логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Живееше еднаш едно благословено семејство. Родителите, кои веруваа во Бога и имаа големо смирение, ги водеа своите две деца по Христовиот пат. Од мали овие две деца Го засакаа Бога. Прислужувањето во Црква, покрај свешеникот, беше една од нивните најголеми радости. Кога доволно пораснаа, одлучија остатокот од својот живот да го посветат на Црквата.

Така, значи, ги оставија своите стари родители, удобностите и задоволствата од овој свет и заради Христовата љубов го прифатија монашкиот живот. Едниот го избра подвижништвото и самотијата на пустината, затоа отиде длабоко во неа, најде еден скит и стана пустиножител.

Другиот брат, оној помладиот, го сметаше општожитието за подобар и посигурен пат за постигнување на својата цел. Најде еден манастир со свет игумен и смирени отци и стана монах во него. Неговото послушание беше совршено и примерно. Сите отци во манастирот го сакаа и почитуваа, бидејќи секогаш беше подготвен да ги послуша заповедите кои му ги даваа. Се чинеше дека неговата волја воопшто не постои.

Времето минуваше и послушанието на помладиот брат стана познато во целата покраина. Така, неговата слава стигна и до длабочината на пустината, таму каде што се подвизуваше постариот брат. Кога пустиножителот го чу тоа, не поверува и сакаше и сам да го испроба послушанието на својот брат. Затоа замина од пустината и стигна во манастирот во кој беше неговиот брат. Го сретна и го замоли да прошетаат наоколу за да поразговараат, бидејќи толку години не се виделе. Помладиот брат прифати со задоволство и излегоа од манастирот.

Шетајќи, стигнаа до една река, за која постариот брат од порано знаеше дека е полна со крокодили.

- Влези во реката, брате, и излези на спротивниот брег, заповеда пустиножителот.

- Нека е благословено, одговори помладиот брат и пријде кон реката. Постариот брат беше сигурен дека помладиот нема да успее и дека ќе го изедат крокодилите. Меѓутоа, добриот послушник, кој никогаш во својот ум не ставаше лоши помисли, туку едноставно ги следеше заповедите на другите, влезе во реката и пливајќи стигна на спротивната страна. Свирепите крокодили не само што не му направија ништо лошо, туку, напротив, сето време додека тој пливаше, го следеа од назад и му ги лижеа нозете. Овој призор го запрепасти пустиножителот. Остана без зборови.

Тргнаа, потоа, да се вратат кон манастирот. На патот, малку пред да стигнат, наидоа на некој мртовец. Некои го ограбиле и убиле. Беше гол и на двајцата браќа им беше жал.

- Ајде, брате, да соблечеме секој по еден дел од облеката и да го облечеме овој несреќник, рече пустиножителот.

- Прости ми, брате, но зарем не е подобро да се помолиме за него, може Бог ќе му се смилува и ќе го воскресне. Така и направија. Добриот Бог ја услиша нивната молитва и го воскресна мртовецот. Ова големо чудо го исполни на пустиножителот со себичност и тој рече:

- Ова чудо Бог ни го подари заради моето големо подвизување во пустината.

Помладиот брат не рече ништо и калуѓерите го продолжија својот пат до манастирот. Но, на влезот на манастирот ги чекаше игуменот.

Тој беше свет човек и Бог му беше открил сé што тој ден се случило. Штом двајцата браќа се приближија, игуменот го одведе пустиножителот настрана и строго му рече:

- Зошто, дете мое, својот брат го изложи на толкава опасност во реката? И знај дека послушанието на твојот помлад брат беше она што го воскресна мртовецот.

Пустиножителот не издржа. Игуменовиот збор го потресе и солзи покајнички се појавија во неговите очи. Побара прошка од Бога и од игуменот и веднаш отиде да го побара својот брат. Кога го здогледа, падна на колена и рече:

- Прости ми, брате мој. Згрешив пред Бога и пред тебе. Прости ми што кај реката те доведов во опасност. Прости ми.

Помладиот брат му прости и од тој час живееја во љубов и се подвизуваа заедно за спасение на своите души.

 

 Избор од фб прохил на

Николај Филотеев

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2074
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2092
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 537
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная