Свети Георгиј Светогорец често им зборуваше на своите ученици:
„Еден пустиник го праша ѓаволот кој му одговори:
- Која е најстрашната работа во вашиот живот?
Мачејќи се, ѓаволот почна да зборува:
- Страшно и неподносливо за нас..тоа е тајната на светото Крштение - со кое го губиме правото и власта над вас, Крстот - кој нè мачи, прогонува и уништува, а особено Светата Причест.
Причеста е пострашна за нас и од самата огнена геена. Не само што не можеме да им пристапиме на оние кои достојно се причестуваат, туки не можеме ни да ги погледнеме. Но, колку сето ова и да е страшно, ние сме благодарни на луѓето кои со својата негрижа и гревовите ја одалечуваат моќта на тајните.
И така, само ни даваат право да ги овладееме нивните срца “.
Јули 2019 лето Господово