логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

За молитвата


Молитвата е најмоќниот двигател на духовниот живот. Таа е како подземна вода која го напојува целиот наш духовен живот. Покрај тоа, може да се каже дека, самиот наш молитвен живот е пред сè степенот на нашиот духовен живот. Ние духовно живееме во таа мера колку што се молиме или колку умееме да се молиме. Светите Отци ја нарекуваат „уметност“. Уметноста означува највисок степен на умеење, највисока наука која од човекот бара непрекинат творечки напор, односно непрекината жива молитва. Молитвата, подобро од било што друго, ги решава проблемите кои ни ги задава животот. Во молитвата човекот наоѓа решенија за сите свои проблеми – како за духовните така и за проблемите од секојдневниот живот. Молитвата невидливо го штити човекот од сите негови непријатели – видливи и невидливи. Доколку внимателно го анализираме својот живот, во околности кои ни изгледале безизлезни и кога никој не можел да ни помогне, со тоа наше единствено оружје – молитвата, Бог повеќепати не избавувал од неволји и страдања. Но, само на оној свет (во вечноста) ќе дознаеме во потполност од какви уште страшни опасности, зла и несреќи нè чувало нашето молитвено правило.

Молитвата е удел на човекот кој не може да му го одземе ниедна надворешна сила. Молитвата е секогаш со нас – не само во овој земен свет, ами и во вечниот живот. Во суштина, самата вечност како непрестано движење на човечката душа кон Бога е еден вид молитва, но не словесна ами поинаква. Молитвата го менува човечкото срце; ги открива и буди силите на срцето кои обично спијат и кои и нам ни се непознати. Молитвата духовно го обновува нашето срце, го прави чувствително и проникливо.
Во Книгата Соломонови изреки е речено: Безбожните сакаат да се одбранат од злото… но праведните се избавуваат со знаење (Кн.Сол.изреки 12, 12; 11, 9). Прозорливоста е посебна духовна интуиција на разликување на доброто и злото, маскираното и скриеното под маската на добрината. Молитвата ја оддвојува душата од земјата. Надвор од молитвата човекот е прикован за земјата како митскиот Прометеј за карпата.

Молитвата му дава на човековиот ум одредена духовна способност: тоа е човечката можност да ја чувствува вистината. Како што човек го чувствува вкусот на храната, разликува слатко од горчливо, добрата од расипаната храна, така и молитвата му дава на умот посебна способност да ги чувствува вистината и лагата. Светите Отци зборуваат за тоа дека молитвата е над сите добри дела. Сите добри дела кои ги прави човекот се ограничуваат на одредени лица на кои им чини добро; понекогаш ова наше „добро“ воопшто и не им носи вистинско добро и среќа на другите. А моќта на молитвата се протега низ целата вселена. Молитвите на луѓето и молитвите на Црквата се огромна сила која создава хармонија и очистува, која може да се рече, го одржува постоењето на целата Вселена. Кај апостол Павле постојат следниве таинствени зборови: Тајната на беззаконието веќе дејствува, само тоа нема да биде извршено додека не се отргне оној што ја задржува сега (2. Сол. 2, 7). Кој е тој кој задржува, кој не дозволува на Земјата да дојде олицетворението на злото? Светите Отци говорат дека таа сила која задржува е духот на побожноста и пред сè – духот на молитвата. Кога ќе пресуши духот на молитвата видливиот свет ќе западне во состојба на гниење и распаѓање, оти веќе ќе ја нема силата која ќе го обновува. Поради ова молитвениците – кои од светот заминувале во манастири и пустини, па дури и обичните и незнајни луѓе кои по пат на голем и напорен духовен подвиг дошле до дарот на непрестајната молитва – се најголемите доброчинители на целиот човечки род. Молитвата е богатство кое секогаш го носиме со нас. Никој не може ниту да ни го украде ниту да ни го одземе. Молитвата е драгоцено богатство кое секогаш и секаде е со нас, па каде и да одиме, со што и да се занимаваме. Па што и да се случи со нас – дури и ако изгубиме сè што имаме – нашата молитва не може да ни ја одземат ниту луѓето, ниту демоните, ништо освен нашата немарност. Дури и целото тело наше да го разори болест, молитвата ќе остане со нас како душа на нашата душа.

Молитвата е над секое теолошко расудување, затоа што таа само ни го покажува патот. Теолошките вистини ни ја покажуваат само сенката Божја, ни го опишуваат духовниот свет како надворешен, а молитвата нè внесува во оној невидлив духовен свет и нè прави дел од него. Молитвата е поубава од било што. Само во молитвата можеме да дојдеме во допир со возвишениот свет и со очите на срцето да ја видиме небесата и Божествената убавина. Молитвата е неисцрпна. На оние кои се трудат со неа да го слеат своето срце таа секогаш им открива нешто непознато, како да ја создаваат за првпат. Молитвата се темели на надеж, но таа е и исполнување на надежта. Во молитвата ние реално доаѓаме во допир со она на кое се надеваме, односно молитвата како да ни дарува иднина која сè уште не се остварила, но и како нешто кое е веќе остварено и исполнето. Затоа молитвата оди пред времето. Молитвата е сјај на верата, топлина на надежта, живот на самата љубов. Молитвата надворешното го прави внатрешно. Духовните книги можеме да ги изгубиме, може да ни ги украдат, да ни ги запалат. Болеста може да ни го одземе видот, пријателите да нè напуштат, саканиот човек да нè изневери, роднините да нè измамат и да ни станат туѓинци, светот да нè протера, небото да нè изгори со оган, земјата да се отвори под нашите нозе, ноќта да нè задуши во страшни кошмари, денот да ни се претвори во мрачно искушение и да се преобрази во мрачна ноќ. Единствено молитвата никогаш нема да нè изневери. Само таа е нашиот дел кој не може да ни се одземе.

Молитвата не познава далечини. Таа преминува преку мориња и планини, се вознесува кон небесата, проникнува во длабочините на земјата, се симнува во адот. Ние се молиме за мртвите како за живи и само молитвата ни дава реално чувство како мртвите да се живи и поврзани за нас со илјада духовни нишки. Молитвата е лик на нашата душа. Молитвата е светлост на нашата душа. Молитвата е воскресение на нашата душа пред сеопштото Воскресение. Молитвата е борба на човечкиот дух против пеколните сили и во оваа сурова борба постојан човеков Помошник е Самиот Господ. Молитвата е битка и молитвата е победа. Молитвата е оружје и молитвата е бајрак. Молитвата е неисцрпно богатство кое не може да се потроши. И колку и да го трошиме ова богатство тоа само ќе се умножува. Молитвата е духовен леб со кој се храниме и себе и другите. Овој благословен леб нема никогаш да се потроши.

Архимандрит Рафаил Карелин

Извор:

https://www.tiveriopol.mk/za-molitvata/?fbclid=IwAR2SFTh_u5-EO5wKhOUepu2VoBn7eVK-9rNmuBX1xbkQQNOyJYl5LshifEo

 

Април 2021 лето Господово

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3221
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7715
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная