Гордост е кога имаме доверба во себе, во својот ум, во својата сила, кога мислиме дека сме повеќе способни од другиот, подобри, поубави, доблесни и угодни на Бога. Тоа значи дека гревот на гордоста победил, од кој Бог, Кој се понизи поради наше спасение, да нѐ сочува.
Понизете се браќа, затоа што гордиот човек Бог не може да го спаси. Да ги оплакуваме своите гревови овде, така, засекогаш да се радуваме во следниот живот, бидејќи кога ќе го напуштиме овој свет сите ќе нѐ заборават. Да ја положеме својата надеж не во човекот, туку, само во Бога. Луѓето се променливи. Денес ти даваат, а утре бараат. Денес те фалат, утре те кудат. Да ја положеме својата надеж на Божјата милост и никогаш нема да отстапиме од тој пат.
старец Пајсиј Олару
Извор: Дневна Доза Свети Оци
2018 Лето Господово