логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

УТРЕНА


Алилуја: и тропар глас 8:


Ете, Младоженецот доаѓа на полноќ и блажен е слугата што ќе го најде буден, а недостоен ќе биде оној што ќе го најде да дреме. Затоа пази, душо моја, сонот да не те притисне, и на смрт да не бидеш предадена, и вратите на Царството да не се затворат пред тебе, но разбуди се, викајќи: Свет, Свет, Свет си, Боже, по молитвите на Богородица, помилуј нѐ (3-пати).



По прво стихословие седален, глас 4.

Подобен: Господи, Кој се вознесе:


Да Го возљубиме, браќа, Младоженецот, светилките свои да ги украсиме, светлејќи со добродетели и со вистинска вера; та како мудрите девојки Господови, подготвени да влеземе со Него во свадбената одаја, зашто Младоженецот, како Бог, на сите за дар им дава венец непропадлив.


Слава, и сега: исто.


По второ стихословие седален, глас 4.
Подобен: Јосиф се зачуди:


Свештениците и книжниците направија незаконско советување против Тебе, Спасителе, и од завист, го поттикнаа Јуда на предавство; затоа без срам тој отиде кај беззакониците и ги праша: Што ќе ми дадете, и јас ќе ви Го предадам во рацете ваши? Од неговата осуда избави ги, Господи, душите наши.


Слава, и сега: исто.



По трето стихословие седален, глас 8.
Подобен: Слово на премудроста:
Јуда во мислите покажува среброљубие, против Учителот непријателски се крева, советува, за предавство се поучува, од Светлината отпаѓа, мрак го обзема, договара цена, Бесценетиот Го продава. А како награда за предавството на Господа бедниот најде смрт со бесење. Од неговиот дел избави нѐ, Христе Боже, дарувајќи им прошка на гревовите, на оние што со вера го празнуваат Твоето пречисто страдање.



Слава, и сега: исто. Потоа Евангелие според Матеј, зачало 90 (22, 15-22) крајот е во зачало 96 (23, 29-39). Потоа псалм 50, и Спаси ги, Боже, Твоите луѓе: Господи, помилуј: (12-пати), и мала ектенија.


 

Кондак, глас 2.
Подобен: Барајќи ги горните:


Откако ќе помислиш на смртниот час, бедна душо, и од пресечената смоковница ќе се исплашиш, дадениот талант трудољубиво умножи го и биди будна, викајќи: Да не останеме надвор од Христовата свадбена одаја.
Икос: Зошто паѓаш во очајание, бедна душо моја? Зошто се измачуваш со непотребни грижи? Зошто се занимаваш со минливи работи? Последниот час настапува и од овдешното треба да се разделиме. Додека имаш време, разбуди се и повикај: Ти згрешив, Спасителе мој, и не сечи ме како неплодната смоковница, но како милостив, Господи, помилуј ме мене, која со страв викам: Да не останеме надвор од брачната одаја Христова.




СИНАКСАР


Стихови:

„Десет девојки го придружуваат највеликиот вторник,

Кои носат победа на неподмитливиот Господар“.






Во светиот и Велики Вторник правиме спомен на параболата за десетте девојки. Зошто Господ, искачувајќи се во Ерусалим за да пострада во него, им кажува на Своите ученици вакви параболи? Затоа што овие параболи, вели Он, се однесуваат и на Евреите. Всушност, Он ја раскажува параболата за десетте девојки за да обрне внимание на милосрдието, а истовремено ги поучува сите да бидат подготвени пред крајот, бидејќи за девството Он им зборувал повеќепати, како и за евнусите. Светото Евангелие ја предлага оваа парабола со цел некој, практикувајќи ја оваа добродетел, да не ги занемари другите, а особено милосрдието, со која се просветлува свеќата на девството.

Пет од нив ги именува мудри, затоа што на девството тие му го придодале и изобилното масло на милосрдието, а пет – луди, кои исто така го имаат девството, но го немаат милосрдието – елејот. Затоа лудите (неразумни) девојки, иако го имаа поголемиот дел, го занемарија она помалото, па поради тоа во ништо не се разликуваа од блудниците. Ако овие последниве (блудниците) грешеа со телото, оние таму грешеа со нивното богатство. Бидејќи ноќта на овој живот изминува, сите девојки заспале, односно умреле, бидејќи овде сонот ја означува смртта. Додека тие спиеја, среде ноќта се слушна повик и, оние што имаа доволно масло, кога се отворија вратите, влегоа со Младоженецот, додека лудите (неразумните), кои немаа доволно масло,

Го бараа во мракот. Мудрите, иако сакаа да им дадат од своето, не можеа и, пред влегувањето на Младоженецот, им рекоа: „Ова нема да биде доволна за вас и за нас; затоа одете кај продавачите, односно кај бедните, за да си купите“. Но, по смртта, тоа не е можно. Тоа го покажува и расказот за Лазара и за богаташот, кога Авраам вели дека не е можно да се мине од едната страна на другата. Но, лудите (девојки), кога дојдоа непросветлени (без запалени свеќи), тропајќи на вратата, викаа вака: „Господару, Господару, отвори ни“. А самиот Господ им го дава овој страшен одговор: „Одете си, не ве познавам!” Како можете да го пресретнете Младоженецот без дарот, односно без милосрдието?“

Ете зошто оваа парабола за десетте девојки е поместена овде од страна на нашите богоносни отци: за да нè поучат секогаш да бидеме будни, подготвени да Го пресретнеме вистинскиот Младоженец, со добри дела, а најмногу со милостината, бидејќи не го знаеме ни денот, ни часот на крајот. Треба да го зачуваме целомудрието (чистотата) како Јосиф, но треба и нашата смоква секоја година да раѓа духовни плодови. Оној што ја практикува оваа единствена и голема добродетел, а ги занемарува другите, особено милосрдието, не влегува со Христа во вечниот покој, туку се враќа назад посрамен. Ништо не е потажно и посрамно од девство лишено од овие добра (во грчкиот јазик зборовите масло и милостина се омоними (елеос-елеон) – заб.на прев.).




О Христе, Младоженецу (на нашите души), вброј нè меѓу мудрите девојки и придружи нè кон Твоето избрано стадо, и помилуј нè. Амин.


Потоа двопеснец, творба на господин Козма, ирмосот по двапати, а стиховите на 12.На крајот ирмос, и двете певници заедно. Глас 2.


Песна 8


Ирмос: Трите преподобни момчиња, откако на заповедта на мачителот не се покорија, фрлени во печката, Го славеа Бога пеејќи: Дела Господови, благословете Го Господа.


Мрзливоста далеку од нас да ја отфрлиме и со запалени светилки, бесмртниот Младоженец – Христа, со пеење да Го сретнеме, викајќи: Дела Господови, благословете Го Господа.


Во садовите на душата наша елеј доволно нека има, за да не мораме тогаш да купуваме, наместо Младоженецот да Го чекаме, и да пееме: Дела Господови, благословете Го Господа.


Со помошта на Христа, умножете го талантот што ви е даден од Бога – рамносилната благодат, пеејќи: Дела Господови, благословете Го Господа.


Го фалиме, Го благословуваме:
И пак ирмосот: Трите преподобни момчиња, откако на заповедта на мачителот не се покорија, фрлени во печката, Го славеа Бога, пеејќи: Дела Господови, благословете Го Господа.


Почесна од херувимите: не пееме.


Песна 9


Ирмос: Те воспеваме, Богородице Дево, која во утробата Го смести Бога несместливиот и на светот радост му роди.


На Твоите ученици си им рекол, Благи: Бидете будни, оти не знаете во кој час ќе дојде Господ, за да суди секому (според неговите дела).


При Твоето второ и страшно пришествие, Владико, придружи ме кон овците од десната страна, откако ќе го презреш мноштвото мои гревови.


И пак наместо: Достојно е: ирмос: Те воспеваме, Богородице Дево, која во утробата Го смести Бога несместливиот и на светот радост му роди.


Егзапостилар (3-пати).


Твојата свадбена одаја ја гледам украсена, Спасителе мој, и немам облека да влезам во неа. Просветли ја облеката на душата моја, Дарителу на светлина, и спаси ме.


На хвалитни, земаме 4 стиха, и пееме стихири самогласни,
повторувајќи ги, глас 1.


Како ќе влезам јас, недостојниот, во светлините на Твоите светии, оти, ако се осмелам да влезам во брачната одаја, облеката ќе ме разобличи, затоа што не е свадбена, и врзан ќе бидам исфрлен од ангелите. Господи, очисти ја скверната на мојата душа и, како Човекољубец, спаси ме.Глас 2: Зафатен од дремка на духовна мрзливост, Младоженецу Христе, не ја стекнав светилката што гори од добродетели и станав сличен на лудите девојки, забавувајќи се додека беше времето за работа. Утробата на милоста Твоја не затворај ја за мене, Владико, но мојот мрачен сон растерај го, и со мудрите девојки во Твојата брачна одаја воведи ме, каде што е чистиот глас на оние што празнуваат и викаат: Господи, слава Ти.
Слава, и сега: глас 4: Откако ја слушна осудата на оној што го скри талантот, о душо, не скривај го зборот Божји, проповедај ги чудесата Негови и, умножувајќи ги даровите, да влезеш во радоста на твојот Господ.


На стиховни стихири самогласни, глас 6:


Дојдете, верни, да работиме ревносно за Господа, зашто на слугите им дава богатство и благодат на секој што ќе го умножи талантот. Еден да стекнува мудрост со добри дела, а друг нека извршува служба на просветлување; верниот нека го споделува знаењето со ненаучениот; трет нека им го разделува своето богатство на бедните. Така ќе го оплодиме позајменото богатство и, како верни управители на благодатта, да се удостоиме за радоста во Господа. За неа удостој нѐ, Христе Боже, како Човекољубец.


Стих: Се исполнивме наутро со милоста Твоја, Господи:


Кога ќе дојдеш во слава со ангелските сили и ќе седнеш на престолот за судење, Исусе, Пастиру добар, да не ме одлачиш од Тебе, зашто патиштата што водат кон Тебе се десно, а оние што оддалечуваат од Тебе – лево. Затоа немој да ме погубиш со козите, но придружи ме со овците од десно и, како Човекољубец, спаси ме.


Стих: И нека биде светлоста на нашиот Бог на нас:


Младоженецу, по доброта покрасен од сите луѓе, Кој си нѐ повикал на духовна трпеза во Твојата брачна одаја, ослободи ме од грубата облека на моите гревови, со учество во Твоите страдања и, откако ќе ме украсиш со облеката на Твојата убавина, покажи ме како светол гостин на трпезата од Твоето царство, како милостив.


Слава, и сега: глас 7:


Ете, Господарот ти го доверува талантот тебе – душо моја, дарот со страв прими го, умножи го за оној што ти го позајмил, раздели им на бедните, и за пријател стекни Го Господа, за да застанеш од Неговата десна страна, кога ќе дојде во слава, и ќе го слушнеш блажениот глас: Слуго, влези во радоста на твојот Господ. За неа направи ме достоен мене заблудениот, Спасителе, поради милоста Твоја голема.Подготви
И остатокот како обично.


Извор: ПОСЕН ТРИОД

Подготви: Светланка Трајчева

 

Друго:

 

На Твоите ученици си им рекол, Благи: Бидете будни, оти не знаете во кој час ќе дојде Господ, за да суди секому (според неговите дела).

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3221
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7715
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная