16. Кога постите, не бидете жалосни како лицемерите; зашто тие си ги прават лицата мрачни, за да се покажат пред луѓето дека постат. Вистина ви велам, оти тие ја добиле веќе својата награда.
17. А ти, кога постиш, помажи ја главата своја и измиј го лицето свое,
18. па да се покажеш дека постиш не пред луѓето, туку пред својот Отец, Кој е во тајност; и твојот Отец, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно. (Матеј 6, 16-18)
И пак прашањето:
ќе постиме и не ќе јадеме месо, ќе си проштеваме едни на други и ќе го љубиме дури и непријателот свој или ќе се изедеме меѓу себе до истребување?
Ајде со Бога напред еден ден ќе одделиме форма од суштина белким и ќе ја примиме ветената награда јавно.
Благословени да се постите!
✥ .✥
Избор од ФБ профил на
Otec Pimen