Најделотворен помен
Најдобар од сите помени за упокоени е нашиот правилен живот, нашето подвизување со кое ќе ги искорениме своите мани и ќе ја очистиме својата душа. Бидејќи нашето ослободување од материјалните добра и душевните страсти како резултат има не само олеснување на нашата душа, туку и на прадедовците од целата наша фамилија.
Упокоените чувствуваат радост кога некој нивен потомок Му е близок на Бог. Ако ние не сме во добра духовна состојба тогаш страдаат нашите упокоени родители, нашиот дедо, нашиот прадедо, сите генерации. Но, ако сме во добра духовна состојба, се веселат, бидејќи и тие учествувале во тоа да се родиме и ние и Бог на некој начин е обврзан да им помогне. Она што ќе им пружи радост на умрените е нашиот напор да се бориме да Му угодиме на Бог со својот живот, за да се сретнеме со нив во рајот и за да живееме сите заедно во вечниот живот. Затоа, вреди трудот да удриме на стариот човек, за да настане нов човек и повеќе да не си нанесуваме штета на самите себе, ни на другите луѓе, туку да си помагаме и на себеси и на другите, било на живите или умрените.
Старец Паисиј Светогорец