логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Како последица на она што Црквата е, а тоа е – заедница на живи и упокоени членови, но и на верата во воскресението и праведниот Суд Божји, се јавува принесувањето на молитви за „блажен покој“ на оние кои се упокоиле во Христа. При вршењето на помени и молитви за упокоените, Црквата се раководи од апостолската заповед да се молиме едни за други и за сите луѓе. „Молете се еден за друг“ (Јк. 5, 16), и „живееме ли, умираме ли, Господови сме“ (Рим. 14, 8).


Во Православната Црква, задушниците (како што кажува самото име, денови за-душа), ја засилуваат и обновуваат нашата свест дека ние, како живи членови, и претходно упокоените христијани сме роднини, еден неразделив жив организам, една и иста жива Црква. Нашта должност е во овие денови да се молиме, како дома или во келија, така и во Црквите и на почивалиштата (гробовите), но и да твориме милостиња за душите на упокоените, со длабоко уверување дека Бог ќе ги прими приносите направени за покој на душите на оние за коишто се принесени.

Во Црквата има два вида на задушници: засебни и општи. Засебните се одржуваат од семејствата, за своите упокоени роднини, а општите ги назначува Црквата, грижејќи се за сите свои упокоени членови. Секоја сабота, Црквата во своите молитви се обраќа кон сите светии, сеќавајќи се на сите претходно упокоени отци и мајки, браќа и сестри наши.

Покрај овие општи саботи, извесни се некои денови од црковната година кога се врши општ помен за сите упокоени. Меѓу нив спаѓа и велигденската задушница.

3.angeli.so.truba

Што е потребно за парастос?

За парастос се потребни варена пченица (коливо), свеќа и малку вино.

Варената пченица се нарекува уште и коливо. Самиот термин има грчко потекло, и доаѓа од зборот ο κολλιβος, што првично означувал мерка за тежина на злато колку пченично зрно; подоцна овој збор означувал ситни пари, односно монети од мала вредност. Од ова основно значење настанува зборот το κολλιβον, што означува вид на колач од пченица или варена пченица, која се принесува за спомен на упокоените светии (можеби звучи соблазнително, но во Црквата сите оние кои во Христа се облекле се нарекуваат светии, зашто свет е нивниот Отец, по дарот на восиновувањето Христово).

Коливото нè потсетува на воскреснието, оти – како што полјоделецот оди на нива и сее пченица, па пченичното зрно гние во земјата, за подоцна од тоа изгниено зрно да излезе нов плод, така и телата на нашите покојници се предаваат во земјата, кадешто гнијат, за потоа, за време на Второто Христово пришествие истите тие тела да воскреснат за живот вечен.

За ова сведочат и Господовите зборови: „ако зрното пченично, што паднало на земја, не умре, останува само; а ако умре – ќе донесе голем плод“ (Јн. 12, 24).

Свеќата, пак, ја символизира светлината на вечниот живот кон кого преминува душата на упокоениот. Бог е Светлина, и Тој живее во непристапна Светлина. Запалената свеќа исто така ја означува и топлината на нашата љубов, топлината на молитвите кои ги принесуваме за душата на покојните.

Виното е символ на Христовата победа над смртта; она што можеби историски влијаело на присуството на виното на парастосите што се извршуваат на почивалиштата е монашкиот обичај на откопување на гробовите на три години од упокојувањето на човекот. Имено, доколку при откопувањето, браќата виделе дела телото на упокоениот е распаднато, и останале само неговите коски, тие ги ваделе коските и ги измивале во вино, положувајќи ги подоцна во посебна костурница. На тој начин нив им се откривало дека покојниот живеел праведен живот.(Agapi)



3.angeli.so.truba

Молитвеното спомнување на упокоените во Господа отци, браќа и сестри наши постои во Црквата Христова уште од самиот почеток, како апостолско предание. Сведоштво за ова наоѓаме во светите древни Литургии кои се служеле и се уште се служат во православната Црква. Сите тие содржат во себе молитви за упокоените. А тоа несомнено ни покажува дека уште од добата на Апостолите, кои на светата Црква богоподобно и го предале чинот на божествената Литургија, немало време во кое христијаните не се молеле за своите упокоени ближни, и тоа при извршувањето на најважното од сите богослуженија – Литургијата. Св. Григориј Нисиски поучува: „Ништо неразумно, ништо бескорисно не ни предале Христовите проповедници и ученици, а да не е прифатено насекаде во Црквата Божја. Да се прави спомен за упокоените во правата вера за време на божествената и преславна Тајна е многу богоугодно и корисно дело“ (Наведено кај св. Јован Дамаскин во Словото за упокоените со вера). Во истиот дух ни говори и св. Јован Златоуст во својата трета толкувачка беседа за Посланието до Филипјаните: „Кога целиот народ и свештен собор стои со воздигнати раце кон небото пред страшната Жртва, како тогаш нема да го смилостивиме Бога, молејќи се за нив (т.е. за упокоените)? Но тоа важи само за оние кои се упокоиле со вера“. И на друго место (21. Беседа за Делата Апостолски) тој вели: „Се уште постои, навистина постои можност доколку сакаме да ја олеснеме казната на починатиот грешник. Ако често се молиме и делиме милостина за него, макар да бил тој недостоен сам по себе, Бог ќе не услиши. Кога поради апостолот Павле спасувал други и поради едни поштедувал други, како не ќе го направи истото и за нас?“

Така, светите отци нe поттикнуваат секогаш да се молиме и да правиме добри дела за покој на душите на починатите, но тие богомудро издвоиле неколку денови во годината – задушници, кога правиме посебен, заеднички молитвен спомен за сите упокоени во вистинската вера, од прататкото Адама, па се до денес. Сега, кога богослужбено се подготвуваме и итаме во пресрет на благодатните денови на светиот Велигденски Пост, пред нас се отвора една таинствена врата која ги поврзува живите и упокоените; таа врата е Месопусната сабота. Големиот литургичар и некогашен професор на славната Битолска богословија, архимандрит Кипријан Керн, во своето прекрасно дело „Молитвени Кринови“ пишува: „На месопусната сабота... Црквата ги спомнува сите, од почетокот починати луѓе... Пред погледот на Црквата минуваат милијардите и милијарди заспани отци и браќа наши, сите оние на кои не им ги знаеме имињата, кои одамна немаа овде, меѓу нас, пријатели што би ги спомнале во своите молитви... Сите нив ги спомнува Црквата, никого не заборавајќи, и сите тие се јавуваат пред нејзиниот поглед, и во ова заедничко собирање, таа ги спомнува сите од почетокот заспани чеда, и богати и сиромашни, и брачни и монаси, и цареви и слуги – сите оние кои веќе не напуштиле“ (Охрид 2002, 282-283).

„Спомни си, Господи, за сите починати со надеж за воскресение и живот вечен – за отците и браќата наши, сестрите, за оние кои паднале на браникот за верата и татковината, и за сите православни христијани што овде и насекаде лежат, и при светиите Твои, каде што сјае светлината на Твоето лице, всели ги; и нас помилувај не, зашто си Добар и Човекољубец. Амин!“ (Бигорски манастир)

 

 

(Извадок)

6ти февруари 2021 лето Господово

 Недела на блудниот син

 

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2076
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2092
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 538
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная