логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

А, нашето живеалиште е на небесата (Фил.3:20)    


Ете, го првиот израз, кој е болен за нашиот нарцизам. Тие зборови означуваат, дека немаме многу надежи на оваа земја. Сето тоа кое го сакаме, неможе да се случи на оваа земја. Некои нешта се случуваат, но, во пракса, стануваат многу малку. Сите на наша возразт и повозрасни, знаат дека нештата кои сакавме да ги направиме на 18-20 годишна возраст, многу малку од нив се случија. Човекот чувстува дека има една голема можност, коа постојано е ограничувања од илјада нешта. Конечното ограничување се вика смрт. Дури и да не сум ограничен од семејството и социјалната, политичката, историската, економската состојба, ќе ме ограничат условите, безизлезите на човечките односи, духовните и душевните проблеми, ќе ме ограничат историските услови. Колку многу луѓе не се развиле заради историски состојби, загинале во војна, колку млади луѓе-милиони загинале во војни, без дури да го поздрават светот и да поживеат. Но, и покрај тоа ние настојуваме, дека нашето живеалиште е во овој живот. Особено ако постигнеме и две ситни нешта, кои нашиот нарцизам постојано ги надувува и ги сметаме дека се нешто повеќе, отколку што се реално. Малкумина се оние кои се мерат себеси со реални критериуми.  Неможат да си кажат, гледај, не сум тоа, кое што еден-два лакскатели околу мене ми кажуваат, зашто сакаат нешто да добијат од мене или зашто ги бендисува да ме искористуваат итн.

    Така, доколку сме направиле две-три нештенца, веднаш се возгордејуваме и си мислиме, дека..., а има толку други кои не ги направиваме, и толку други, кои другите не ги направија, и сите нешта кои не биднуваат околу нас и постојано се возмутуваме и велиме: «Другите се виновни! Виновна е Владата! Виновни се сите политичари!» Освен нашиот, понекогаш е и тој е виновен. Виновни се сите и сè. Што имаме предвид кога велиме-виновни се сите!? Го имаме предвид имено тоа, дека нашето историско остварување и вовистинување не се придвижува надвор од едена определена граница. Така што кога ќе ги чуеме тие зоброви на светиот апостол Павле се ужаснуваме. Што значи дека «Нашето живеалиште е на небесата?»Па го означува токму она, што го разбираш сосема добро, дека си недоволен сам по себеси, дека овој живот е недоволен. Дури и психоанализа да прави човек, ќе види дека животот е недоволен, за да заврши таа себеанализа-таа не завршува. Каде свршува сето тоа? Каде е крајот? Каде може да биде оправдан овој живот? За да го видиме и другото-сите тие неправди, безизлези, болести, смрт, долги премрежија, маки, каде тие биваат оправдани? Дури само една неправедна смрт да има во светот-а има милиарди-и целиот човечки живот, смислата на човекот на земјата би бил несовршен.  Со други зборови, не е возможно да ја сметаме човечката слобода за совршена. Само при една неправедна смрт, а ги има милијарди.   Исто и ние секојдневно ја вршиме таа неправда, бидејќи се убиваме взаемно на различни начини, малку или повеќе, и така се создава еден огромен проблем, кој неможе да го реши ниту еконоимијата, ниту политиката, ниту научното сознание дури, затоа што не може да го реши проблемот за целта. Со каква цел се случува тој голем смут, таа бура, која претставува живот? Да не е за тоа да задобијам малку поголемо знаење? Да речеме, дека сум придобил научно знаење, денес има едно научно сознание, кое доста напреднало во сравнување со претходните епохи. Но, многу нешта не знаеме и секогаш ќе има такви нешта. Така што ако јас умрам без да знам сè, што би требало да знам, зарем тоа не е еден неуспех?...

    Тој израз е многу содржаен и ни покажува, дека човекот е трагично суштество. Зошто е трагично суштество? Зошто го сфаќа сето тоа. Зарем не е така? Кученцето, мачето, лавот не се разбираат од сето тоа. Но, човекот се разбира. Создаден е по Божји лик. Но, тој е  несреќен. Недостатокот од смисла, означува тага. Целосниот недостаток на смисла е депресија. Апсолутниот недостаток е лудост.  Епиктет вели и ми се допаѓа да го цитирам, дека човекот ќе издржи секакви мачења, освен едно: да го лишиш од смисла. Зошто? Поради која причина? Да речеме дека имаме економски успеси-што означува тоа, кога секоја минута едно дете умира од глад!? Не разбрав. Треба да си скот, за да се сметаш за успешен како историско човечко суштество. Што означува на «село е мирно» кога целиот соседен континент буквално е пламнат. Сигурно пожарот ќе дојде и тука и тоа за кусо време. Што значи «имам што да јадам!?»-кога толку луѓе денес неможат да се прехранат? Се разбира тоа е прашање на чувствителност. Ако човек е многу чувствителен...Што ако кажам «среќен сум со женичката?», што означува «децата ми се добри!»- а детето на соседот страда од многу тешка болест? Т.е. и моето утре. Тоа на другиот не е ли на некој начин и мое, нели сите сме едно? Животот ја губи својата смисла, ако не го разбереме изразот-«нашето живеалиште е на небесата», ако Бог не ги устрои нештата, тоа е смислата на нештата... «На небесата» не означува, дека одиме на облаците и летаме со ракета, туку ни го опишува трансцендентното, ако сакате наречете го и метафизичкото и нешто, кое треба да го побарам за да го најдам. Што означува тоа Царство Божје?-дури и тоа не го знаеме. Кажуваме така, зашто немаме друг начин да го искажеме тоа. Не се работи за никакво царство, туку за господство на смисла, на божествена смисла, на начин на кој Бог гледа на нештата.

    «Ис автон ектисте» означува, дека за Него, за Неговиот свет, за неговиот тропос. Тој е раководството, Тој не само што ги создал, туку сака и да им каже и како добро да функционираат. Бидејќи во спротивен случај, зашто да кажувам, дека Бог го создал светот, кога самиот неможам да живеaм по Бога, секојдневно неуспевам независно дали бучно или тивко? Неуспевам и неуспехот ми е видлив, зашто сите други ми се спротиставуваат. Зошто ми се спротиставуваат? Зото не се однесувам добро со нив. Ако јас бев свет, сите околу мене ќе ме сакаа. Чудното е, што не ме сакаат, како што би сакал да ме сакаат и да сум познат и популарен, како што денес сите сакаат под влијание на американскиот лајфстајл. Тоа се претвори и во наш начин на живот. Другите или ги смееш или ги сакаш вистински. Или ги смееш и си популарен поради погрешни причини, но, ќе престанеш да бидеш популарен, зашто другите ќе ти подигнат статуа, но по кусо време ќе те исмејат и ќе остенеш исмејан во историјата. Внимавајте, ние многу нешта не знаеме.
Бог може да те поучи како да се ползуваш со нештата, како да го ползуваш телото, кое денес го ниподоштуваме, а како го ниподоштуваме, односно тука говориме за апсолутната себепроституција, разни спектакли, бескрајна забава, што води до болка.

    Зошто до болка? Сето тоа нема смисла? Еден студент дојде и ми кажа:


- Досега сум бил со 13 жени!

    Го прашав:

-И што доби од сето тоа?
-Една чудна болка.

    Зошто? Зашто во сето тоа се насладуваш единствено себе си. Нарцизмот во својата слабочина содржи болка, психоанализата го знае тоа. Болка и недостаток на смисла. Смисла и себепочит има, кога работам за другиот, кога го крепам другиот, тогаш болката отстапува. Всушност не ми е јасно како, мојот дедо и вашите дедовци, кои се запознале со една жена и со неа живееле заедно 60 години, да не си поминале лошо? Напротив, живееле со голема радост! «Чудо беше! Прекрасно!»-ти вели. Зашто другиот вели «Крајот неможам да му го најдам. Си ја удирам главата од ѕид. И сите се исти! » А тој не е таков. Сите други се такви! Зарам не кажуваме така! И ајде  да ја играме играта, во која му се допаѓаме на другиот, без тоа да изразува нешто подлабоко. Треба да ме прифати. Зашто да ме прифати? Нека ме отфрли! Ама ако ме отфрли, после сум во ризик, затоа што нема да бидам примен меѓу пријателите, зашто ќе има неуспех во љубовта. Треба задолжително да имаме успеси во сè и се срамиме да кажеме, дека немаме успеси.
За среќа кризата натера некои луѓе да кажат дека се сиромашни. Тоа е голема работа, затоа што во претходните години, се сметаше за понижување да кажеш «Немам!» Трабаше да имаш, те сметаа за оштетен, ако немаш, како што е во други предводечки места на земјата, кај што, ако немаш пари, те сметаат за понижен.
    Сето тоа и многу други такви нешта означуваат, дека всушност не сум доволен, сам по себе немам полнота. Воплотувањето, иницијативата на Бог, доаѓа да го поправи имено тоа, зашто тука е чудото, бидејќи Бог не си игра со творението, Тој можеше да си игра, и го има секое право тоа да го прави-јас можам да си играм со она што го создавам, и вие си играте со вашите изработки, со кученцето, со мачето, со децата. Тој не си игра со творението. Тоа е она великото.

Од каде што, Го очекуваме и Спасителот, Господ нашиот Иисус Христос, Кој ќе го преобрази нашето понижено тело, за тоа да стане слично на Неговото славно тело


    Христос го прима тоа унизено тело, за да стане слично на Неговото славно тело. Гледате дека кај светителите, тоа е прославено на земјата. Ќе ви дадам еден пример. На пример, по карактер сум милостив, некои луѓе се кротки, нивното семејство било такво и тие се добронамерни. Тоа е природна дарба. Ако тој човек остане таков, најмногу ќе стане филантроп, кои ќе направи неколку нешта, со своето јас во центарот, и конечно неговата егоцентричност ќе го осквернави и од сето тоа ќе бара нешто во замена-тоа е човечки. Но, ако тоа го содини со Божјата милостиња, ако го приенсе евхаристично и љубејќи низ лична аскеза, исповед, молитва на Бог, започнува да станува милостиња на Самиот Бог и таму израснуваат секакви духовни дарби.

    Човекот неможе дам да го стори тоа внатрешно раширување. Тоа е имено последица од Воплотувањето, така што се причестуваме со тоа Тело и Крв секој пат на св. Литургија и аналогно на нашата готовност ја примаме благодатта. Малку или повеќе.  Ако е мала или незначителна, гледа мала светлинка, чувствува малку радост, малку спокој, а ако е нешто повеќе (во духовна смисла) гледа повеќе, се очистува. И најнакрај преку св. Причест светителите имаат и боговидение. Свети Симеон Нов Богослов вели: «Никогаш не се причестив без да ја видам нетварната светлина»-разбирате ли? За секој станува храна и прославување-ете ја речта и во тој процес на нетлението и бесмртието човекот започнува да ги остварува «мечтите», кој не можел да ги оствари и во Светиот Дух може да соучествува во обезтленувањето на сиот свет, што всушност е Божјиот план за светот и човекот. Зашто? -затоа што Бог го љуби светот и луѓето. Тоа не е воопшто саморазбирливо. Саморазбирливо би било да си игра со светот, да си игра со човекот како со едно мало дете. Како и тоа да не дава толку многу дарови и најнакрај да се даде и Себеси како дар. Тоа е безумието на Бог. Неговата голема «глупост». Бог е «безумен». Зборовите се на светиот апостол Павле. «За Јудеите соблазна за елините безумство». Што означува безумство? Тоа е љубовно безумство, како  што вели свети Никола Кавасила. Тоа е дело на Некој, Кој е силно вљубен. Само лудо вњубените можат да се оддадат себеси наполно. Најмалечкото при првата љубов, подоцна тоа се намалува и најнакрај немаш ништо, се заштитуваш себеси, но првиот пат е «драма». «Ми го скрши срцето!»-така велиме.

Сакам да кажам, дека тој акт е еден акт на крајно безумство. И кога човек ќе навлезе во тој начин, на кој Бог дејствува, тогаш го наоѓа  најголемиот покој и тој самиот прави безумни нешта, кои му носат огромно блаженство-на него и на луѓето до него. Тоа блаженство започнува отсега и така доаѓа Царството Божје, таа слобода од тлението и смртта, која е нашето секојдневно доживување.

    Неговата нетварна енергија може да го направи тоа-и не само да го направи, но и да потчини сè. Сè ќе се потчини на Него. Кога ќе заврши светот-по 50,500,1000 години, незнам кога, некогаш-се разбира, а како што одиме, може и порано да заврши, но прашањето е, што завршувачката констатација (ова е поразително) ќе биде, дека Христос бил  во право. Мислам, дека ова на некаков начин го засега животот на секој од нас-сите нас, кои знаеме пет нешта-најнакрај ќе исповедаме, дека да, нештата биле така, како што Тој ги кажа. И тоа е страшното, затоа што на тој начин започнува адот-адот не постои од страна на Бог, адот тоа е бесплодното покајание. «Да му се невиди, така било и знаев и чувствував, но во последниот момент го правев обратното!» Тоа е адот, тоа е покајние без плодови, чувството дека неуспеав, а можев да успеам. Тоа дека сите ќе се потчинат на Него, означува, дека најанкрај сите ќе исповедаме, дека тоа имено сме го сакале и тоа е одговорот, решението, единственото решение и ниедно друго решение реално не било решение. Земете го комунистичкиот експеримент на социјализмот. Со какви надежи започнале-најдобрите тогашни умови на запад биле воодушевени од тоа ново нешто и велеле «Тука е тоа! Тука е Царството Божје!»-велел Ленин, «тука е воскресението на мртвите. Ете го! Гледајте, пролетеријатот тука воскреснува!» И за неколку години колку хекатомби крв, милиони, десетици милиони неправедно загинати во името на справедливоста, братството и мирот и незнам уште што. И тој страшен режим се сруши среде неговите страшни престапи. Понекогаш говориме за светата инквизиција, колку многу души загинале, всушност неколку илјади души. Но, Сталин, знаеме денес од архивите, кај него жртвите се 100 милиони-што означува, дека луѓето биле убивани во името на еден идеал, кој од најправеден се покажа најпрестапен. Земете го фашизмот, нацизмот-милиони мртви... Сите тие владетели имено  «го знаеле» клучот на историјата и знаеле што треба да прават. Зарем знаеле ли? Ако се осмелиш да им кажеш-«можеби не знаеш?» Тогаш веднаш следел Гулаг, Дахау, кај што те истребувале.

Ги кажувам овие нешта, затоа што  ќе има и други такви во неизвесната иднина, човекот е секогаш спремен да влезе во таа страшна заблуда да си мечтае, дека тој знае-и тоа не сите, туку тој специјално знае за «раководењето», за кое говоревме, т.е. начинот, на кој нештата функционираат, и така стигнавме во тие ужасни крвопроливања, затоа и имаме лични беспаќа. Земете ја уметноста и философијата и психологијата да видите колку безизлези има, кои за кусо време ги нарекуваме излези и кои за кусо време се рушат. Затоа најнакрај, така се вели тука, така вели Светиот Дух, секој јазик ќе исповеда, дека Господ Исус Христос е Господар на суштествата за слава на Бог Отец. На тој начин во еден момент ќе заврши овој свет, кој има почеток. Не знаеме кога и како. Ви реков, ние вложуваме многу сили да ја завршиме скоро играта. Зарем не правиме така? Вложуваме многу «љубочестиви» напори брзо да си замине оваа етапа на човештвото...

 

Подготви: Маја Белева     

                                                         

 Извор:

http://pravoslaven-sviat.org/2017/07/04/naseto-giweliste-e-na-nebesata/

Друго:

17-ти јули 2017 лето Господово

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3121
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7591
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/11/2024 - среда

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул; Светиот маченик Епимах; Светиот маченик Никола Хиоски; Преподобните Спиридон и Никодим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная