логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Пост

Утрешниот ден, понеделник, го означува почетокот на Великиот пост во Православната Црква [литургиски, понеделникот – а со тоа и постот започнува на Вечерната претходниот ден, Прочка, односно Неделата на изгонувањето Адамово од Рајот]. Иако за време на Великиот пост луѓето се придржуваат до некои повеќе или помалку строги правила, би рекол дека во тој период од верниците не се бара ништо особено, или ништо што не се бара во преостанатите денови од годината. Ние постиме, се молиме, даваме милостиња, учествуваме на богослужбите, итн. Но, сето ова го правиме почесто и позасилено за време на Великиот Пост. Како подготовка за Пасхата, празникот на празниците, сите овие добродетели нè водат подлабоко во длабочината и сржта на Православната вера. Пост

Денес, на многу христијани аскетизмот им се чини далечен. Малку се христијаните кои постат, а самиот пост е одамна избришан од преданието на претходните генерации. Различните историски околности го претворија христијанскиот живот од начин на живеење во сет на верувања. Затоа и монаштвото на многумина им делува егзотично. А нема ништо егзотично во аскезата. Новиот Завет ги претпоставува постот и сличните дела во животот на еден христијанин. Фарисеите забележале дека Исусовите ученици не постеле. Кога Го запрашале Христа за овој недостиг (нешто што било соблазнително за Јудејците од тоа време), Тој им одговорил:

„Зар можат сватовите да бидат нажалени додека со нив е младоженецот? Но ќе дојдат дни, кога младоженецот ќе се отргне од нив, па тогаш ќе постат.“ (Матеј 9,15)

Деновите во кои „Женихот не е тука“ се деновите во кои ние живееме. Постењето е задолжително. Постењето е дело на постојано покајание – правилниот став на христијанското срце. Покајанието не е единечна акција која се прави откако некој погрешил – покајанието е состојба на срцето, состојба на скрушеност и покајание.

„Срце скрушено и смирено Бог не ќе го презре“ (Псалм 50).

Во голема мера ова е и целта на христијанскиот начин на живеење – да роди покајно срце. Царот Давид е наречен „човек според Божјото срце“, не затоа што во него не се нашол грев (тој бил прељубник и убиец). Тој е „човек според Божјото срце“ затоа што кога се соочувал со својот грев – неговото срце бивало скрушено. Тој не се бранел, и не барал изговор. Св. Павле ни го упатува овој совет:

Браќа, во името на милоста Божја, ве молам подајте ги телата ваши во жртва жива, света и благоугодна на Бога, и тоа ќе биде вашата духовна служба, и не управувајте се според овој век, туку преобразете се преку вашиот обновен ум, за да можете да познавате, која е добрата, угодна и совршена волја Божја. Зашто, преку благодатта, што ми е мене дадена, на секого од вас му кажувам да не мисли повеќе, отколку што треба да мисли; туку мислете скромно според делот на верата, што Бог на секого му ја одмерил“ (Римјани 12,1-3)

Ми се чини дека ниту еден друг цитат не успева да пренесе толку многу аспекти од нашиот великопосен живот (а на тој начин, и од нашиот секојдневен живот). Нашите тела постануваат „жива жртва“. Можам само да се чудам која жртва св. Павле ја имал на ум (во Стариот Завет постоеле најразлични жртви). Или, можеби, Христовата жртва била доминантна икона за него. Но нашите тела, веќе „сораспнати“ со Христа се понудени во она кое св. Павле го нарекува наша „духовна служба“ (λογικην λατρειαν).

Нудењето на нашите тела како жртва преку пост и молитва, само по себе е воздигнување на нивото на духовна служба (преводот „духовна“ е можеби поправилен од „разумна“ или „службата која ни доликува нам како луѓе“). Навистина, тешко е да се пости, да се понудат нашите тела како жива жртва. И тоа е многу повеќе од „еднократна“ жртва: се протега преку сите денови и ноќи од овој велик период.

Понатаму, Св. Павле нè советува да не му угодуваме на светот, туку да бидеме преобразени преку преродувањето на нашиот ум (νοῦς), односно срце. Отец Џон Бер ги опишува страстите како „лажни перцепции“, наши лични погрешни толкувања на телото и неговите природни потреби. И на тој начин, преродувањето на нашите умови е внатрешна промена на перцепцијата на самите себе и нашите желби и потреби, или според зборовите на Св. Иринеј, „вистинско разбирање на нештата такви какви што се, односно, Божји и човечки нешта“.

За мене е мошне важно тоа што Св. Павле го завршува ова кратко советување посочувајќи ни го смирението (како што го прави тоа и во втората глава од Посланието до Филипјаните). Нашиот вистински идентитет и нашите умови се преродуваат токму во прифаќањето на Крстот Христов, во празнењето (унижувањето, смирувањето, κένωσις-от) на себе си пред Бога и пред ближните. Не можеме да гледаме во себе си како би се пронашле вистински. „Оти, оној кој сака да го зачува својот живот, ќе го изгуби“. Попрво, вистински ќе се пронајдеме преку губењето во нашите љубени. Тоа е љубовта која сите нешта ги прави возможни за нас.

Постот, како и сите Евангелски нешта, е чин на љубовта. Тоа е така, затоа што постот е вежбање на жртвувањето на себе си. Одрекувајќи се себе си во така мали нешта (како што е воздржувањето од различна храна и пијалоци), учиме да се одречеме од себе си во многу поголеми нешта, како гордоста и гневот, себељубието и зависта. По Божјата милост таквите напори ни се соградуваат во ликот Христов – Кој Самиот го започна Неговото спасително дело постејќи 40 дни, од љубов кон нас.

Отец Стефан Фримен

Извор: http://pravoslavie.mk.

 

19.02.2018 лето Господово

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная