✜✣✜
Тропар, глас 1.
Пустински граѓанин и во тело ангел, и чудотворец се покажа, богоносен оче наш Јоакиме. Откако со пост, бдеење и молитви прими небесни дарови, ги лекуваш болните и душите на оние што со вера приоѓаат кон тебе. Слава Му на Оној што ти даде сила; слава на Оној што те овенча, слава Му на Оној што, преку тебе, на сите им дава исцеленија.
✜✣✜
Тропар на благословување на лебовите (петолебие), тропар глас 1.
Својот живот си го устроил со богатството, и си ја спечалил душата своја, благословени оче Јоакиме богомудри, бидејќи никогаш не си им дал сон на очите твои, и на Бога си Му принесувал непрестајни молитви. И ние ти се молиме: Непрестајно моли се, да се спасат душите наши.
✜✣✜
Седален, глас 1.
Гробот твој, отче Јоакиме, се покажа како извор што точи благодат на исцеленија, на оние што секогаш со вера приоѓаат кон твоите свети мошти, блажени. Затоа и ние ти викамеː Удостој нѐ, по твоите молитви, да примиме исцеление од нашите страсти.
✜✣✜
Седален, глас 1.
Преподобни, ти се покажа како многусветла ѕвезда за монасите и сигурна скала, предел за воздржување и пресветло огледало за расудување. Затоа бараме разрешување на гревовите на оние што го слават твојот спомен, преблажени отче, кој стоиш пред Господа.
✜✣✜
Седален, глас 8.
Откако прими видение и дејание, свето украсувајќи ги чувствата, твојот живот си го насочил по патот на божествените заповеди, бидејќи на монасите им се покажа како светол светилник, упатувајќи нѐ и просветлувајќи нѐ кон богопознание. Затоа со љубов го величаме твојот спомен, преподобен отче наш Јоакиме, и поради тоа ти викамеː Моли Го Христа Бога, да им даде прошка на гревовите на оние што со љубов го слават твојот свет спомен.
✜✣✜
Стихира, глас 6.
Гората личеше на небото, примајќи го светилникот на пустината – отецот Јоакима, како мајка дете, со грижата на таткото. А ти, преподобен отче, како орел прелетувајќи ги високо Осоговските планини и пештери со Духот Свети, со краснодушие просветлувајќи ги верните што радосно приоѓаат кон твојот чесен гроб, да запеемеː Моли се, со Богородица, да се спасат душите наши.
✜✣✜
Седален, глас 8.
Искушуван од страдални болки и, утврдуван од испоснички страдања, со благочестието си засветлил повеќе од златото, и на Духот си Му бил чисто прибежиште, откако го растера мракот на лукавите духови. Затоа си бил пастир и светол светилник на собраното мноштво верни. Јоакиме блажени, моли Го Христа Бога, да им даде прошка на гревовите, на оние што со љубов го почитуваат твојот свет спомен.
✜✣✜
Кондак, глас 2.
Преку молитвените бдеења си примил сила против непријателот, отче Јоакиме, а со своето трпение си се искачил на небесата. Кога го остави распадливиот земен живот, се пресели во нераспадливоста. Затоа те прославуваме.
Икосː Гората осоговска те исповеда, отче Јоакиме, кој ги лекуваш болестите на душите наши, како помошник и застапник за светот. Затоа, фалејќи те, викамеː Радувај се, светла славо на монасите! Радувај се, јасен столбу на целомудрието! Радувај се, толкувачу на храброста! Радувај се, показателу на премудриот разум! Радувај се, сигурно правило на правдата! Радувај се, уму кој се насладуваш со неискажливи мисли! Радувај се ти, преку кого се посрамија бесовите! Радувај се, помошнику на сите нас што верно ти викамеː Радувај се, отче Јоакиме.
✜✣✜
Светилен.
Радувај се, горо пустинска! Веселете се, сите народи земни поклонувајќи се пред моштите на пустинскиот отец Јоаким, велејќиː Помоли Го Господа со Богородица, да нѐ просветли нас кои ти пееме, преподобни.
Подготви:Т.С.