логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Поради заканата од коронавирусот што се шири низ целата вселена, многу луѓе се наоѓаат во смут, а други во паника. Но, мислам дека не треба така, зашто сè она што Бог го прави за нас, го прави од љубов. Бог на Христијаните е добар Бог, Бог на милоста, штедростите и човекољубието.

Нашиот Бог од љубов нè создаде, за со нас да го сподели животот, па дури и Својата слава. Кога паднавме во грев, тој дозволи смртта да влезе во нашиот живот, повторно од добрина, за да не станеме вечни во нашата лошотија, но да го побараме патот кон спасението. И покрај тоа што паднавме, Бог не престана да промислува за нас, не само да ни дава тварни добра за одржување на нашиот род, туку испраќаше и пророци и праведници, подготвувајќи го Својот пат, за да дојде и да ја разреши нашата трагедија; и ни го донесе вечното спасение со крстот и со воскресението на Неговата надразумна љубов. Самиот дојде, го зеде врз себе проклетството на гревот и ја покажа Својата љубов до крај, „бидејќи ги засака своите во светот, до крај ги засака“ (Јн. 13,1). Сè што направи Бог, кога нè создаде, кога помислуваше добра за одржувањето на светот, кога го подготвуваше Својот пат за да дојде на земјата, кога Самиот лично дојде и на страшен начин се потруди за нашето спасение, сето тоа го направи од добрина. Неговата добрина е бескрајна, нè спасува и долго трпи, додека дојдеме до „познание на вистината“ (1Тим. 2,4) и принесеме вистинско покајание, за да бидеме вечно со Него.

Така, нашиот Бог на секој степен од Својата врска со човекот, ја покажува само Својата благост и милост, која е „поголема и подобра од животот“. Неговата природа е добра и сè што прави, го прави за корист на човекот и неговото спасение.

Така, кога повторно ќе дојде да му суди на светот, друг бог ќе дојде да му суди? Нема да е Истиот добар Бог, Бог на милоста, штедростите и човекољубието? Секако, нема да застанеме пред друг бог, освен пред Оној што нè создаде и нè спаси. Значи и повторно ќе ни суди со милост и со љубов. Така, не би требало да паничиме, ниту да се колебаме, зашто Самиот Бог ќе нè прифати во другиот живот и повторно ќе ни суди со добрина и со разбирање.

Некои се плашат дека стасува часот на нивниот крај. Овој бич на коронавирусот има и една позитивна страна, зашто од мигот кога ќе нè фати, поминуваат неколку недели додека не ни дојде крајот. Тоа значи дека имаме едно време кое можеме да го посветиме на подготовка за нашата средба со Бога, за нашето заминување да не стане неочекувано и неподготвено, но откако секојпат преку молитва пред Бога ќе го претставиме целиот наш живот, некогаш со благодарност до крај за сето она што Бог направил за нас, а некогаш со покајание барајќи прошка на нашите прегрешенија. Ништо не може да ни наштети кога имаме таков Бог, Кој од добрина сè проштева. Едноставно треба до крај да ја задржиме нашата благодарност и смирената молитва на покајание за прошка на нашите гревови.

Мене овој бич ми помага. Копнеам да ја најдам повторно молитвата што некогаш ја имав, за со неа да го проверам сиот мој живот, од моето раѓање па до сега, благодарејќи Му на Бога за сите Негови доброчинства, „што се над сè, што ги знаеме и не ги знаеме, јавени и тајни доброчинства“. Исто така, да го прегледам повторно целиот свој живот, каејќи се за сите гревови и прегрешенија. Врвно е да можеш да си го прегледаш целиот свој живот со молитва, принесувајќи сè пред Бога, најстојувајќи во молитвата. Тогаш чувствуваш дека твојот живот се искупува. Затоа целава ситуација навистина ми помага. Не паничам, но „ќе се погрижам за гревот свој“ (Пс. 37,19).

Во сето ова што се случува треба да ја видиме Божјата добрина. Отците ја видоа Неговата благост. Во 4-от век во египетската пустина се случила слична епидемија, која покосила повеќе од една третина од монасите, а преподобните отци со големо вдахновение велеле дека „Бог жнее души за Своето Царство“ и не се поколебале. Самиот Господ во Евангелието говори за последните денови, за искушенијата и за опасностите што ќе ги помине светот пред Неговото доаѓање. Сепак, таму не гледаме никаква болна тага или очајание. Господ, Кој во Гетсиманската градина се моли со крвава пот за спасението на сиот свет, вели дека кога ќе ги видиме ужасите што му претходат на Неговото Второ доаѓање, да ги издигнеме со вдахновение своите глави, зашто нашето искупување е блиску (в. Лк. 21,28).

Некои ми велат: „Бог нека стави рака“. Но, токму ова што веќе станува е Божјата рака. Тој го сака нашето спасение и се труди „многупати и на многу начини“ (Евр. 1,1). „Мојот Отец досега работи, и Јас работам“ (Јн. 5,17). Можеби овој вирус е едно средство со кое Бог се користи за да доведе многу луѓе во познание и покајание и да пожнее многу подготвени души, да направи берба на души за Своето вечно Царство. Според тоа, за сите што имаат доверба и се предаваат на Божјата промисла, сè ќе придонесе за добро: „На оние што Го љубат Бога, сè им содејствува за добро“ (Рим. 8,28).

Значи, не постои простор за болно разочарување. Не би требало ниту да се спротивставуваме на мерките што државата ги презема за да го намали ширењето на опасностите што сега се забележуваат во животите на многу луѓе. Грешка е да се спротивставуваме на властите на секоја земја. Треба да го правиме тоа што ќе го рече Владата, зашто тие не бараат од нас да се одречеме од нашата вера, едноставно сакаат да преземеме извесни мерки за општото добро на целиот свет, како би поминало и ова искушение. Ова не е воопшто неразумно. Некои ја гледаат целата работа многу исповеднички, издигнуваат знамиња и мислат дека се како мачениците и исповедниците. За нас не постои сомнеж – едноставно ќе покажеме покорност на заповедта на Владата. Неправедно е да не го правиме она што ни вели Владата, зашто кога се разболуваме, трчаме во нивните болници и тие ги поднесуваат сите трошоци за нашата грижа. Зошто и ние да не го послушаме она што го велат?

Тоа е етосот на Христа, кој Самиот ни го покажа во Својот земен живот и оваа е апостолската наредба што ја добивме: „Напомнувај им да се покоруваат на началствата и властите, да бидат готови за секое добро дело, никого да не хулат, да не се караат, туку да бидат мирни, и да покажуваат секаква кротост кон сите луѓе“; и „ покорувајте се на секое човечко началство, поради Господа: било на цар, како на врховна власт, било на намесници…“ (1Петр. 2,13). Ако не сме послушни на владетелите што не бараат многу, како ќе бидеме послушни на Бога што ни дава закон божествен, што надминува секаков човечки закон? Ако го запазиме законот Божји, ќе бидеме над сите човечки закони, како апологетите од 2-от век ѝ велеле на Римската империја што ги гонела Христијаните.

Изненадувачки е да гледаме како во земјата во која живееме, Обединетото Кралство, фудбалерите да покажуваат таква разумност и расудување, први да се откажуваат од своите активности, со почит кон упатствата на Владата за мерките за заштита. Би било жално, ние, религиозните луѓе, да не ја достигнеме мерата на фудбалерите и да немаме иста почит кон началата и властите, за кои нашата Црква се моли.

Ако бараат од нас да прекинеме со богослужбите, нека се предадеме на промислата Божја  и да ја благословуваме. Посекако тоа не потсетува на древниот обичај кој го имале отците во Палестина. Во Великата Четириесетница, на Сиропусната недела, после простувањето, излегувале во пустината за четириесет дена, без да литургисуваат. Останувале само во пост и молитва, како би се подготвиле и се враќале на Цветници, за богоподобно да го празнуваат Страдањето Господово и Неговото Воскресение. Така и сега околностите нè тераат да го побараме она што постоело во лоното на светата Црква во старо време. Односно, да поживееме побезмолвно, со повеќе молитва, која ќе го надополни недостигот од Божествената Литургија и ќе нè подготви со поголем копнеж и вдахновение да го празнуваме Страдањето и Воскресението на Господа Исуса. И ќе го претвориме овој бич во еден триумф на безмолвието. Како и да е, сè што Бог дозволува во нашиот живот е од добрина, за корист на човекот и Он никогаш не сака Неговото создание да претрпи штета.

Секако, ако помине подолг период во кој нема да имаме Божествена Литургија, можеме да истрпиме. Зашто што добиваме од Литургијата? Се причестуваме со Телото и Крвта Христови, кои се полни со Неговата благодат. Тоа за нас претставува голема чест и голема корист, но благодатта Господова ја добиваме исто така и на многу други начини.

Кога ја практикуваме исихастичката молитва, остануваме во Божјото присуство, повикувајќи го светото име Христово со умот и со срцето. Божјото име ни ја дава Христовата благодат, зашто тоа нè воведува во Неговото присуство. Ова присуство Христово, кое е очистително, нè очистува од падовите и од гревовите, нè обновува и го носи просветлувањето на нашето срце, како би се изобразила во него иконата на Бога Спасителот, Христа.

Ако нема да имаме Пасха во црква, да се сетиме дека секој контакт со Христа е Пасха. Добиваме благодат од Божествената Литургија, зашто таму е присутен Господ Исус и Он го извршува таинството и Самиот се раздава на верниците. Но и кога го повикуваме Неговото име, влегуваме во истото присуство Христово и ја имаме истата благодат. Така, ако сме лишени од Литургијата, Неговото име го имаме постојано, не сме лишени од Господа.

Исто така го имаме Неговото слово, пред сè Неговото евангелско слово. Ако Неговото слово е постојано живо во нашето срце, ако го проучуваме и се молиме, ако тоа станува наш јазик со кој Му говориме на Бога, како што Он ни говори нас, така повторно ќе ја имаме благодатта на Господа. Зашто Неговите зборови се „зборови на живот вечен“ (Јн. 6,68), зборови на живот и повторно се извршува истото таинство, ја примаме Неговата благодат и се осветуваме.

Уште и ова, секогаш кога покажуваме добрина на нашите браќа, тоа му е угодно на Господа, Он смета дека тоа сме Му Го направиле Нему и ни возвраќа. Ние покажуваме добрина на нашите браќа и Господ ни враќа со отплатата на својата благодат. Ете уште еден начин со кој можеме да го доживуваме присуството на Господа. Можеме да ја имаме благодатта на Господа со постот, со милосрдието и со секое добро дело.

Така, ако е нужно да ги оставиме општите собирања, можеме да бидеме обединети во духот и во овие свети добродетели што се познати во Телото Христово, светата Црква и го запазуваат единството на верните со Христа и со сите членови на Неговото Тело. Сето ова што го правиме за Бога е Литургија, свештенодејствува за нашето спасение. Секако, Божествената Литургија е најголемиот настан во животот на Црквата, во кој верниците имаат можност да го разменат својот мал живот со бесконечниот живот на Бога. Но, силата на овој настан зависи од подготовката што ќе ја направиме, од сето она што досега го наброивме: молитвата, добрите дела, постите, братољубието, покајанието.

Така, возљубени мои браќа, не треба да правиме ниту херојски исповеданија против државата за заштитните мерки што ги презема за корист на сите луѓе, ниту да очајуваме, но со разум да бараме начини за да не го изгубиме живото општење со лицето Христово. Ништо не може да ни наштети, само треба да бидеме трпеливи за еден мал временски период и Бог ќе го види нашето трпение и ќе отстрани секоја пречка, секое искушение и повторно ќе изгреат радосни денови, за заедно да ја празнуваме заедничката надеж и љубов што ја имаме во Христа Исуса.

 

https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/uteshitelno-slovo-za-pandemijata/

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3227
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7720
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

28/12/2024 - сабота

Божикен пост (пост на масло)

+Светиот свештеномаченик Елевтериј; Свети Стефан Исповедник Сурожски; Преподобен Павле во Латра; Преподобен Пард Отшелник;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Глас 2Агее свети пророче, ти кој поведен беше, храмот Господов духовно да го осознаеш, оној кој човек не го гради,туку Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная