логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

„Овие двајца преблажени и богоугодни мажи со ништо не се покажаа помали од Мојсеј и Арон. Напоени од истиот Божји Дух одозгора, удостоени со двојна благодат, тие ги зедоа луѓето од многумрачното ѓаволско море, го потопија мислениот фараон и ја уништија сета сила негова. Откако се вооружија со верата и со силата на Крстот, тие го изведоа народот не во пустината, туку го насочија кон светлината на богопознанието. Тие не извадија вода од камен, туку со вера ги напоија жедните за словото Божјо. Тие извадија вода не од бесчувствен камен како оние, туку за спасение на верните им ја дадоа истечената крв и вода од пречистите ребра на нашиот Господ Исус Христос, како вечна храна и бескраен живот. Тие го нахранија народот не со ангелски леб, туку за прошка на гревовите им го дадоа самото Тело на нашиот Господ Исус Христос“
(Од Пофалното слово на Св. Климент Охридски за Светите Кирил и Методиј).

 

Денес на Црквата ѝ блесна светлозарниот спомен на преблажените наши отци, Кирил и Методиј, нови апостоли и учители на словенските земји, кои со благоверие изгреаја меѓу Славјаните како сонце, просветлувајќи ги со зраците на Триипостасното Божество. Како достојни ученици на византискиот дух и култура, а длабоко вљубени во богатството на словенската традиција со која од мали дошле во допир, светите браќа Кирил и Методиј достојно беа призвани од Бога да станат апостоли и учители на Словените, предавајќи им го најскапоцениот дар – спасителната вера и љубовта кон Троичниот и единствениот вистински Бог. И тие, како Негови верни слуги, не се двоумеа ни миг, туку откако добро се подготвија, тргнаа на својот рамноапостолен подвиг во служба на Евангелието, среде пагански народи кои длабоко во себе копнееја по учители што ќе им го отворат патот кон спасението и вечниот живот. Вистината и силата на нивната моќна порака произлезе од скриената тајна на Христовата искупителна жртва и спасението, а нивното евангелизаторско дело, еднаш извршено меѓу словенските народи, не престанува да раѓа плодови и се протега во вечноста, каде што сега пребиваат во слава, радувајќи се со Оној Кој им ја довери таа благородна и света задача. Зашто тие на дело ги исполнија зборовите кои Христос им ги упати на Своите апостоли: „Одете по сиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание“.



Токму поради ова славно евангелско дело, денес силно заблеска споменот на Светите Браќа Кирил и Методиј, кои Бигорската Свештена Обител ги слави со особена почит и големи торжества. Преполниот храм во нивниот скит над с. Битуше блескаше со празнична убавина, а прекрасното природно опкружување ликуваше заедно со сите верни. Радоста, пак, беше уште поголема кога после празничната Литургија, најмладите членови на Центарот за едукација на македонски фолклор „МИТЕВИ“, во дворот на скитот ги почестија присутните со својот весел и едукативен настап. Вистинска наслада за верните беше и умилното слово на нашиот возљубен Старец, Архимандрит Партениј, кој исполнет со посебна почит кон овие наши свети учители и просветители, не ја криеше својата трогнатост од големата љубов и снисходливост која тие ја покажале кон нашиот славјански род:

 

„Христос воскресе!

Во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух!

Мили мои, големо е делото на проповедниците и учителите на словото Божјо и уште поголем е заветот со којшто нѐ задолжиле, како нивни духовни рожби, да го продолжиме тоа свето дело. Затоа Апостолот Павле за учителите на Божественото слово пишува: Помнете ги вашите наставници, што ви го проповедаа словото Божјо и … подражавајте ја верата нивна (Евр. 13,7).
Архимандрит Партениј Бигорски

 

Денес го славиме споменот на двајца величествени наставници на верата Божја среде словенските и многу други народи, празникот на двајца богопросветлени проповедници, Светите рамноапостолни Кирил и Методиј, коишто, имајќи го вдахновението на Духот Свети, успеале половина Европа и делови од Азија да ги приведат кон светлината Христова, кон животворното Словото Божјо. Задачата на овие двајца духовни мажи била невозможна, нивниот подвиг – неверојатен! Потребно било сосема да се вложат себеси, како жртва жива, во темелите на новата Црква, а тоа подразбирало што друго ако не доброволно распетие. Да се гради Црква значи непрестајно да се пролева духовна крв. Самиот наш Спасител Господ Исус Христос на тој начин ја основал Црквата Своја – распнувајќи се на Крстот и постанувајќи темел на верата. И сите оние што Го последувале низ вековите до денес, пролевале маченичка и духовна крв, почнувајќи од светите Апостоли, коишто доброволно пострадале за вистинското откровение Божјо. Пострадале апостолите, пострадале мачениците, пострадале преподобните, но не загинале. Напротив, придобиле живот вечен, бидејќи Го проповедале вечно живиот и воскреснатиот Христос.



И овие двајца Рамноапостоли биле испратени во мачеништво, како овци меѓу волци (Матеј 10,16), кај нецивилизирани народи, агресивни и диви, со страшни гревовни навики. Народи предадени на ужасни беззаконија, укотвени во падот Адамов. Еднаш направениот грев, почне ли да се повторува, тој се претвора во една ропска навика која целосно го оковува човекот, така што станува невозможно за него да се ослободи, освен преку голем подвиг, молитва и покајание, преку кои се привлекува избавителната благодат Божја. Никогаш не заборавајте какво страшно нешто е гревот што преминал во навика! Доколку се случи да паднете во некаков грев, веднаш потрудете се со покајание да се исправите. Св. Јован Златоуст вели: „Не е страшно за човек да падне во грев, тоа е човечки, но страшно е човек да остане во гревот – тоа е веќе нешто демонско“. Имајќи го на ум ова, да се трудиме да го одбегнуваме гревот и постојано да го победуваме, бидејќи страстите непрестајно дејствуваат во нас и гревот е нешто против кое до крајот на животот ќе треба да се бориме. Без таа борба, без христијанскиот подвиг, би заприлегале на паганските народи што не Го познавале Христа, Кој е Светлина, Пат, Живот и Вистина. Нивните стихијни религии и верување сами по себе произведувале многу негативни особини и мрачни навики, коишто длабоко вкоренети во душите на луѓето, во нивниот секојдневниот живот, неодоливо ги влечеле само надолу, не давајќи им да го кренат својот внатрешен поглед кон небото, кон возвишеното. Колку тешко им било на Апостолите да ги ослободат од ропските гревовни навики Римјаните и Грците, кои иако биле пагани, сепак биле цивилизирани народи, имале свое писмо, наука, философија. Замислете сега, пак, како им било на двајцата Браќа од Солун и на нивните тогаш малубројни ученици, кои требало да го проповедаат словото Божјо на народ пагански, нецивилизиран, без слово и без писмо! Од нив се барало нешто невозможно, нешто за кое вообичаено би било потребно многу долго време: да создадат најпрвин едно словенско писмо за да можат овие народи на нивниот сопствен јазик да ја спознаат науката за Вистината и во продолжение, да ги остават своите погубни гревовни навики. Затоа Св. Константин Философ, предаден на силна молитва и просветлен од Бога, проникнал длабоко во словенскиот јазик, во сржта на народниот дух и направил дело не човечко, ами Божествено: им создал писмо на нашите прародители, упатувајќи ги со тоа писмо во спасителната наука Христова. И првото нешто што го превел, заедно со својот брат Методиј, било Евангелието според Јован Богослов и следствено, првите зборови напишани на словенски јазик, со новото словенско писмо глаголицата, биле: Во почетокот беше Словото и Словото беше во Бога и Бог беше Словото (Јован 1,1). Сакале овие мажи на небесната философија да им покажат на народите дека Христос е Светлината и во Него е почетокот на обновата на човечкиот живот. Подолу, во продолжение од истата глава на ова Евангелие, Боговидецот говори и за Св. Јован Крстител, кој дојде да сведочи за Светлината (Јован 1,8), проповедајќи покајание. Знаел светиот отец наш Кирил што му е потребно на еден народ потонат во гревовната навика. Само покајанието било тоа што можело да постави добар темел кај нив, па токму затоа ја започнал својата мисија со преводот на Евангелието на Св. Јован Богослов.

Навистина, бесмртно и свето е делото што го извршиле Светите Браќа. Служејќи ја оваа Литургија и сеќавајќи се на нив, постојано ми надоаѓаа солзи. Какви великани биле тие! Гиганти на Духот! Никогаш да не го забораваме она што тие го направиле за нас и да се трудиме до крај да го извршуваме она на што нѐ научиле! Не само да го држиме в раце светото Евангелие, туку, читајќи го, да се трудиме и да го исполнуваме. Денес на човештвото му се случува една страшна појава, а тоа е неопаганизмот, враќање кон стариот гревовен начин на живот, според кого да се живее во падот Адамов, во гревот, е нешто вообичаено. Во древните пагански времиња луѓето дури и го обожувале гревот. Биле страшно егоистични, сметајќи го сладострастието и насладите од овој свет за нешто исправно, нормално. Доколку го проучиме малку животот на старите народи, дури и на оние цивилизираните во тоа време, ќе се сретнеме со една ужасна слика. Какви деструктивни и темни верувања, навики и ритуали имале тие народи пред да станат Христијани, пред да се облагородат со Духот Божествен. Но и денес, за жал, христијанските општества се оддалечуваат од светото Евангелие и се враќаат во таков паганизам. Ужаснува тоа што гревовните навики се озаконуваат и полека стануваат „нормален“ начин на живот. Ние Христијаните сме должни со личен пример, со дела на љубовта и на светлината да проповедаме, враќајќи ги при Христа оние што го прегрнале гревовниот живот. Таквите неминовно се оддалечиле од Христа, а со тоа и од вистинската радост. Тие не ја познаваат Црквата како заедница на радоста и на духовното величие. Ние кои сме Црква Божја, треба да ги придобиеме тие луѓе и да ги привлечеме кон Христа, а тоа може да стане единствено преку љубовта. Нека ни бидат пример за ова Светите Кирил и Методиј, кои своевремено воопшто не се згнасиле од луѓето на кои требало да им го проповедаат Евангелието. И никаде нема да прочитаме дека тие, тргнувајќи во мисија, понеле со себе и војска од византискиот цар, за да ги казнуваат луѓето што воделе гревовен живот и со сила да ги превоспитуваат. Не, напротив. Самите тие поднесувале маки и гонења, страдања и затвори, само и само, преку љубовта Христова, да ги придобијат народите и да им го покажат патот кон вечниот живот и убавина. Така и нашиот род станал христијански, се облагородил, се возвишил. Во ова свето дело Солунските Браќа го следеле примерот на Апостолите, па потоа и тие се нарекле рамни на Апостолите. Истиот пат треба да го следиме и ние. Запомнете: никогаш грешникот не се одвикнува од гревот со сила, туку само со љубов! Најпрвин ние да се потрудиме да се одвикнеме од гревовните навики во нас, а потоа ќе можеме со љубов да ги лекуваме и поправаме нашите ближни кои страдаат. И никако да не ги осудуваме, имајќи го секогаш пред нашиот мисловен поглед распнатиот Господ, Кој од Крстот им простил и на тие што Го распнувале. Да си спомнуваме и за настанот со жената грешница, на која, според еврејскиот закон, ѝ претстоело каменување. Тогаш, Оној Кој знае сѐ, без да прозбори ништо, се наведнал и започнал да им ги запишува на земјата гревовите на оние што најмногу ја осудувале и настојувале да биде каменувана. Потоа рекол: Кој од вас е без грев, прв нека фрли камен на неа! (Јован 8,7) И секој, како ќе го видел својот грев напишан на земниот прав, го фрлал каменот и си заминувал посрамен. Останале само преблагиот Христос и жената блудница. Тогаш Он ѝ рекол: „Жено, каде се оние што те обвинуваа? Никој ли не те осуди?“ А таа рече: „Никој, Господи“. Тогаш Исус и рече: „Ни Јас не те осудувам. Оди си и немој повеќе да грешиш“ (Јован 10,11). Ете, со таква љубов треба да се однесуваме и ние доколку сакаме да го приведеме кон Христа овој свет, кој, за жал, како што рековме, повторно се враќа во паганство. Најнапред да се потрудиме ние самите да станеме вистински Христијани, бидејќи очигледно не сме повеќе тоа. Во последно време се жалостам кога ќе видам како се однесуваат луѓе од Црквата кон оние што го одбрале гревовниот, пагански начин на живот и сакаат да го манифестираат јавно. Со каква суровост ги осудуваат, ги плукаат, ги навредуваат. Па тие луѓе се достојни за сожалување, а не за осуда. Наместо да им помогнеме со молитва и добар пример, покажувајќи им ги со љубов убавините на Црквата, ние уште пред време ги испраќаме во пеколот. Доколку правиме така, како тогаш ќе можеме да ги привлечеме кон Христа? Со таквиот погрешен начин ние само им ги затвораме вратите на Црквата, а таа, нели, треба да е отворена за сите, таа е болница за овој свет, кој единствено преку неа може да се излечи од гревот. Ние Христијаните треба да сме отворени за сите, без разлика какви и да се, без разлика какви внатрешни пориви, страсти  и гревови да имаат. Богочовекот Христос може да ги исцели. Нема грев што Он не би го избришал со Својата љубов. Сите гревови, па и најголемите, се само една мала искра во морето на Неговата љубов. Затоа, љубов, љубов, љубов, Христијани мои! А љубовта е долготрпелива и што е најважно – не прави што е непристојно (сп. 1. Кор. 13,4-5). Не можеме да ги присилуваме другите да ги остават своите гревови, кога и ние самите се предаваме на лоши навики. А после ги осудуваме тие што не се во Црквата, што не одат во храмот… Од нас, всушност, ќе се бара поголем одговор, бидејќи иако знаеме за Христа и секојдневно го читаме Евангелието, честопати сме полоши од многумина што нѐ слушнале за Христа. Нема човек кој не сака да му биде добро, да биде исполнет, љубен и среќен, па така и тие што западнале во гревовни навики, само навидум изгледаат задоволни со себе и спокојни, а всушност, одвнатре страдаат, бараат спас, несвесно Го бараат Христос.

Да ги молиме светите рамноапостолни отци наши, Кирил и Методиј, да се застапуваат пред Бога за сите народи што се нивно духовно наследство да пребиваат во мир и едномислие, да се утврди во нас светото Евангелие за кое тие толку многу се потрудиле!

Христос Воскресе!“

 

 

 

 

 24ти мај 2019 лето Господово

Повеќе

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7709
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная