логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 лого

9ти ноември   2020 лето Господово

 

КАНОН ЗА БОЛНИ


Песна 1.

     Некогаш, Израил премина како по копно по морето со стап раздвоено, крстообразно припремајќи ги патеките; затоа да пееме, принесувајќи Му пофалба на нашиот чудесен Бог, зашто Он се прослави !

     Припев: Милостив Господи, услиши ја молитвата на слугите Свои што ти се молат !

     Во денот на тагата што не снајде, Кон Тебе, Христос Спасителот, прибегнувајќи, молиме за Твојата милост. Олесни ја болеста на Твојот слуга, кажи ни ги зборовите што си му ги изговорил на капетанот : Оди, еве здрав е твојот слуга.

     Милостив Господи, услиши ја молитвата на слугите Свои што ти се молат !

     Молитви и молби со воздишки Тебе Ти принесуваме, Сине Божји, помилуј не. Подигни го оној што на одарот на болеста лежи, како некогаш раслабениот, со зборовите Свои : Земи го одарот свој, ти се отпуштаат гревовите твои.

     Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.

     Поклонувајќи се на Твојата икона, Христе, со вера ја бакнуваме и за болниот здравје молиме, како крвоточивата жена, која допирајќи се до крајот на Твојата риза, доби исцеление од раните.

     И сега, и секогаш и во вечни векови . Амин.

     Пречиста Госпоѓо Богородице, на сите сигурна Помошничке, немој да не презреш нас, кои кон Тебе приоѓаме, но по добротата Своја моли го Синот Свој и Бог да му подари здравје на болниот за и тој со нас да Те прославува.


Песна 3.

     Ти, Кој од ништо си ги створил сите созданија, со збор создавајќи, со дух усовршувајќи, Седржителу Вишни, во љубовта Твоја утврди ме.

     Милостив Господи, услиши ја молитвата на слугите Свои што ти се молат !

     Овој, кој од тешката болест на земја е соборен, Тебе, Христе, молитвени извици заедно со нас ти принесува : подари му здравје на неговото тело, како некогаш на Језекија кога пред Тебе плачеше.

     Милостив Господи, услиши ја молитвата на слугите Свои што ти се молат !

     Погледај, Господи, на нашето смирение и не споменувај ги нашите беззаконија, но болниот заради верата на неговите зборови исцели го, за да се прославува Христе Боже Твоето име.

     Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.

     Не дозволувај , Христе,  да ја хулат Црквата во која ти се молиме, а која Ти си ја осветил, но подигни го на невидлив начин овој, кој на одарот на болеста во неволја лежи, да не кажат неверниците : Каде ли е нивниот Бог ?

     И сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

     Подигнувајќи ги рацете кон Твојата пречиста икона, Богородице, молитвено извикуваме : услиши ја молитвата на Своите слуги и спаси го овој што во болест лежи, за кога ке стане, да ги исполни заветите што во жалоста ги изрекоа неговите усни.


Седален, глас 8.

     Мене, кој на гревовниот одар лежам и кој сум од страсти ранет, посети ме, Милостив, во болеста моја, како што Петровата баба ја подигна и раслабениот кого на одар го донесоа го спаси Ти, Кој немоќите на човечкиот род ги понесе. Зашто Тебе, Христе Боже наш, Единствен Те знаеме како трпелив и милосрден и милостив Лекар на душите и телата, Кој  допушташ слабости, но и одново исцелуваш, и Кој им даруваш опростување на оние што за гревовите свои се каат, зашто си Единствен милосрден и милостив.

     Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.

     Јас, грешниот, кон Тебе плачам, на одарот свој лежејќи; подари ми опростување, Христе Боже, и подигни ме од оваа болест и отпуст на сите гревови што од младоста своја ги направив, по молитвите на Богородица подари ми.

     И сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

     Смилувај се и спаси ме, од одарот на болеста подигни ме, зашто ми изнемогна снагата и целиот сум обземен од очајание. Мајко Божја, Пречиста, исцели ме мене, кој луто се мачам, зашто си Ти Помошничка на Христијаните.


Песна 4.

    Темел си поставил со Својата непоместлива љубов кон нас Господи, зашто Својот Единороден Син заради нас на смрт си го дал ; затоа благодарно Ти воскликнуваме : Слава на Твојата сила Господи !
     
     Милостив Господи, услиши ја молитвата на слугите Свои што ти се молат !

     Поврати го, Христе, во живот оној кој веќе очајува заради неговите лути рани и кој до смртта се приближи, и подари им утеха на оние што плачат, па сите да ги славиме Твоите свети чудеса.

     Милостив Господи, услиши ја молитвата на слугите Свои што ти се молат !

     Пред Тебе, Чудотворче, се каеме за гревовите свои, зашто Ти не ја сакаш смртта на грешникот ; затоа, оживи го и исцели го овој болен, за кога ке стане да ти послужи Тебе, објавувајќи ја со нас добротата Твоја.

     Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.
 
     Си ги примил солзите Манасиеви, покајанието на Ниневјаните и исповедувањето Давидово и набрзо спасение си им подарил; и нашите молитви прими ги сега и подариму здравје на болниот за кого ти се молиме !

     И сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

     Подари ни ја милоста Твоја, Госпоѓо, зашто секогаш на Тебе се надеваме ; испроси здравје за болниот, Богородице, Ти, која заедно со Претечата ги подаваш Своите исцелителни раце кон Господа Бога.



Песна 5.

     На земјата си се појавил, Ти - Невидливиот, и како човек доброволно си поживеал, о, Непоимлив!  Кон Тебе со утринска молитва приоѓајќи, Ти пееме Човекољупче.

     Милостив Господи, услиши ја молитвата на слугите Свои што ти се молат !

     Јаировата ќерка која веќе беше умрена, ја оживеа како Бог ; и сега, Христе Боже, од преддворието на смртта оддалечи го овој болен, зашто Ти си пат и живот за сите.

     Милостив Господи, услиши ја молитвата на слугите Свои што ти се молат !

     Ти, Кој вдовичиниот син го оживеа, Спасе, и нејзините солзи во радост ги претвори, спаси го слугата Твој што од рани пати, па и нашите патења и болки во радост да се претворат.

     Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.

     Ти Кој од огинот на грозницата Петровата баба со допирот Свој си ја исцелил, и сега подигни го болниот слуга Свој, па станувајќи, како и Јон Тебе да ти послужи.

     И сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

     Ние, нажалените, смирените, грешните, кои смелост немаме, кон Тебе, пречиста Богородице Мајко извикуваме : помоли го Синот Свој -- Христа, да му подари на болниот телесно здравје.


Песна 6.

     Најкрајната бездна на гревот ме проголта, еве, исчезнува духот мој; но Ти, Владико, подај ја многумоќната Своја рака и спаси ме, како Петра, зашто Ти над сите управуваш.

     Милостив Господи, услиши ја молитвата на слугите Свои што ти се молат !

     Имајќи пространо море на милосрдие и милост, Христе Боже, услиши ги молењата на Твоите слуги, Ти, кој преку Петра си ја воскреснал Тавита, сега подигни го и овој, кој во болест лежи, услишувајќи ги молбите на црковните молитвеници.

     Милостив Господи, услиши ја молитвата на слугите Свои што ти се молат !

     Лекару на душите и телата наши, Христе, Ти кој си ја понел немоќта на целиот свет, и Енеја преку Петра си го исцелил, и сега исцели го болниот по молитвите на светите Апостоли Твои.

     Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.

     Обрати го, Христе, на радост ридањето за овој кој во немоќ пати, па здобивајќи ја Твојата милост, да дојдат во домот Твој со ветените дарови, славејќи Те Тебе, Единиот во Троица Бог.

     И сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

     Дојдете, пријатели, да И се поклониме на Божјата Мајка, која за болниот се моли, зашто Таа има власт, заедно со Бессребрениците, немоќните да ги исцелува, невидливо помазувајќи ги со духовен елеј.


Кондак, гл. 3.

     Мојата душа, Господи, што во секакви гревови пребива, раслабена од непристојни дела, со Своето божествено човекољубие подигни ја, како што некогаш раслабениот си го подигнал, за од Тебе спасен да воскликнам : подари ми исцеление, Христе Милостив !


Икос :

     Ти, Кој во Својата рака држиш се, Исусе, Боже, Кој си собеспочетен на Отецот и со Духот Свет над сите владееш, Си се јавил во тело, исцелувајќи немоќи, и човечките страсти Си ги очистил, на слепите вид Си им подарил, раслабениот со Божјото слово Си го подигнал, оспособувајќи го право да оди и заповедајќи му одарот свој на рамо да го земе. Затоа сите ние со него воскликнуваме и пееме : подари ми исцеление, Христе милостив !


Песна 7

     Некогаш на златниот лик, идолот персиски, три момчиња не му се поклонија, па среде печката пееја : благословен си Боже на нашите отци !

     Милостив Господи, услиши ја молитвата на слугите Свои што ти се молат !

     О, Пресвети Крсту Христов, чесно Дрво на Животот, со Тебе смртта се уништи и мртвите воскреснаа ; и сега болниов исцели го и оживеј го, како умрената девојка во времето на царица Елена.

     Милостив Господи, услиши ја молитвата на слугите Свои што ти се молат !

     Со зборот Свој, Господи, си ја исцелил долгата и лута болест на Јов, кој со гнојни рани покриен, во пепел седеше и Тебе Ти се молеше; и сега в Црква за овој болен се молиме : исцели го на невидлив начин по добротата Своја и молитвите на Светиите Твои.

     Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.

     Сите знаеме дека мора да умреме, зашто Таква е волјата Твоја, Боже наш, но за кратко, Милостив Те молиме: подари му здравје на овој кој боледува, смртта во живот обрати ја и на ожалостените утеха подари им.

     И сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

     Поткрепа и помош подари ни нам сиромашните, Богородице, зашто Ти го знаеш времето и часот во кој ќе Го замолиш Својот Син и наш Бог да му подари на болниот здравје и прошка на сите гревови.


Песна 8.

     Служејќи му на Живиот Бог, момчињата во Вавилон поднесоа страдања, за свирење и песна не грижејќи се; сред пламенот стоеја и богодолична песна пееја, воскликнувајќи : благословувајте го Бога сите творенија Господови !

     Милостив Господи, услиши ја молитвата на слугите Свои што ти се молат !

     Покажи му, Владико, во болеста милост на слугата Свој и брзо исцели го, милостив Христе Боже ; немој сеуште на судната смрт да го предадеш, за да може да Ти принесе покајание, зашто Сам Ти си рекол : Не ја сакам смртта на грешникот.

     Милостив Господи, услиши ја молитвата на слугите Свои што ти се молат !

     Нека ни се покажат и нам, Господи, Твоите преславни чудеса : демоните изгонувај ги, немоќите уништи ги, раните исцели ги, болестите излечи ги, од врачања и маѓии и од секакви немоќи избави не.

     Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.

     Ти, Кој си им запретил на морските ветрови, Христе, и стравот на учениците во радост си го претворил, и сега запрети им на тешките болести што го мачат Твојот слуга, па сите да се зарадуваме, фалејќи Те во векови.

     И сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

     Избави не, Богородице, од жалостите кои не снајдоа, од секакви немоќи, од труења и маѓии , од демонски привиденија и замки на злобни луѓе и од ненадејна смрт, Ти се молиме.


Песна 9.

     На гората Синајска Те здогледа во капината Мојсеј -- Тебе Која Божествениот оган во утробата Го зачна, не бивајќи спалена. Данило Те виде како Гора цврста; процветан стап од коренот Давидов! -- Исаија воскликнуваше.

     Милостив Господи, услиши ја молитвата на слугите Свои што ти се молат !

     Извору на животот, Дарителу на милоста, Христе, не одвраќај го лицето Свое од нас ; олесни ја болката на овој кој е од болест напатен и подигни го како што Тадеј го подигна Авгара, па секогаш со Отецот и Светиот Дух да Те прославува.

     Милостив Господи, услиши ја молитвата на слугите Свои што ти се молат !

     Верувајќи им на зборовите на Евангелието, си спомнуваме за она што си го ветил, Христе, велејќи : Барајте и ке ви се даде ; затоа и сега, пред Тебе стоејќи, Ти се молиме : подигни го од одарот на болеста во здравје, овој кој од лута немоќ е обземен, па заедно со нас да Те возвеличува.

     Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.

     Овој, кој од немоќи и невидливи рани е мачен од внатрешноста, кон Тебе, Христе, со нас извикува : немој нам Господи и не заради нас, зашто сите сме со гревови исполнети, но по молитвите на Твојата Мајка и Претечата, подари му исцеление на овој што боледува, па сите да Те прославиме.

     И сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

     Пречиста Мајко Божја, со сите Светии Тебе те повикуваме : со Ангелите и Архангелите, со пророците и патријарсите, со апостолите, со преподобните и праведните, моли се на нашиот Христос Бог да му подари здравје на болниот, па сите да Те величаме.


Молитва

     Боже силен, Кој се милостиво уредуваш за спасение на човечкиот род, посети го овој Свој слуга (  име  ) , кој го повикува името на Твојот Христос ; исцели го од секаква телесна немоќ и отпушти му ги гревовите и соблазните гревовни; и секое искушение и секаков непријателски напад од слугата Твој оддалечи. И подигни го од гревовниот одар, и во Црквата Твоја Света врати го душевно и телесно здрав, па правејќи добри дела, со сите луѓе да го слави името на Твојот Христос, зашто Тебе слава Ти вознесуваме, со беспочетниот Твој Син и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови . Амин.


Молитви за болни


Тропар гл. 4

     Ти си, Христе, единствен брз заштитник ; скоро удостој го со Твојата посета од висините напатениот слуга Твој  (  име  )  и избави го од немоќта и горката болест ; и подигни го да Ти пее и непрестано да Те слави Тебе, по молитвите на Богородица, Единствен Човекољупче.


Кондак гл. 2

     Како што некогаш, Спасе, Петровата баба си ја подигнал и раслабениот кого на одарот го носеа си го исцелил, така и сега, милостив, посети и исцели го овој страдалник кој на одарот на болеста лежи и осило (бодеж) на смртни рани поднесува . Зашто Ти, Единствен, немоќите и болестите на нашиот род ги понесе, и се можеш да направиш како Многумилостив.


Молитва

     Владетелу, Седржителу, Свети Царе, кој казнуваш но не погубуваш, Кој паднатите ги подигнуваш и ги поправаш и телесните човекови страдања на добро ги усмеруваш : Ти се молиме, Боже наш, по милоста Своја, посети го Твојот слуга ( име ) кој во немоќ пребива и прости му ги сите прегрешенија волни и неволни. О, Господе, испрати ја Твојата исцелителна сила од небесата, допри се до неговото тело, жарот на грозницата угаси го, стиши ја болката  и секоја притаена немоќ; биди му лекар на Твојот слуга  ( име ) , подигни го од болната постела и од одарот на неговите тегоби целосен и сесовршен, подари го на Црквата Твоја, да Ти угодува во добро и да ја извршува  волјата Твоја. Зашто Твое е да милуваш и спасуваш, Боже наш, и Тебе слава Ти вознесуваме - на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

 

Подготви: С.Л.

16-ти септември 2018 лето Господово

 

Извор

TVITer270

П.П. 2018-09-18 06:49:55

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7708
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная