умрените, плачот нивни во радост го претвори.
Слава: Од Тебе – Изворот, Господи, се плашат бездните, Тебе Ти служат сите води; од Тебе треперат, Христе, вратите адови и, со Твојата моќ, се рушат резињата, кога на Твојот глас воскресна Лазар од мртвите, Сесилен Спасе, Човекољупче.

Богородичен: Ти си ми похвала на верните, Безневесна, Ти си ми застапништво, ти си прибежиште на христијаните, зашто кон Твојот Син принесуваш молитви, Сенепорочна, и ги спасуваш од неволи оние што со вера и љубов те знаат за Чиста Богородица.

Катавасија: Ти си моја крепост, Господи, Ти си моја и сила. Ти си мој Бог и радост моја. Без да ги оставиш прегратките на Отецот, ја посети нашата сиромаштија. Затоа со пророк Авакум Ти викам: Слава ѝ на Твојата сила, Човекољупче!Песна 5

Ирмос: Зошто ме отфрли од Твоето лице, Светлино незаодна, и мене бедниот ме покри необична темнина! Но се молам, обрати ме и, кон светлината на Твоите заповеди, патиштата мои насочи ги.
Кога застана пред гробот на Лазара, Човекољупче, си го повикал него и живот си му дал, бидејќи си Живот бесмртен на сите луѓе, како Бог предобразувајќи го идното воскресение.
Чудо над чудата! Лазар одеше со врзани нозе, зашто Христос, Кој му даваше сила, е посилен од секоја пречка. На Неговиот збор му служат сите, како на Бог и Господар.
Христе, Кој го подигна четиридневниот веќе смирисан Лазар, подигни ме и мене сега, умртвен од моите гревови, и положен во јама и во темна смртна сенка и, како Милостив, избави ме, и спаси ме.

Ист ирмос.
Имајќи иста слава со Отецот, долготрпелив Господи, се молеше уверувајќи го народот што стоеше пред Тебе, и благодарност на Твојот Отец принесувајќи Му, со Твојата заповед го воскресна Лазара.
Колку е силен гласот што Го проповеда Бога и божествената сила на Твојата моќ, Спасителе, со која ги скрши вратите адови на смртта ненаситна! Но избави ме од страстите мои како порано Лазара – Твојот четиридневен пријател.

Слава: По молитвите на Лазара, Марта и Марија, удостој нѐ да ги видиме крстот и страдањата Твои, Господи, и да бидеме носители на светлината и цареви на денот на Твоето воскресение, Човекољупче.

И сега: Богородичен: Имајќи смелост на Мајка пред твојот Син, Пречиста, не отфрлај ја твојата грижа и за нас, се молиме, зашто за нас христијаните ти си единствената благопријатна молитвеница пред Господа.

Катавасија: Зошто ме отфрли од Твоето лице, Светлино незаодна, и мене бедниот ме покри необична темнина! Но се молам, обрати ме и, кон светлината на Твоите заповеди, патиштата мои насочи ги.
Одовде почнува четирипеснец на господин Козма. Ирмоси по двапати, тропари на 12.
Песна 6
Ирмос: Ти Самиот го всели Јона во китот, Господи! И мене, врзаниот во мрежите непријателски, како него, од гибелта спаси ме.
Господи, Тебе љубовта Те одведе во Витанија при Лазара, и него, веќе смирисаниот, си го воскреснал како Бог и си го спасил од веригите адови.
Марта ја губеше надежта за Лазара, зашто беше веќе четири дена, но Христос, како Бог, со збор го воскресна умрениот и му го врати животот.
Друг канон на монахот Јован, Глас исти.

Ирмос: Очисти ме, Спасе, од многуте мои беззконија и, се молам, од бездната на злото изведи ме. Кон Тебе повикав, и услиши ме, Боже на моето спасение.
Како Бог, Ти знаеше за Лазаревото заспивање, и тоа си им го предвестил на Твоите ученици, утврдувајќи ја нивната вера во неизмерната сила на Твоето божество.
Господи, Кој си неограничен по природа, како човек дојде во Витанија и просолзи над Лазара, сакајќи како Бог да го воскреснеш четиридневниот.

Катавасија: Очисти ме, Спасе, од многуте мои беззконија и, се молам, од бездната на злото изведи ме. Кон Тебе повикав, и услиши ме, Боже на моето спасение.

Кондак, глас 2.
Подобен: Барајќи ги горните:
Христос е радост на сите, вистина, светлина, живот и воскресение на светот, Кој со Својата добрина им се јави на луѓето и стана образец за воскресение, на сите давајќи им божествено проштевање.
Икос: Создателот на сите им предвести на Учениците, велејќи: Браќа и знаени, нашиот пријател заспа, - со тоа предвестувајќи и учејќи дека знаеш сѐ, како Создател на сите. Затоа да отидеме и да го видиме необичното погребение и Марииното редење, и Лазаревиот гроб ќе го видиме, оти таму сакам да направам чудо, правејќи почеток на крстот и на сите давајќи им прошка божествена.


СИНАКСАР
Стихови:
Иисусе, Ти плачеш како смртен човек,
Но, како Бог, Ти го воскреснуваш својот пријател.
Во тој ден го празнуваме воскреснувањето на светиот и праведен пријател Христов четвородневниот Лазар. Тој беше Евреин по потекло и припаѓаше на сектата фарисеи и син, како што некаде стои, на некој фарисеј по име Симон, од селото Витанија. Додека нашиот Господ Исус Христос одеше по земјата заради спасение на нашиот род, Он се спријатели со Симона. Бидејќи Христос често разговараше со Симона, зашто овој, последниов, високо го ценеше учењето за воскресението на мртвите, и Он често влегуваше во неговиот дом, Лазар стана негов близок пријател; и не само тој, туку и неговите две сестри Марта и Марија. Бидејќи веќе наближуваше спасителното страдање, требаше да се даде посигурно уверување во тајната на воскресението. Исус престојуваше од другата страна на Јордан, каде што најнапред ги воскресна Јаировата ќерка и синот на вдовицата. Погоден од тешка болест, умре и Неговиот пријател Лазар. Исус беше далеку, но им рече на своите ученици: „Лазар, нашиот пријател заспа” и, по малку време, додаде: „Лазар умре”. Откако го остави Јордан, дојде во Витанија, замолен од неговите сестри. Витанија се наоѓа на пет стадии од Ерусалим. Сестрите Лазареви Го пресретнаа, велејќи: „Господи, да беше Ти овде, нашиот брат немаше да умре, но и сега, ако сакаш, ќе го воскреснеш, бидејќи можеш”. Исус го праша народот: „Каде го положивте?” И веднаш го одведоа кај гробот. И, кога го тргнаа каменот, Марта рече: „Господи, веќе мириса (смрди), бидејќи веќе има четири дена.” Тогаш Исус, откако се помоли и пролеа солзи над него, викна со силен глас: „Лазаре, излези надвор!” И веднаш мртвиот излезе, го одврзаа и си отиде во својот дом. Ова необично чудо предизвика завист кај оние Евреи кои негодуваа против Исуса. Исус пак се склони оттаму. Првосвештениците помислуваа да го убијат дури и Лазара, бидејќи мнозина, гледајќи го, приоѓаа кон Христа. Но тој, кога ги разбра нивните планови, побегна на островот Кипар, каде што престојуваше. Подоцна апостолите го поставија за епископ на градот Китеј. Откако таму поживеа добро и богоугодно, триесет години по неговото воскреснување, пак умре и беше погребан таму, правејќи бројни чудеса. Се вели дека по неговото оживување (воскресение) тој не јадеше ништо друго освен благо, и дека Пречистата Мајка Божја му го подарила својот омофор што го направила со своите сопствени раце. Неговите чесни и свети мошти, пронајдени таму благодарејќи на едно божествено видение, премудриот цар Лав ги пренесе во Константинопол, во црквата што тој ја изградил во негова чест, и чесно и свечено ги положил во десната страна од црквата на влезот од храмот крај ѕидот спроти олтарот. Неговите свети мошти и сега се наогаат таму, испуштајќи некаква неискажливо пријатна миризба. Овој ден е определен да се празнува неговото воскресение, бидејќи светите и богоносни отци, како и светите апостоли, сметајќи дека светите страдања на Господ наш Исус Христос треба да се поместат по четириеседневниот пост за наше очистување, и затоа што сметаа дека ова чудо беше почетокот и причината на јудејскиот бес против Христа, затоа и ова натприродно чудо е поместено овде. Евангелистот Јован е единствениот кој пишува за овој настан; другите евангелисти се воздржуваат од тоа, најверојатно затоа што Лазар бил сè уште жив и видлив. Се вели дека ова последно евангелие е напишано заради него и дека другите евангелисти не рекле ништо за беспочетното раѓање на Христа. Бидејќи се бараше да се има уверување во тоа дека Христос е Син Божји и Бог, и дека воскресна, и дека ќе има воскресение на мртвите; а со воскресението на Лазара е многу полесно во тоа да се верува. Меѓутоа ништо не е кажано за престојот на Лазара во адот, или затоа што не му било дадено да види точно што има таму или, откако ги видел, добил заповед да молчи за тоа. Оттогаш и секој човек што умира е наречен „Лазар”, а гробната облека се именува „лазарома”, за спомен на првиот Лазар. Бидејќи, ако тој воскресна по зборот Христов и пак оживеа, така и оној што ќе умре сега, откако ќе воскресне при звукот на последната труба, ќе живее вечно.
По молитвите на Твојот пријател Лазар, Христе Боже, помилуј нè и нас. Амин.


Песна 7
Ирмос: Еврејските момчиња во печката пламенот го изгаснаа и огнот во роса го претворија, викајќи: Благословен си, Господи Боже, во вековите.
Откако просолзи како човек, Штедре, како Бог си го воскреснал во гробот Лазара кој, ослободен од адот, викаше: Благословен си, Господи Боже, во вековите.
Лазар излезе, завиткан во повои, откако со зборот Господов ја избегна бездната на адот и мракот, викајќи: Благословен си, Господи Боже, во вековите.
Друг канон. Ирмос: Младите момчиња, од Јудеја во Вавилон некогаш дојдени, со вера во Света Троица, пламенот во печката го изгаснаа, пеејќи: Боже на татковците, благословен си.
Откако просолзи над Твојот пријател, Мартините солзи, Штедре, си ги прекратил и, со доброволното страдање, од лицето на Твоите луѓе секаква солза си избришал: Боже на татковците наши, благословен си.
Ризницо на живот, Спасителе, мртвиот како од сон си го кренал и, откако со збор утробата адова си ја раскинал, си го воскреснал оној што пее: Боже на татковците наши, благословен си.
Мртовецот смирисан, со повои врзан, си го кренал, Владико! И мене, врзаниот со синџирите на гревот, крени ме да Ти пеам: Боже на татковците наши, благсловен си.
Катавсија: Младите момчиња, од Јудеја во Вавилон некогаш дојдени, со вера во Света Троица, пламенот во печката го изгаснаа, пеејќи: Боже на татковците, благословен си.
Песна 8
Ирмос: Додека безброен народ, при звукот од музика и разни инструменти, се поклонуваше на златната статуа, трите момчиња, одбивајќи да ѝ се поклонат, Го воспеваа и славеа Господа, во сите векови.
Како пастир што оди да го бара своето јагне, за да го спаси од лутиот волк, Ти го избави од гробот оној што Ти пее: Пејте Му (на Бога) и превозносете Го во сите векови.
Како човек, ти го побара гробот, а како Создател, со Твојата заповед владична, си го воскреснал од адот мртовецот, кој ти пее: Пејте Му (на Бога) и превозносете Го во сите векови.
Друг канон. Ирмос: Царот небесен, Кого што Го воспеваат војските ангелски, фалете Го и превознесете Го во сите векови.
Како човек прашуваш, а како Бог со збор го воскреснуваш четиридневниот (Лазар). Затоа Ти пееме и Те превозносиме во сите векови.
Тебе Владико, Марија набожно и како што прилега, Ти принесува миро, воспевајќи Те во сите векови.
Како човек Го призиваш Отецот, а како Бог го воскреснуваш Лазара. Затоа Ти пееме, Христе, во вековите.
Го фалиме, Го благословуваме:
Катавасија: Царот небесен, Кого што Го воспеваат војските ангелски, фалете Го и превознесете Го во сите векови.
Почесна од херувимите: не се пее.
Песна 9
Ирмос: Да ја прославиме, луѓе, Пречистата Богородица, која во својата утроба го прими огнот на Божеството, и со песни да ја величаме.
Кога народот го виде четиридневниот мртовец како оди, од чудото беа восхитени и на Избавителот Му викаа: Боже, со песни Те величаме.
Утврдувајќи ја верата во славното Твое воскресение, Мој Спасителе, од адот го ослободуваш четиридневниот Лазар, кој со песни Те велича.
Друг канон. Ирмос: Ние, спасените преку тебе, Дево Чиста, навистина те исповедаме за Богородица, со бесплотните хорови величајќи те.
Почитувајќи Го Твојот Отец без противење, молитва принесуваш, Христе, пред да го воскреснеш Лазара четиридневниот.
Од гробот го подигнуваш Лазара четиридневниот, Христе, покажувајќи го како вистински сведок на тридневното Твое воскресение.
Ти одиш, и солзиш, и проповедаш, Спасе мој, покажувајќи дека си вистински човек; покажувајќи го, пак, Твоето божество, го воскреснуваш Лазара.
Спасителу мој и Господи, доброволно и неискажливо си го извршил моето спасение, според двете Твои природи.
Катавасија: Ние, спасените преку тебе, Дево Чиста, навистина те исповедаме за Богородица, со бесплотните хорови величајќи те.
Потоа на глас 1: Свет е Господ, нашиот Бог: (3-пати)
Егзапостилар, самогласен.
Со Твојот збор, Слово Божјо, сега Лазар се радува и животот повторно го продолжува, а народот, Сесилен, со гранчиња Те поздравува, зашто со Твојата смрт, адот конечно го разурна (2-пати).
Слава, и сега: друг. Подобен.
Христос, преку Лазара, о смрт, веќе те разурнува, и каде е, аду, твојата победа? Плачот на Витанија го носиш Ти засега. Сите ние да Му принесеме гранчиња на победа.
На хвалитни земаме 8 стиха, и пееме стихири самогласни, глас 1.
Стих: Да го извршат над нив напишаниот суд. Тоа ќе биде славата за сите Негови светии.
Христе, Кој си воскресение и живот на луѓето, си застанал пред гробот на Лазара, утврдувајќи ни ја верата во Твоите две природи, Долготрпливе, дека си дошол од Пречиста Дева, како Бог и човек. Оти, како човек си прашал: Каде го погребавте? А како Бог си го воскреснал четиридневниот, со Твојата заповед живоносна.


Лазара, умрениот пред четири дена, си го воскреснал од адот, Христе, пред Твојата смрт скршувајќи ја моќта на смртта и, преку Твојот пријател, на сите луѓе им го навести однапред ослободувањето од гнилежот. Затоа, поклонувајќи се на Твојата власт, сесилен, викаме: Благословен си, Спасителе, помилуј нѐ.
Марта и Марија Му рекоа на Спасителот: Ако Ти беше овде, Господи, Лазар немаше да умре! А Христос, Кој е воскресение на умрените, го воскресна него, кој беше мртов веќе четири дена. Затоа, дојдете сите верни, да му се поклониме Нему, Кој доаѓа во слава да ги спаси душите наши.
Давајќи им на Твоите ученици знаци на Твоето Божество, Христе, во народот си се смирувал, сакајќи тоа да го затаиш. Затоа, како Бог Кој знае сѐ, на апостолите си им ја претскажал смртта Лазарева. А во Витанија, пред присутниот народ, иако знаеше каде е гробот на Твојот пријател, како човек си прашал каде е. Но оној што го воскресна Ти по четири дена, ја објави Твојата моќ божествена: Сесилен Господи, слава Ти.
Глас 4: Си го воскреснал по четири дена Твојот пријател, Христе, и плачот на Марта и Марија си го прекратил, покажувајќи им на сите дека си Ти Оној што извршува сѐ со Својата божествен сила, самоволно, Кому херувимите Му пеат непрестајно: Осана во висините, благословен си, Боже над сите, слава ти.
Марта ѝ викаше на Марија: Учителот е тука и Тој те вика, дојди. А таа побрза кон местото каде што беше Господ и, кога Го виде, повика; кога падна, се поклони и, целивајќи ги Твоите нозе, говореше: Господи, ако Ти беше овде, нашиот брат немаше да умре.
Глас 8: Стих: Воскресни Господи, Боже мој, нека се вознесе раката Твоја:
Лазара, умрениот во Витанија, си го воскреснал по четири дена. Штом дојде пред гробот, гласот му даде живот на умрениот. Адот, пак, од страв затрепери, и го отпушти. Големо е чудото, многумилостив Господи, слава Ти.
Стих: Те признавам, Господи, со сето срце мое:
Кога ѝ рече на Марта: Јас сум воскресение, - Твоите зборови и на дело ги потврди, Господи, кога од адот го повика Лазара: И мене, умртвениот од страстите, Човекољупче, како сострадален, се молам, воскресни ме.
Слава: глас 2: Денес се изврши големо и преславно чудо, зашто Христос од гробот го воскресна четиридневниот мртовец, откако го повика. И ние Го славиме Него како преславен, по молитвите на праведниот Лазар, да ги спаси душите наши.
И сега: Преблагословена си, Богородице, Дево: Потоа големо славословие и отпуст.

Извор. ПОСЕН ТРИОД

Подготви: Т.С.

8-ми април 2017 лето Господово



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7621
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная