Таму каде што е љубовта, исчезнува злото,
таму го нема ниту среброљубието - кое е коренот на злото, ни користољубието, ни гордоста.
Зашто, може ли некој да се гордее пред личноста која ја сака ?
Ништо не не' прави толку смирени како љубовта.
На битијата кои ги љубиме им служиме како робови, и не се срамиме,
туку дури и им благодариме за таквото ропство,
за нив не ги штедиме своите пари, а понекогаш ниту телесните сили.
Онаму каде што е љубовта нема ниту завист, ниту оговарање;
таму се' е тивко, се' е спокојно, нема ни трага од неслога и кавга, таму се' е полно со мир.
-Св. Јован Златоуст -
Избор од фб профил на
Соња Лечковска