логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

ПОДАРИ СИ ТИШИНА

Немаме храброст да се осознаеме себеси. Немаме храброст да го осознаеме Христос. Зошто? Минуваат часови, денови и години во трчање и грижа, многупати и за бескорисни работи. Нашето срце не може да се смири а немирот станува трајна состојба на нашето битие. Многу пати не можеме без метежот а присуството на  тишината нè излудува.
„И додека патуваа, Тој влезе во едно село; една жена, по име Марта, Го прими во својот дом. А таа имаше сестра што се викаше Марија. Таа седна до нозете Господови и го слушаше словото Негово. Марта беше многу зафатена околу служењето и, кога застана, рече: „Гос¬поди, зар не ти е грижа што сестра ми ме остави да служам сама? Кажи ѝ да ми помогне.“ А Исус ѝ одговори и рече: „Марто, Марто, ти се грижиш и се вознемируваш за многу работи. Но само едно е потребно. Марија го избра добриот дел, кој нема да ѝ се од-земе.“(Лука 10: 38-42). Се плашиме од тишината бидејќи таму нашето јас ќе почне да се открива и ќе биде потребна  храброст за да се види вистината, да се признаат грешките и пропустите, да се донесат важни одлуки за промена и покајание.
Тишината е начин да го откриеме нашето јас, да навлеземе во срцето, да ги најдеме и да ги откриеме дијамантите, но и да го фрлиме ѓубрето во кантата за отпадоци. Подарете  си тишина. Подарете  си еден час од денот за да се сретнете со Христа. Како? Со половина час молитва и половина час читање на духовна литература. Не можете да направите толку многу? Направете помалку, но направете го тоа. Молете се десет минути и поминете десетина минути во читање на Светото Писмо, светите отци, едноставни совети од светиите, не помалку од тоа. Како да го доите младенецот на вашата душа. Не ја лишувајте душата од оваа храна, бидејќи во спротивно ја ставате во орбитата на смртта.


Тој час нека биде вашиот Рај, вашата работилница во која ќе мора да погледнете, поправите, да ги  воспоставите нештата и да преминете кон исцелението. И дојдете во Црква малку порано. Исклучете го мобилниот телефон и таблетот. Воздржете се од страстите, застанете пред иконостасот и слушајте ги благословите на свештеникот. Ова е доволно. Дали сакате да водите личен дневник? Направете го тоа! Но, застанете на карпата од понорот  за да ја опишете реалноста таква каква што е и да осознаете каде е вашата вина кога делата, зборовите и вашиот живот воопшто не благоухаат на Рајот.
Кога заминувате на работа наутро, станете малку порано,запалете темјан , стишете се, успокојте се и помолете се. Прочитајте два или три реда од Божјото слово. Прекрстете се и појдете со својот сопатник Христос. И сè ќе врви добро. Одете со благослов!
На почеток,  вашата душа можеби  нема лесно да се навикне на сето ова. Тоа е исто како да му кажете на тврдоглаво дете да седи мирно. Но, постепено ќе се смирите. Постепено ќе го стекнувате спокојот, потоа ќе започне дијалогот за на крај да ги земете алатките во свои раце. Кога тишината чекори по шините на трпеливоста, тогаш возот на душата безбедно ќе ја достигне својата крајна дестинација. Дозволете си да навлезе тишината во вашите животи, кога вашите грижи вè прогонуваат. Тишината е детска соба во која зборуваме со нашата душа и можеме да му кажеме на Создателот  за се што нè засега. И таму, во нашето молчание, нека се слеат првите слогови на молитвениот плач. Старецот Емилијан го вели следново: „Како што ја сакате својата жена или вашиот  сопруг, така возљубете ги  мирот и тишината, и тогаш ќе го возљубите Бог многу повеќе од сите луѓе. Зафатена и уморна личност не може да го сака Бога и не може да стори ништо.


Човек кој го растргнува својот живот помеѓу илјадници авантури, дела, интереси, грижи, човек кој сака сè и во сè сака само го слуша својот збор, нема да биде способен за ништо. Затоа, брате мој, најди време, дури и во десет или единаесет навечер, кога ќе ги заспиеш децата, самиот или со сопругата или секој пооделно, влези во своето срце и послушај го.
Ќе завршам  со совет од покојниот старец  Емилијан Симонопетриски: „Но, да најдеме време да останеме без зборови, сами со Бога. Додека седите пред ТВ и тој ве голта и заборавате на сè, најдете нешто што е ТВ на небото, што ве тера да размислувате за ангелите и да се сеќавате на светиите кои се околу нас во секој момент. Малку тишина и малку подвиг, кои треба да ги извршиме и кои ќе бидат наше правило. “Потоа започнува убавиот пат на покајанието и спасението.


Автор: о. Спиридон Скутис
Извор: .bogonosci.bg


За Преминпортал: Симеон Стефковски

 

Јули 2021 лето Господово

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2076
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2092
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 538
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная