логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

✜✣✜

ПОКРОВ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

УТРЕНА

✜✣✜

Тропар, глас 4.
Денес, Богомајко, ние верните луѓе светло празнуваме, штитени од твоето доаѓање и, гледајќи кон твојот пречист лик, умилно говориме: Со твојот чесен омофор покриј нѐ, и од секакво зло избави нѐ, молејќи Го твојот Син, Христа нашиот Бог, да ги спаси душите наши.

✜✣✜

Седален, глас 3.

Опкружувана од божествен сјај на ангелските воинства, и почитувана заедно со хоровите на пророците и апостолите, како Мајка Божја, посети нѐ – твоите слуги, молејќи Го Христа нашиот Бог, да ни дарува милост голема.

✜✣✜

Седален, глас 6.

Ти си, навистина, крепост на беспомошните, Богомајко пречиста! Затоа, ние смирените, со тебе се возвисуваме, со тебе високо се држиме, зашто ти на сите си им покров, и кон Бога посредничка.

✜✣✜

Величание: Те величаме, Пресвета Дево, и твојот чесен покров го почитуваме, зашто свети Андреј те виде во воздухот, како за нас Му се молиш на Христа.


✜✣✜

Седален, глас 4.

Твојот пречесен омофор, поскапоцен од некогашниот ковчег, навистина светли со духовен, нематеријален сјај, повеќе од злато и сребро, простиран со твоите нетлени пречисти раце, и милостиво ги чува оние што го чествуваат благоукрасениот празник на твојот покров, Владичице, во кој, собрани, од срце го празнуваме.

✜✣✜

 

По 50-ти псалм, стихира, глас 8.

Со неа се радуваат сите небески чинови, откако оформија единствен духовен хор, гледајќи ја Царицата и Господарка на сите, славена од толку имиња на верници; се радуваат и душите на праведниците, кои беа гледачи на тоа видение, како во воздухот молитвено ги шири своите сечесни раце, барајќи мир за светот и, за душите наши, спасение.

✜✣✜

Канон на Богородица, глас 4.

Песна 1.

Ирмос: Ќе ја отворам устата моја, и со Дух ќе се исполни, и збор ќе ѝ кажам на Мајката Царица, и ќе се покажам светло торжествувајќи и, радувајќи се, ќе ги воспеам нејзините чудеса.

Со чиновите на светите ангели, и со соборите на пророците и апостолите, откако денес влезе во Црквата во голема слава, се молиш за христијаните како Мајка Божја, ги избавуваш сите од неволја и тага, покривајќи ги со милоста твоја.

Мојсеј те именува скинија и жезол Аронов, зашто од тебе процвета Христос – живоносното дрво. Имајќи смелост пред Него, помоли се за нас кои те чествуваме, Царице, да нѐ избави од секакво зло, та празникот на твојот покров да го славиме.

Давид не игра пред ковчегот како некогаш пред насобраниот народ, туку сега оние што ти приоѓаат, заедно со чиновите светителски, ти се поклонуваат и говорат: Моли се за луѓето кои те чествуваат, та, славејќи го твојот покров, чесно да празнуваме.

Ангелските чинови те воспеваат, Богородице, и те слават патријарсите со светителите, доаѓајќи во Црквата пред лицето твое. Со нив тогаш те виде свети Андреј како Му се молиш на Бога за нас грешните, да ги помилува луѓето кои го слават празникот на твојот покров.


✜✣✜

Песна 3.

Ирмос: Твоите песнословци, Богородице – жив и независен изворе, откако ќе ги собереш околу себе, духовно утврди ги и, во твојата божествена слава, со венците на славата удостој ги.

Радувај се, жива трпезо која, како нива неорана, јасно го израсна божествениот сноп, носејќи го Лебот на животот! Радувај се, Владичице, неисцрпен извору на живата вода!

Твоите слуги, Владичице, што стоиме со вера во Црквата твоја, ја чекаме милоста твоја. Посети го нашето смирение, и со твојот свет покров заштити ги набожните владетели и луѓето од секое зло.

Дево со мноштво имиња, чесно те предобразија пророците, кои сега ти служат со ангелите. Со нив моли Го Бога за нас, светиот ден на твојот покров сите светло да го празнуваме.

Гедеон те предобрази како руно, бидејќи на тебе слезе Христос Бог како роса. Затоа моли Го Него, на благоверниот народ наш да му даде победа над вразите, та откако ќе ги победи како Мадијамците, твојот свет празник да го прослави.

Блескајќи со твојот омофор повеќе од сончевите зраци, ја осветлуваш Црквата и луѓето, и го изгонуваш мракот на гревовите наши со твојата посета, Богородице, на твојот Син и Бог за нас молејќи се.

✜✣✜

Седален, глас 5.

Топла и непобедлива застапница, надеж сигурна и непосрамена, бедему и покрове и пристаниште на оние што прибегнуваат кон тебе, Приснодево чиста, Синот твој и Бог моли Го со ангелите, на светот да му даде мир и спасение, и милост голема.


✜✣✜

Песна 4.

Оној што седи во славата, на престолот од Божеството – најбожествениот Исус, дојде на лесен облак и со нетлената рака ги спаси тие што викаат: Слава ѝ, Христе, на силата Твоја.


Со гласни песни ти пееме, Дево Сепеана: Радувај се, дождовна Горо, од Духот оплодена! Радувај се, свешнику и стомно која носиш мана, која ги засладуваш чувствата на сите благочестиви.

Повеќе од ковчегот на Арона, Бог те освети сета со Духот Свети, и на ангелите им заповеда да ти служат тебе. Со нив, моли се за градот и за луѓето кои го слават твојот чесен празник.


Дојди и сега во слава со соборот на сите светии во Црквата твоја, Богородице, како што некогаш те виде свети Андреј во светлиот воздух како се молиш за христијаните, и милоста твоја подај ни ја.


Укрепи го против непријателите благоверниот народ наш кој те слави, Владичице, како Давид против Голијата, па веселејќи се, да ти пееме: Радувај се, свети покрове и за градот наш Застапнице.

Тебе, Владичице, со вера ти приоѓаме и, поклонувајќи се, благодарно ти пееме: Радувај се, Дево, богоблагодатна, покрове и оградо наша, и помошнице на сите кои се во беда. Спаси нѐ нас, кои ти приоѓаме, оти на тебе се надеваме.

✜✣✜

Песна 5.

Ирмос: Целиот свет ѝ се чудеше на твојата божествена слава, зашто ти неискусобрачна Дево, си Го имала во утробата Оној Кој е Бог над сите и си Го родила вечниот Син, Кој им дава мир на сите оние што тебе те воспеваат.

Соломон некогаш те опиша како постела и одаја на Царот небесен, придружувана од серафимите, како што беше речено за тебе Богородице. Затоа сега те молиме, сесвета Мајко Божја: Заштити нѐ од сите неволи.

Ангелските предводници и чесните пророци со апостолите, ти служат чесно како на Мајка Божја, гледајќи те како за светот принесуваш молитва. А Господ, откако ги слушна твоите барања, ги спасува градот и луѓето, кои се надеваат на тебе.

Великиот, меѓу пророците, Исаија претскажа, велејќи дека ќе Го родиш Бога неискусобрачно, зашто ти, чиста Марие, си била посвета од сите, бидејќи во утробата и на рацете си Го носела Бога. Нему за нас моли Му се, со твојот покров заштитувајќи ги оние што те слават со вера.

Летајќи со духовни крилја, соборите на светите тајно дојдоа да ти послужат тебе, Богородице, гледајќи те на лесниот облак на славата, како Му се молиш на Спасителот Христа, да му даде победа на нашиот народ и да ги погуби оние што против нас војуваат.

✜✣✜

Песна 6.

Ирмос: Славејќи го овој божествен и сечесен празник на Божјата Мајка, дојдете, богомудри, со рацете да заплескаме и родениот од неа Бог да Го славиме.

Богомудрите јереи, стоејќи во Црквата со благочестивите луѓе, ја очекуваат твојата милост, Богородице. Нашата жалост со радост замени ја, зашто ја роди Радоста, Која им ги прости гревовите на сите луѓе.

Тебе сета земја ти принесува дарови како на Царица и Мајка Божја; ти се поклонуваат цареви и кнезови, и се веселат сите луѓе, со твоите молитви, Богородице, штитени од секое зло.

Даниил однапред те претстави како голема гора, бидејќи од тебе се роди Христос бессемено, и ја сотре сета лага демонска, и со својата вера ја исполни сета земја. Затоа, Богородице, моли Му се за нас, кои празникот на твојот покров го славиме.

Со ангелски глас ти викаме, Пречиста: Радувај се, престоле Божји, на кој (пророк) Езекил Го виде Господа, во подобие на човек носен од херувимите. Со нив моли се за нас, Богородице, да ги спаси душите наши.

 

✜✣✜

Кондак, глас 3.

Дева денес стои во Црквата, и со светите невидливо за нас на Бога Му се моли: ангелите се поклонуваат со архиереите, а апостолите ликуваат со пророците, зашто Богородица, за нас, Бога предвечниот Го моли.

Икос: Дојдете луѓе, да се насладиме со нејзините преславни чудеса, бидејќи преку неа Адам се избави од распадливоста, оти таа е и ковчегот, направен од Бога, а не од Ноја. Некогаш Мојсеј не можеше да Го види Бога во огнената капина, а сега Родениот од неа сета земја за Син Божји Го знае. Нему таа за нас Му се моли, затоа ја славиме како Мајка Божја, бидејќи Богородица за нас Го моли Бога предвечниот.

✜✣✜

Песна 7.

Ирмос: Богомудрите момчиња не им послужија на тварите, наместо на Создателот, но, откако храбро ја победија огнената закана, се радуваа пеејќи: Највоспеаниот Господ и Бог на татковците, благословен си.

Тајната која им беше достапна на мнозина пророци, беше непозната, Дево, за небесните ангели кои му служеа на Бога, а сега сите ние те знаеме за Богородица, и имаме потреба од твојата помош и застапништво, Благословена.

Богородице Дево, ти си Гората од Духот оплодена, која Авакум ја виде како на верните им точи сладост целебна. Исцели нѐ и нас кои на твојот Син Му викаме: Благословен е Бог на нашите татковци.

Оној што ги преклони небесата, се всели во тебе, Дево, и сега гледа на твојата молитва, Богородице чиста, исполнувајќи ги, Царице, твоите прозби. Нему од срце за нас помоли се, зашто на тебе се надеваме, Благословена.

Творецу и Спасителу наш, Христе Боже, прими ја молитвата на Твојата Мајка, што за нас грешните Ти ја принесува, та, радувајќи се, да Ти пееме: Највоспеан Боже на нашите татковци, благословен си.

✜✣✜

Песна 8.

Ирмос: Набожните момчиња во печката ги спаси Рожбата на Богородица. Она што некогаш беше само предобраз, сега станува реалност, и сета вселена ја поткрева да ти пее: Пејте го дела, Господа, и превознесете Го во сите векови.

Со чиновите ангелски, Владичице, со чесните и славни пророци, со врховните апостоли, со свештомачениците и со архиереите, помоли Му се на Бога за нас грешните кои празникот на твојот покров во нашата земја го прославивме.

Горделивоста и надуеноста собори ги, и советите на неправедните кнезови разори ги, оние што започнуваат војни погуби ги, о Мајко Божја, Царице сечесна; и достоинството на благоверниот народ наш крени го, за да го славиме твојот празник, Пречиста Богородице Дево, викајќи: Воспејте Го Господа, дела, и превознесете Го во сите векови.

Со устите принесувајќи ти пеење, и со душа верно ти се поклонуваме, бидејќи нашите срца горат внатрешно, Мајко Божја, Пречиста, помилувај нѐ нас кои ти се молиме, и Господа Го воспеваме и Го превозносиме во сите векови.

Натежнат од многу гревови, не умеам достојно да ги искажам похвалите на твојот покров, Богородице. Но, како Мајка Божја, украси го твојот празник со чудеса, та сите, радувајќи се, да Го воспеваме Господа и да Го превозносиме во сите векови.


✜✣✜

Песна 9.

Ирмос: Секој роден на земјата, со Духот просветлен, нека се радува; нека торжествува природата на бесплотните умови, која го почитува свештеното торжество на Божјата Мајка, и нека пее: Радувај се, Богородице себлажена, секогаш чиста Дево.

Врвен Цару, Кој седиш со Отецот и си воспеан од серафимите, погледни на молитвата од Мајката, што Ти ја принесува за нас грешните, и очисти ги нашите гревови; спаси го градот и умножи ги луѓето; дај му на владетелот телесно здравје и победа над поганите, по молитвите на онаа која Те родила.

Со ангелски глас ти пееме, Дево богоизбрана: Радувај се, ти која пак во рајот го воведе Адама! Радувај се, ти која со твоето име ги прогонуваш демоните! Радувај се, надеж на христијаните! Радувај се, осветување на душите! Радувај се, на нашиот град пазителко!

Спомени нѐ нас во твоите молитви, Владичице Дево, Богородице, да не погинеме поради умножувањето на гревовите наши. Заштити нѐ од секое зло и тешки напасти, бидејќи се надеваме на тебе и, чествувајќи го празникот на твојата заштита, тебе те величаме.

Дар од Бога си примила, како Мајка Божја, да ги лекуваш болестите на сите христијани, и да избавуваш од неволи, и да отпушташ гревови, и да спасуваш заробени и од секоја невола. Но и нас не презирај нѐ, Владичице, оти знаеш каква потреба имаме: здравје за телата и спасение за душите.

✜✣✜

Светилен.

О Пресвета Госпоѓо, дево Богородице, со твојот чудесен омофор покриј нѐ, и од секое зло твојот народ запази го, како што те виде како се молиш пречудниот Андреј во црквата Влахернска: и сега, Владичице, испрати ни ја твојата милост голема.

 

 

Подготви: Светтлана Трајчева

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3211
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7696
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная