Управување
Нужно е првин да научиме да управуваме со себеси па дури потоа со другите. (Св. Тихон Задонски)
Самооправдување
Како што огинот и водата не можат да бидат заедно, така самооправдувањето и смирението се исклучуваат едно со друго. (Св. Марко Подвижник)
Мечтаење
Не мечтај за непостоечки нешта, туку добро устрој го постоечкото на општа корист. (Св. Василиј Велики)
Страстите како идоли
Оној кој одбива да им се потчини на страстите прави исто како и оној кој одбива да се поклони и ги обожува идолите. (Св. Теофан Затворник)
Срце
Кој Го има Бога во срцето има секое добро, и не може да трпи да чини грев! А кој Го нема Бога во срцето, го има ѓаволот и чини секакво зло и секакви гревови. (Св. Козма Етолски)
Самоудоволување
Престани да си удоволуваш себеси и нема да го мразиш братот свој. (Св. Максим Исповедник)
Поуки и совети
Необразованите и глупавите мислат дека поуките и советите се – смешни, и не сакаат да им се покоруваат, затоа што тие се огледало на нивната глупост. (Преп. Антониј Велики)
Љубов Божја
Блажен е човекот во кој постои љубов Божја, затоа што во себе Го носи Бога .(Св. Ефрем Сирин)
Време
Разбери го времето. Не очекувај благоустројство во општата состојба на Црквата, туку биди задоволен со тоа што на оние кои посакуваат спасение им е оставена можноста да го остварат. (Старец Исаија)
Храбро исповедање на верата
Плаши се од Господ, сине мој! Да не го изгубиш венецот што ти е приготвен, да не бидеш отфрлен од Христа во најкрајна темница и вечна мака. Стој храбро во верата, и ако е неопходно, со радост трпи ги прогоните и другите неволји, оти со тебе ќе биде Господ... и Светите Маченици и Исповедници со радост ќе гледаат на твојот подвиг. (Св. Антониј Оптински)
(Продолжува)
Подготви: Б.Ѓ.
Посети:{moshits}