Еден рибар еднаш донел свежа риба на отецот Мина, (побожен монах од скитот Света Ана) за некој празник. Старецот се чудел кога човекот ги фатил рибите, зашто била недела. Затоа го прашал рибарот:
„Кога ги фати рибите?“
Тој одговори:
„Утрово. Затоа се толку свежи.“
Отец Мена тогаш му рекол:
„Јас не можам да ги купам, чедо мое. Тие се проколнати, бидејќи си ги фатил во недела.“
Рибарот не можел да разбере, и старецот повторно му рекол:
„Дали сакаш самиот да се увериш? Дај и една риба на мачкава и види дали ќе ја јаде.“
Се разбира, мачката не сакала да ја јаде. Таа не ја ни допрела рибата. Природно, рибарот бил вчудоневиден кога го видел тоа, и оттогаш ја почитувал неделата и големите празници.
Отецот Мина водел примерен монашки живот и се одликувал со својата побожност и аскетизам. Тој јадел храна без масло, еднаш дневно, после деветтиот час. Затоа и можело да се очекува дека божествената благодат ќе почива врз него, бидејќи бил и многу простодушен.
Автор: Преп. Пајсиј Светогорец
Извор: Бигорски манастир