Бидете со Христа
Понекогаш се случува да слушам како родителите велат: „Децата ќе пораснат, тогаш ќе сфатат - има Бог или не. А сега нема што да им раскажуваме". На таквите родители сакам да им одговорам: „Ајде тогаш да не го учиме детето да мие раце пред јадење, да се поздравува со возрасните. Ќе порасне, па самиот ќе сфати. Нека пие, нека пуши, нека не доаѓа дома со денови... Децата сами нека одлучат. Не треба сега. Имаме слобода. Имаме демократија".
Имено, во тоа и се состои главната задача на воспитувањето, дека од рани години треба на децата да им се зборува за Бога - во тоа е залогот за нивното душевно здравје и понатамошен среќен живот. Само преку сфаќање на гревот, покајанието и искупувањето е можно разумно надминување на лошите навики и нездравите склоности.
Посебно ќе им се обратам на мајките: молете се за своите чеда! Господ сигурно ќе ја слушне молитвата на мајката. И макар еднаш на ден повторувајте ги зборовите на
свети Амвросиј:
Господи, Ти Единствен си се, се можеш и сакаш сите да се спасат, и во разумот на Вистината да влезат.
Вразуми ги децата мои (имињата) да ја познаат вистината Твоја и волјата Твоја света и
укрепи ги да одат по заповедите Твои, и мене, грешната, помилуј ме. Амин.
Извор: д-р Дмитриј Авдеев
Јоана Беседина
МИСЛИ ЗА ЖЕНСКАТА ДУША
Есеи за психологијата на животот
Друго:
- Излезе од печат „Мисли за женската душа: есеи за психологијата на животот“ од д-р Дмитриј Авдеев (13.09.2018) ...
- д-р Дмитриј Авдеев- Јоана Беседина: ПРОБЛЕМОТ НА МАЛИТЕ ГЕНИИ