логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Велигденско послание (28.04.2021 17:56)

 


† СТЕФАН
ПО МИЛОСТА БОЖЈА,
АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ,
ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД,
ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ,
МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА
МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА,
А ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА,
ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА,
ПОЗДРАВУВАЈЌИ ГИ СО ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ И
ТОРЖЕСТВЕН ПОЗДРАВ -
ХРИСТОС ВОСКРЕСE!

 

Во светот ќе имате маки;
само не бојте се,
зашто Јас го победив светот1



 

Возљубени празникољупци,

Велигден, денот на Христовото воскресение, е празник на животот и настан што ја промени историјата на светот. Воскреснатиот Господ е почеток и крај2, и под небото нема друго име со кое би можеле да се спасиме3. Така и оваа година, минувајќи низ времето на Светата Четириесетница преку подвигот на постот и молитвата, и потсетувајќи се на сè што Господ поднесе во деновите на страданијата, се удостоивме да навлеземе во вечносветлата и незаодна ноќ и да станеме сорадосници во Христовото светлоносно воскресение.
Созерцавајќи го ова воскресенско торжество, гледајќи ја и доживувајќи ја радоста од победата на животот над распадливоста и над смртта, се потсетуваме на зборовите на апостолот Павле дека христијаните се разликуваат од другите, што немаат надеж4. Па, токму Воскресението е нашата надеж, не која треба да се очекува за да се исполни, туку надеж која веќе е остварена, зашто „од смртта кон животот и од земјата кон Небото, Христос Бог нè преведе“5. Затоа „денес ликуваат ангелите и заедно се радуваат и се веселат Небесните сили поради општото спасение на човечкиот род“6, поучува св. Јован Златоуст. И навистина, „нешто необично се случува по целиот свет: свештената и спасителна ноќ, станува голем и светлоносен ден“7, истакнува еден светител од нашево време.
Воскресението Христово е темелот на нашата вера, на нашето служење на Бога, тоа е содржина на христијанскиот карактер, па дури и на културата на секој народ кој со името Христово се именува. Оттаму, нашиот живот, како православни христијани, треба да се напојува и да се храни од верата во Воскресението. И таквото секојдневно доживување на тој неповторлив настан не треба да биде само негово едноставно спомнување, како празнување заради празнување, туку треба да биде преживување и сведочење, да биде учество во сеспасителната победа на Животот над смртта, да биде наше постојано духовно обновување. Зашто, во Христа, нашиот живот треба да се преобразува, да се поправа, чекорејќи по патот кон обожувањето. Овој процес треба да го доживуваме и како наше сопствено воскресение, како лична Пасха и како Пасха на идниот век, за која Христос, откако ја изврши Тајната вечера, рече: Нема да пијам од овој лозов плод сè до оној ден, кога ќе пијам нов co вас во царството на Мојот Отец8. И само така нашето празнување ќе има вистинска смисла: кога како христијани ќе се трудиме преку личниот подвиг да преминеме од Пасхата на Божјата благодат, а тоа е Воскресението Христово, во вечната Пасха – Царството небесно.
Но, дали ние постојано и секогаш тоа го чувствуваме? Дали нашето срце Му е блиско на Бога, дали е чисто за да Го види Бога9? Дали сме познале дека љубовта е суштината на животот во Христа, не само овде, во сегашноста, туку и во вечноста, според пораката на Спасителот дека Тој е во секој наш ближен: Доколку сте го направиле тоа на еден од овие Мои најмали браќа, Мене сте Ми го направиле10. Затоа треба да живееме со покајанието и со молитвата, и низ светотаинскиот живот во Црквата, зашто „со Христа се раѓаме, со Него се распнуваме, со Него се погребуваме и со Него треба да совоскреснеме“11, поучува свети Григориј Богослов.

Возљубени чеда на Мајката Македонска Црква,

Живееме во време со постојани искушенија. Често, и од сите страни на светот, доаѓаат вести за воени судири, за терористички напади, за страдања, за природни катастрофи, за криминални дела, за глад, за тешки болести, за сиромаштија и сл. Како и сиот свет, и ние во овие тешки времиња се соочуваме со здравствени  проблеми – со ширењето на заразната болест, која прерасна во сесветско искушение што продре во сите сегменти од живеењето. Всушност, овој проблем повлече неприлики не само по здравјето на луѓето, туку и по безбедноста, економијата, па дури и по одговорноста на секој од нас како поединец во општеството, но и за нас како Црква. Исто така, ова искушение ја стави на испит и нашата вера. Како верен народ и Црква се соочивме можеби со најголемиот предизвик: како да се однесуваме одговорно и како да ја запазиме верата? Многумина меѓу нас постапија по снисходење, следејќи ги примерите од свештената историја на Црквата во ваквите ситуации, како и актуелните чекори на повеќето од Православните Цркви, соработувајќи со оние кои ја понесоа тежината на овој заеднички проблем и во чија одговорност е, и ќе биде – да го запазат општото добро.
Затоа татковски повикувавме и повикуваме на трпеливо прифаќање и спроведување на мерките пропишани од одговорните, и од Црквата и од световната власт, па времето што ни е допуштено да го искористиме за духовно единство во предложеното послушание. Беше и сè уште е потребно, низ разните лишувања кои ни се благословуваат, да се оддадеме на заедничка молитва за целиот свет: и за тие што боледуваат, и за тие што се трудат околу нив, како и за душите на оние коишто починаа од последиците на болеста. Да бараме жртва не од другите, туку од себе, и да не го забораваме советот од Отците: „Побрзај особено да бидеш блиску до оној којшто моли и доброволно притекни му на помош“12. Православната вера е живо слово и ниедна вонредна ситуација не може да ја ограничи верата што знае за љубов и послушание, што е утврдена врз надежта во зборовите Христови: Нема да ве оставам сираци13. Ете, Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот14.

Возљубени во Христа Воскреснатиот,

Во овој период, како народ сме исправени и пред разни предизвици, кои нè засегаат не само во денешницата, туку и особено во иднината. Беше најавен попис на населението, па поради пандемијата е одложен. Но кога и да се одржи, и како жители и како Македонци, потребно е задолжително да ја извршиме таа обврска, која ќе покаже не само колку сме, туку и каде сме, а сето тоа да се организира и да биде усогласено со меѓународните стандарди. Инаку, оставајќи им ги политичките предизвици на избраните од народот, чија задача е да служат најдобро и да ги запазат интересите на сопствениот народ, сепак не може да се молчи пред иницијативите на некои групи, кои сакаат своите определби да ги наметнат над мнозинството. Така, во образованието, во форма на некакви чудни реформи, од кои е исклучена објективната јавност, се прифаќа менувањето на нашиот историски, културен и духовен идентитет. На овој начин е засегната не само нашата сегашност, туку и иднината, зашто децата уште од најмала возраст се насочуваат кон туѓи, несоодветни и недостојни вредности, со кои се разнебитува личноста, а кои се спротивни на светогледот на нивните родители. Предложените процеси се толку еднострани и во нашиот општествен контекст многу недоследни, па во отвореното општество за сите, нема место за етиката и моралните вредности на религиите, нема место за искуството на Црквата, нема место за Бога!

Возљубени во Господа,

Христијанскиот живот е борба за доброто и спасоносното, за правдата и за вистината, а против сите зла, и во себе и кај другите. Но, да не очајуваме, зашто Христос го победи секое страдање и ја донесе радоста, осветлувајќи ја вселената. Нашата вера нè учи дека на страдањето треба да му пристапуваме крстовоскресно, доживувајќи го преку Воскресението, сведочејќи дека ништо не може да нè оддели од љубовта Божја15. Неправди имало и ќе има, но христијански е да не отстапуваме пред нив и уште поревносно да Му се молиме на Оној, Кој може да изврши изобилно сè што бараме или помислиме16, и да се надеваме на Оној, Кој ги воскреснува мртвите17 и Кој направи засекогаш да се веселат небесните и да се радуваат земните18.
Просветлени со невечерната светлина, „да застанеме добро, да застанеме со страв, да внимаваме“19, водејќи одлучна борба против сите неправди и страдања. Да Му бидеме благодарни за сè на Бога ‒ постраданиот и воскреснатиот, покорувајќи се на Неговата волја и молејќи Го да нè упати кон секое добро дело, да нè просветли со разумот на знаењето, да нè утврди непоколебливо во верата и да нè подготви за достојни исполнители на Евангелието на љубовта.
Честитајќи ви го Празникот над празниците, на сите чеда на Мајката Македонска Црква, во Татковината и насекаде по светот − ве поздравуваме со најрадосниот поздрав:



ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!

АРХИЕПИСКОП
ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
†   С Т Е Ф А Н

заедно со членовите на Светиот архијерејски синод
на Македонската Православна Црква
– Охридска Архиепископија

† ПЕТАР, Митрополит Преспанско-пелагониски и
администратор Австралиско-новозеландски
† ТИМОТЕЈ, Митрополит Дебарско-кичевски и
администратор Австралиско-сиднејски
† НАУМ, Митрополит Струмички
† АГАТАНГЕЛ, Митрополит Повардарски
† МЕТОДИЈ, Митрополит Американско-канадски
† ПИМЕН, Митрополит Европски
† ИЛАРИОН, Митрополит Брегалнички
† ЈОСИФ, Митрополит Тетовско-гостиварски
† ГРИГОРИЈ, Митрополит Кумановско-осоговски

На Велигден, 2021 лето Господово

 

_____________________________________

 



1 Јн 16, 33;

2 Откр 1, 8;

3 Сп. Дела 4, 12;

4 Сол 4, 13;

5 Од канонот на Утрената на Воскресение;

6 Свети Јован Златоуст, Дела, том IV, Ниш 2017, 481стр.;

7 Свети Јован Шангајски, Проповед на Пасха, https://pravlife.org/ru/content/svt-ioann-shanhayskiy-rasskazal-pochemu-nekotorye-lyudi-boyatsya-voskreseniya-hristova, пристапено на 31.3.2021 г.;

8  Мт 26, 29;

9  Сп. Мт 5, 8;

10 Мт 25, 40;

11 Протоѓакон Г. Ибришимов, Духовни бисери од Светите Отци, Скопје 2001, 229.

12 Преподобен Исидор Пелусиот, цитирано според  https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/2018-patrijarshisko-poslanie-pascha/, пристапено на 31. 3. 2021 г.;

13 Јн 14, 18;

14 Мт 28, 20;

15   Сп. Рим 8, 39;

16   Ефес 3, 20;

17   2 Кор 1, 9;

18  Воскресен тропар, глас 3-ти;

19   Прозба од Канонот на Евхаристијата

 

Извор:

МПЦ-ОА

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3226
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7718
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная