логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

(Обновено)

3.angeli.so.truba

За жал денес многу жени не знаат што значи тоа, да принесеш една просфора. Повеќето трчаат во соседните пекари, купуваат просфора и ставајќи ја во едно ќесе, ја носат во црква. Не знаат дека просфората ја символизира Пресвета Богородица и онаа што ќе ја подготвува, како друга света Ана ја носи во црква. Таму ја прима свештеникот, како друг Јосиф, како да ја прима Богородица и ја поставува на проскомидијата, на новиοт Витлеем.

Потоа свештеникот ја принесува, значи вади од просфората едно квадратно парче на кое пишува ИС ХС НИ КА (ΙΣ ΧΣ ΝΙ ΚΑ – Исус Христос победува) коешто Го символизира Христа и се нарекува „Агнец“ (Јагне). Потоа свештеникот ја вади честичката на Богородица, во чест и спомен на Богомајката на кое пишува ΜΘ (Μήτηρ Θεού – Мајка Божја) и се наоѓа точно лево од печатот. Ја поставува десно од телото Христово врз дискосот, од почит.

Потоа ја вади честичката на небесните сили, ангелите и архангелите, која се наоѓа лево од агнецот и има девет мали триаголници, деветте чинови на ангелите. Потоа и другите честички во чест на Претечата, пророците, апостолите, на светите маченици и исповедници, на светителот што се празнува во тој ден и на светиот Златоуст или Василиј Велики, според тоа чија литургија се служи. Сите овие честички се поставуваат лево од агнецот.

Останатиот дел од просфората е символ на „девственото тело“ на Пресвета Богородица, и откако ќе биде благословено од свештеникот се употребува како нафора.


Просфората е сочинета од три состојки: брашно со квасец што ја претставува душата, вода што го претставува крштението и сол што го претставува учењето на Господ кон Неговите ученици: „Вие сте солта на земјата“.

На крајот свештенослужителот вади честичка за архиерејот или игуменот (игуменијата) на монашката обител, доколку литургијата се служи во манастир, и честичка за оние кои ги принеле тие дарови, за христољубивиот народ, за парохјаните, за ктиторите, и на крајот за нашите упокоени ближни. Овие честички ги положува пред Телото Христово, бидејќи се принесуваат за нас смирените, кои се надеваме  во милоста и човекољубието Божјо.

Просфората е округла, зашто ја претставува беспочетноста и бескрајноста на Бога.

 

Подготовка на просфората
 

Просфората ќе треба да се закваси со квасец којшто обично благочестивите жени го „зафаќаат“ со босилек од денот на Воздвижението на Чесниот Крст (Крстовден). Замесувањето ќе треба да се прави на чисто место и во садови (вангла, тепсии, крпи и др.) кои ќе се употребуваат само за таа цел. Тие садови треба да бидат потполно чисти, но чиста треба да биде со телото и со душата и жената која ќе ја меси просфората.

Пред да почнеме со замесување, ја прекрстуваме три пати ванглата, но и во текот на месењето треба да се молиме кажувајќи ја спасителната Исусова молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј ме мене грешната“ или други молитви за да се задржи умот прикован  за ова свештено дело на подготовка на просфората.

Почнувајќи, го раствораме квасецот, откако сме го извадиле одвечер од фрижидерот каде што го чуваме, во една чаша со студена вода додека да стане една мека каша. Во зависност од тоа, колку просфори сакаме да замесиме, го раствораме квасецот во ист број чаши со студена вода (една просфора соодветствува на една чаша студена вода, две просфори на две чаши итн.).

Потоа, откако ќе ставиме малку сол, го истураме полека полека во кашата (смесата од квасец и вода) брашното (остро жолто пченично) колку што треба, додека да стане тестото тврдо.

За секоја просфора подготвуваме една округла топка од тесто (можеме да направиме две помали топчиња и да ги залепиме една врз друга). Го притиснуваме печатот насреде, откако претходно ќе го ставиме во брашно и ќе го истресеме добро. Внимателно го вадиме печатот и правиме дупчиња на просфората околу печатот и на четирите агли од ИС ХС НИ КА. Откако ќе нарасне на топло место додека да се удвои големината на тестото, ја печеме на температура од околу 200 степени околу еден час.

Штом ќе завршиме, ги миеме садовите што ги користевме со сунѓер само за таа намена.
 

На што треба да внимаваме?
 

Квасецот да биде топол во сите етапи од подготовката на просфората;

Пред да ги ставиме просфорите во печка повторно правиме дупчиња на истите места кои ги направивме пред да ги ставиме да нараснат;

На дното од тепсијата ставаме малку брашно за да не се залепи просфората;

Пред да ја носиме во црква ја обвиткуваме во посебна чиста крпа;

Не забораваме да зачуваме малку квас за наредниот пат, во посебен сад;

Внимавајте на печатот, зашто распространети се многу несоодветни. Да биде со јасни букви, како што е покажано на фотографијата и да бидат длабоко издлабени.

 

Превод од грчки јазик:

Ѓакон Јани Мулев

Наслов на изворникот:

ΠΡΟΣΦΟΡΟ,

Η σημασία καί ο τρόπος παρασκευής του,

Μοναχική Εκφραση,

Μαϊος-Ιούνιος 2004

Православна светлина бр. 11

https://crkvaveles.wordpress.com/2012/10/22/prosfora-podgotovka/

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

25/11/2024 - понеделник

Свети Јован Милостив; Светиот пророк Ахија; Преподобен Нил Синајски; Преподобен Нил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная