25- ти јули 2017 лето Господово
Почит кон таткото
Австрискиот цар Јосиф втори ги користел осудените за комунални работи. Едно утро осудениците ги чистеле улиците на Виена . Државниот советник, баронот Кресел, доверлива личност на царот, од прозорецот на својот дом видел како едно момче со добар изглед, дошло до еден осуденик и му ја бакнало раката. Советникот, преку својот слуга, веднаш наредил да му го доведат тој младич, а кога го довеле почнал да го укорува заради неговата постапка, со која ја омаловажува постапката на правосудството. Тој младич бил студент и без да трепне, достоинствено рекол:
- Тоа е мојот татко!
Овој убав знак на синовска почит кон таткото длабоко го трогнала царскиот советник и тоа му го кажал и на царот. И царот бил трогнат од оваа синовска почит кон родителот, го ослободил осуденикот и му рекол:
- Татко кој така добро ги воспитува своите деца и кој од своите деца е награден со таква љубов, не може да биде затвореник.
Извор:
ФБ страна на Николај Филотеев