Но немајќи ја духовната будност, постојано е ограбуван и живее во агонијата од чувството на ограбеност која е дело на ѓаволот и неговата неблагочестива логика - неморалот, всушност, анти-моралот, во која, човекот од овој свет, одамна станал вистински виртуоз.
Оттаму е и потребата од подготвеност за невидливата борба. За аскетскиот подвиг. За истрајноста во молитвата, постот, покајанието и проштевањето. Нашата сила, пак, е во блажениот покров на
Христовото ветување: „Не бој се, мало стадо! Зашто волјата на вашиот Отец е вам да ви го даде царството.“ (Извадок)