Дојди, Светлост Вистинска!
Дојди, Животе Вечен!Дојди, Таинство Скриено!
Дојди, ризнице Неименувана!
Дојди, Стварност Неизразена!
Дојди ,личност Недопирлива!
Дојди, Веселбо Вечна!
Дојди, Светлост Безвечерна!
Дојди, за сите што спасени ќе бидат, Надежу Вистински!
Дојди, за паднатите, Подигање!
Дојди, за мртвите, Воскресение!
Дојди, Силни, Кој се секогаш твориш, преобразуваш!
Дојди, Невидлив и никако Недостигнат и недопирлив!
Дојди, Ти, кој останувајќи секогаш непокретен, секој миг Сиот се движиш и ни доаѓаш нам
што лежиме во пеколот, о Превозвишен на сите неба!
Дојди, Радост Вечна! Дојди, Венец Невенлив! Дојди, Порфиро на нашиот Голем Бог и Цар наш!
Дојди, Облеко непристапна!
Дојди, Скерлету Царски и вистинска Самодржна Десницо!
Дојди, Ти по Кој закопнее и копнее бедната душа моја!
Дојди, Ти Кој си ме одделил од се и си направил да бидам осамен на земјата!
Дојди, Ти Кој си станал сама копнеж во мене и направи да копнеам по Тебе, совршено Непристапен!
Дојди, о Здиву мој и Живот мој!
Дојди, Утехо на бедната душа моја!
Дојди, Радост и Слово и бескрајно Насладување!
Ти благодарам што со Духот си останал со мене, неизменлив, непроменет, Ти Бог над сите, и што Сам си станал во се мое се, Храно, неискажана и никогаш непотрошлива, Која вечно се преизлева во усната на мојата душа, и се преизвираш во изворот на моето срце,
Одеждо Огнена Која демонот го спржува, Очистување Кое со солзи ме измиваш, нетлеен и свет, што со Твоето присуство ги даруваш оние на кои им доаѓаш!
Ти благодарам Тебе што си ми станал Светло Безвечерно и Сонце незајдено, Ти Кој нема каде да се сокриеш, исполнувајќи се со Слава Своја секолкава!
Добро и секоја слава и секоја Наслада Тебе Ти прилега Слава на Светата Единосушна и Живототворна Троица, Која во Отецот и Синот и Светиот Дух, почитува и познава и исповеда и го обожуваат сите верни, сега, секогаш и во сите векови.
Амин!
Подготви: Стојанка Тежак