логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

(Oбновено)

Нашата душа после смрта, МИТАРСТВА.

Раскажување на преподобна Теодора Цариградска за митарствата.



Преподобна Теодора живеела во Константинопол во првата половина на X век. Била мажена, но станала вдовица и живеела богобојажлив живот, служејќи им на сиромашните и поклониците, потоа се замонашила и живеела под духовно раководство на преподобен Василиј Нови (се слави на 26 март). Умрела во длабока старост. Ученикот на св. Василиј, Григориј, го молел старецот да му ја открие задгробната судбина на светата старица Теодора.

И заради неговите упорни молби, по молитвите на старецот, во сон му се открило чудесно видение на Григорија: се нашол во света и преубава градина, каде што ја сретнал преподобна Теодора и каде што ја прашал за тоа како таа се разделила од телото и како дошла во оваа светла обител. И, еве, како одговорила Преподобната:

„Како можам, мило чедо Григорие, се да ти раскажам? После она што во страв и трепет го искусив, многу нешта сум заборавила, дотолку повеќе што видов такви лица и слушнав такви гласови какви што немав прилика да видам и да слушнам никогаш во текот на целиот мој живот. Она што можам да кажам е тоа дека би ме дочекала лута смрт за моите неправедни дела што ги направив на земјата да не беа молитвите на нашиот отец Василиј. Само неговите молитви направија смртта да ми биде лесна.”

После тоа, преподобна Теодора раскажала како пред самата смрт ја плашеле мноштво зли духови што одненадеж се појавиле. Тие донесле големи книги во кои биле напишани гревовите во целиот нејзин живот и ги разгледувале нетрпеливо како секој момент да го очекувале доаѓањето на некој судија. Гледајќи го тоа, таа била во состојба на таков трепет и ужас, така што потполно изнемоштена и болна се вртела, сакајќи да здогледа некој кој би можел да ги изгони демоните. Наоѓајќи се во така мачна состојба, преподобната здогледала два ангела што стоеле покрај неа, а злите духови веднаш малку се оддалечиле.

„Зошто вие, мрачни непријатели на човечкиот род, ја вознемирувате и ја мачите душата на онаа што умира? Не радувајте се, овде нема ништо ваше”, проговорил ангелот. Тогаш бесрамните духови почнале да се присетуваат на се што светителката направила од младоста со збор, дело или помисла. Притоа, многу нешта измислувале, трудејќи се да ја наклеветат преподобната. На крајот дошла смртта, турила нешто во чаша и и принесла на светата да пие, а после, земајќи нож и и ја отсекла главата.

„Ах, чедо мое,” го продолжила раскажувањето преподобна Теодора, „колку ми било тогаш тешко, тешко! Во тој момент смртта ја откорна мојата душа, која брзо се одвои од телото, слично како што птицата брзо одлетува од рацете на ловецот кога тој ја пушта на слобода”.

Светлите ангели ја прифатиле душата на преподобната и почнале да се искачуваат со неа на Небото, додека телото останало да лежи на земјата како исфрлена облека. Додека светлите ангели ја држеле душата на преподобната, злите духови иовторно пристапиле, велејќи: „Имаме многу нејзини гревови, одговарајте ни за нив”. И тогаш ангелите почнале да ги набројуваат сите добри дела што ги направила светата: нејзиното милосрдие, мирољубивост, љубовта кон храмот Божји, трпението, смирението, постовите и многу други подвизи од животот на преподобната. Потоа се појавил и преподобниот старец Василиј и почнал да им говори на ангелите:
„Покровители мои, оваа душа многу ми послужи, тешејќи ја мојата немоќ и старост. Му се молев за неа на Господа и Он ми ја даруваа оваа утеха”.

Притоа, преподобен Василиј на ангелите им дал некакво ковчеже, додавајќи:
„Кога ќе треба да ги поминувате воздушните митарства, искупувајте ја земајќи од ова ковчеже и давајте им на лукавите и зли духови”. Ангелите ја зеле преподобната и упатувајќи се нагоре кон Небесата како да летале во воздух.

Одеднаш, на патот, го сретнале првото митарство, кое се нарекува митарство на празнословие и пцовки. Мачителите барале да се даде одговор за се што преподобна Теодора некогаш лошо зборувала, ја обвинувале за непристојно смеење, потсмев, грди песни. Сето тоа светата го заборавила зашто поминале многу години откако почнала да живее богоугоден живот. Но, ангелите ја заштитиле.

Над тоа се наоѓало митарството на лагата. Злите духови што се наоѓале таму биле многу гадни, одвратни и свирепи. Тие почнале луто да ја клеветат светителката, но ангелите им дале нешто од ковчежето и поминале покрај нив.

Кога преподобната дошла до третото митарство на осудата и клеветата, истапил еден постар зол дух и почнал да зборува со кои лоши зборови преподобната го клеветела некого во својот живот. Зборувал многу нешта и лажно, на зачудувачко било тоа како детално и точно злите духови го запаметиле и она што преподобната го заборавила.

Слугите на четвртото митарство – прејадувањето и пијанството, како грабливи волци биле подготвени да ја зграбат светителката, сеќавајќи се како јадела наутро не помолувајќи му се на Бога, како јадела пред ручекот и вечерата без мера, како ги нарушувала постовите. Обидувајќи се да ја грабнат душата на Теодора од рацете на ангелите, еден од злите духови рекол: „Нели си му ветила на својот Господ Бог, на светото крштавање, дека ќе се одречеш од сатаната и сите дела негови и од се што му припаќа на сатаната? Давајќи таков завет, како си можела да го правиш она што си го правела?” И злите духови ги набројале, дури сите чаши вино што преподобна Теодора ги испила во текот на целиот живот. Кога таа рекла: „Тоа беше и на тоа се сеќавам”, ангелите повторно дале нешто од ковчежето на свети Василиј, како што правеле на секое претходно митарство и се упатиле понатаму.

„Дали луѓето, што се наоѓаат на земјата, знаат што ги чека овде и со што ќе се сретнат после својата смрт?” ги прашала ангелите преподобна Теодора.

„Да, знаат” и одговорил ангелот, но насладите и измамите на животот толку силно делуваат на нив што го преокупираат нивното внимание, па не сакајќи забораваат на она што ги чека после гробот. Добро им е на оние што не го забораваат Светото писмо и кои даваат милостиња или прават некои други добри дела што можат да ги искупат од вечните маки и од пеколот. Но, тешко на оние што живеат безгрижно, како да се бесмртни, мислејќи само за утробата и за гордоста. Ако смртта ги затекне одненадеж, ќе ги погуби неповратно зашто тие не ќе имаат никакви добри дела што би ги заштитиле. Душите на тие луѓе, мрачните кнезови на овие митарства, после силните маки ќе ги одведат во темните места на пеколот и ќе ги држат таму до Христовото доаѓање. Така и ти, Теодоро, ќе пострадаше, ако не добиеше дарови од угодникот Божји Василиј што овде те спасија од се лошо.

Во таков разговор стигнале до петтото митарство – мрзливоста, каде што грешниците се мачат за сите денови и часови поминати без работа. Тука се задржуваат оние што живееле на готово, оние што биле мрзливи да одат во храмот Божји во деновите на празниците. Тука се испитува малодушноста и негрижата како на мирјаните, така и на духовните лица и се испитува негрижата на секого за својата душа. Многумина одовде се турнати во провалија. Ангелите, недостатоците на преподобната, ги надоместувале со даровите од св. Василиј и продолжиле понатаму.


Шестото митарство – кражбите го поминале слободно. Исто така и седмото митарство, на среброљубието и скржавоста, ангелите го поминале без задржување зашто, по милоста Божја, преподобната секогаш била задоволна со она што Бог и го давал и усрдно го раздавала својот имот на сиромашните.


Духовите на осмото митарство – подмитувањето, кои мачат за подмитување и ласкање, од злоба чкртале со забите кога ангелите поминале покрај нив затоа што немале ништо против преподобната.

Деветтото митарство – неправдата и суетата, десеттото – зависта и единаесеттото – гордоста ангелите ги поминале слободно.


Наскоро на пагот го сретнале дванаесеттото митарство – гневот. Најстариот дух, преполн со гнев и гордост, им наредил на слугите да ја мачат и да ја малтретираат преподобната. Злите духови буквално ги повториле сите зборови што преподобната ги изговорила во гнев, се сетиле, дури, и на тоа како со гнев ги гледала своите деца или строго ги казнувала. На сето тоа анге-лите одговориле, давајќи нешто од ковчежето.


Како разбојници скокнале злите духови на тринаесеттото митарство – злопаметењето, но ништо не наоѓајќи во своите записи, горко избегале. Тогаш преподобната се осмелила да праша еден од ангелите одкаде зиаат злите духови кој што лошо направил во животот. Ангелот и одговорил:

„Секој христијанин на светото крштавање добива ангел-чувар, кој невидливо го штити од секое лошо и го учи на секое добро, кој ги запишува сите добри дела што ги направил тој човек. Од друга страна, ангелот на злото во текот на целиот живот ги следи злите човечки дела и ги запишува во својата книга. Тој ги запишува сите гревови за кои, како што виде, ги испитуваат луѓето, кои минуваат низ митарствата и одат на Небото. Овие гревови можат да не и дадат на душата да влезе во рајот и да ја одведат право во бездната, во која што живеат самите зли духови. И таму ќе живеат овие души до Второто доаѓање на нашиот Господ Исус Христос, ако немаат добри дела што би можеле да ги оттргнат од рацете на ѓаволот. Луѓето што веруваат во Света Троица и што се причестуваат, што е можно почесто, со светите тајни на Телото и Крвта на Христа Сиасителот, одат право на Небото, без никакви препреки. Божјите свети ангели се нивни заштитници и светите угодници Божји се молат за душите на луѓето што праведно живееле. За нечестивите и зловерни еретици, кои во животот не прават ништо корисно, никој не се грижи и во нивна заштита ангелите не можат ништо да кажат”.


На четиринаесеттото митарство – разбојништвото, до кое стигнале ангелите, бесовите го испитувале секого што со гнев удрил некого, удрил шлаканица на некого или тепал со некое оружје. И ова митарство ангелите слободно го минале.

Одненадеж се нашле пред петнаесеттото митарство – магионичарството, гатањето (гледањето), труење и призивање на зли духови. Овде се наоѓале многу змијолики духови, на кои цел на постоењето им била да ги наведат луѓето на соблазна и разврат. По благодатта Христова, преподобната брзо го минала ова митарство.


После ова, таа ги прашала ангелите дали човекот, за секој грев што ќе го направи во животот ќе биде мачен на митарствата или постои можност уште во овој живот да се очисти од гревот и да не биде мачен на митарствата. Ангелите и одговориле на преподобна Теодора дека не ги испитуваат сите толку подробно (детално), туку само оние што, како неа, искрено не се исповедувале пред смртта.

„Да исповедував пред духовниот отец, без срам и страв, се грешно и да добиев опростување”, рече преподобна Теодора, „без пречки би поминала низ сите овие митарства и не би ме мачеле, но бидејќи не сакав искрено, пред отецот, да ги исповедувам своите гревовите, сега овде ме мачат. Секако, многу ми помогна тоа што целиот живот се трудев и сакав да го избегнам гревот. Оној што усрдно се труди да се покае, секогаш добива простување од Бога, а преку тоа и слободен премин во задгробниот живот. Злите духови, што се наоѓаат на митарствата заедно со своите записи, отворајќи ги, не наоѓаат ништо напишано, зашто Светиот Дух сето напишано го прави невидливо. И тие гледаат и знаат дека се што е напишано е избришано благодарение на исповедта и многу се бесни. Ако човекот е уште жив, се трудат на тоа место повторно да напишат некои други гревови.

Навистина големо е спасението на човекот во исповедта! Таа го спасува од многу неприлики и несреќи, му овозможува непречено да помине низ сите митарства и да се приближи до Бога. Некои не се исповедуваат во надеж дека има уште време и за спасение и за простување на гревовите. Некои едноставно се срамат, на исповедта пред духовникот, да ги кажат своите гревови – токму таквите ќе бидат строго казнети. Има и такви што се срамат се да му кажат на еден духовен отец, па избираат неколку духовници и му откриваат едни гревови на едниот, други на вториот и така натаму. За таквата исповед ќе бидат казнети и ќе мора да претрпат многу при преминувањето од митарство во митарство.

Незабележително се приближило шеснаесеттото митарство – блудот. Мачителите биле гневни што светата без пречки дошла до нив и кога почнале да зборуваат што направила таа во животот, дале многу лажни тврдења, како потврда наведувајќи многу имиња и места. Исто така постапиле и слугите на седумнаесеттото митарство – прељубата.


Осумнаесеттото митарство е содомско, каде луѓето се мачат за сите противприродни блудни гревови и инцести, за сите најодвратни тајни дела за кои, по зборовите на апостолот, е срамота да се зборува. Нив преподобна Теодора брзо ги поминала. Кога дошле на уште поголема висина, ангелите и рекле: „Ги виде страшните и одвратни блудни митарства. Знај, ретко некоја душа слободно ги минува. Целиот свет паднал во зли соблазни и гнасотија, речиси сите луѓе се сластољубиви, помислите на срцето човечко се зли уште од младини (1 Мој. 8, 21). Малкумина се оние што ги умртвуваат своите плотски похоти и малкумина се оние што слободно поминале покрај овие митарства. Повеќето загинуваат кога ќе дојдат довде. Властите на блудните митарства се фалат дека повеќе од сите други митарства ја пополнуваат огнената својта во пеколот. Заблагодари му на Бога, Теодоро, што си поминала покрај овие блудни мачители по молитвите на твојот отец. Повеќе нема да видиш страв.”


На деветнаесеттото митарство – идолопоклонството и секоја ерес, преподобната за ништо не ја испитувале. Во последното, дваесетто, митарство на немилосрдноста и окрутноста биле запишани сите немилосрдни, окрутни, сурови и оние што мразат. Душата на човекот што џе ги почитувал Божјите заповеди за милосрдието, одовде ја фрлаат во адот и ја затвораат до сеопштото воскресение. Како досадни пчели долетале слугите на суровиот демон, но не наоѓајќи ништо кај преподобната си заминале. Радосни, ангелите, ја вовеле светата низ небесните врати. Кога влегле во Небото, водата, што била над земјата, се разделила, а назад повторно се споила. Ангелскиот собор, ликувајќи, ја пресретнал светителката и ја повеле кон престолот Божји. Кога тргнале, на нив се спуштиле два божествени облака. На неопишлива висина стоел престолот Божји, толку бел што ги осветлувал сите оние што пред него стоеле, и, како што рекла светителката: „Се што таму се наоѓа е такво што не е можно ниту да се сфати, ниту да се објасни; умот станува помрачен со недоумица, и сеќавањето се губи, и јас заборавив каде се наоѓам”. Тогаш преподобната му се поклонила на невидливиот Бог и слушнала глас што наредил да и се покажат сите души, и на праведниците и на грешниците, и после тоа да и се даде мир.

После ова кажување, преподобна Теодора го прошетала Григорија по Небесната обител, го вовела во дворецот, во градината, каде што тој, поттикнат од богатството, посакал да дознае нешто повеќе за нив, но преподобната му рекла дека во сето тоа неземно зема учество оној што во земниот живот ќе претрпи многу болки и напади, кој ги чува Христовите заповеди и точно ги извршува. Така Григориј, поклонувајќи и се на светителката, се вратил дома и почнал да размислува за виденото. Плашејќи се тоа да не е искушение од злите духови, тој побрзал кај учителот, преподобниот Василиј, но овој, претекнувајќи го, самиот му го раскажал сето она што Григориј го видел и го замолил да го запише тоа што го видел и слушнал за корист на ближните.

Мислиме дека секој христијанин што се кае, оти ќе најде огромна корист за себе во ова раскажување, дека со страв ќе се замисли над она што го чека после упокојувањето и дека ќе посака, уште додека има време, повторно трезвено да го процени својот живот, своите постапки, зборови и мисли и дека побрзо ќе го исповедува сето она што е грешно, без таење (криење), отфрлувајќи ја нерешителноста Амин.



09.08.2018

Извор: ФБ на Православен Источник Гевгелија‎

 

Преподобна Теодора Цариградска

Монахиња и послушничка на Св. Василиј Нови (под 26 март). По смртта му се јави на Св. Григориј, ученик на Василиј, и му ги опиша дваесетте митарства што ги минувала нејзината душа дури со помошта на молитвите на Св. Василиј не влегла во вечниот спокој. Се престави кај Господ на 30 декември 940 година.

Друго:

Св. преподобна Теодора Цариградска

http://www.pravoslavieto.com/life/12.30_sv_Teodora_Tsarigradska.htm

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3226
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7718
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная