логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Молитви за секој ден од седмицата

 


Во понеделник

Тропар,
на светите Ангели, гл. 4


Началници на небесните воинства, ние, недостојните, секогаш ве молиме, со вашите молитви да нè оградите под превезот на вашата бестелесна слава, запазувајќи нè нас кои коленопреклоно молиме и повикуваме: избавете нè од беди,зошто сте чиноначалници на вишните Сили.


Кондак, гл. 2


Архангели Божји, служители на Божествената слава,началници на ангелите и наставници на луѓето, како бестелесни сили, испросете за нас голема милост и се што е полезно за нашите души.

Molitva.ponedelnik

       Молитва кон Ангелот пазител


Свет Ангелу Христов! Паѓам пред тебе и ти се молам, свет Пазителу мој, кој си ми даден уште од Светото Крштение, да ги заштитиш мојата душа и моето грешно тело, но јас со мојата мрзеливост и лоши навики ја огорчив твојата пречиста светлост и те протерав од мене преку разни срамни дела. Те молам биди милосрден кон мене и не отстапувај од мене. Помогни ми со твоите молитви да го поминам остатокот од мојот живот непорочно и да принесам плодови достојни за покајание. Знам дека никој не  е таков застапник и заштитник како што си ти, свет Ангелу! Зашто, кога стоите пред Господа, се молите за мене. Не престанувај да го умилостивуваш мојот милостив Господ и Бог да ми ги прости гревовите што ги направив во мојот живот со зборови, дела и со сите мои чувства и да ме спаси.

Амин!

Molitva.vtornik 
    Во вторник   


Тропар,
на свети Јован Преттеча, гл.2


Споменот на Праведник со пофалби тебе, ќе ти биде доволно  сведоштво од  Господа, Преттечо,зашто, навистина се покажа како пославен од пророците, зашто се удостои  да Го крстиш Проповеданиот. Затоа, откако пострада со радост за Вистината,благовестеше на оние, кои беа во адот, дека Бог во тело се јави, Кој ги зеде на Себе гревовите на светот, и ни дарува милост голема.

 
Кондак, гл.2


Пророку Божји и Преттечо на благодатта, ние што ја најдовме твојата глава како најсвета роза што расте на земјата,секогаш добиваме исцеленија, зашто ти, како и порано, проповедаш покајание во светот.


Молитва на Свети Јован Крстител


Крстителу Христов, проповеднику на покајанието! Не презирај ме мене, кој се каам, но заедно со небесните војски молете го Господа за мене недостојниот, кој западнав во многу гревови и се измачувам од бурните помисли на мојот ум. Исполнет сум со зли дела и на моите гревовни навики им нема крај, умот ми е прикован кон земните работи. Што да правам, не знам, и кај кого да отидам за да биде спасена душата моја, освен при тебе, свети Јоване, истоимен со  благодатта, зашто знам дека пред Господа по Света Богородица си најголем меѓу сите луѓе родени на земјата. Ти се удостои да се допреш до главата на Царот Христос - Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот. Моли го за мојата грешна душа,та  барем отсега да го понесам Неговиот благ јарем и да добијам награда со последните. О Крстителу Христов, достоен Преттечо, последен пророку, првомаченику, наставнику и учителу на чистотата и близок Христов пријателу! Тебе те молам,кон тебе прибегнувам: не отфрлај ме од твојата закрила,но подигни ме мене,паднатиот во многу гревови. Обнови ја мојата душа преку покајание, како со второ крштевање. Очисти ме мене осквернетиот од гревовите и помогни ми да влезам во Царството небесно, каде што не влегува  ништо нечисто.
Амин.
 




Во среда
Тропар, гл.1
Спаси ги Господи, луѓето твои и благослови го Твоето наследство. Дарувај им победа над непријателите на сите наши православни христијани и со крстот Свој  заштити го твоето жителство.

Кондак, гл. 4
Ти, Кој доброволно на Крстот се искачи, на Твојот нов народ што го носи Твоето име, дарувај му ги Твоите добрини; дај му сила на Твојот христољубив православен народ наш, давајќи му победа над непријателите, имајќи го за помош Твоето оружје на мирот, како непобедлива победа.
Молитва кон Господ Исус
Себлаг Господи, Спасителу наш, Кој со сјајот на Своето доаѓање ги просветли краиштата на светот, и нè повика во Твојата света Црква со ветување дека ќе наследиме нетлени и вечни блага! Милостиво погледни кон мене, твојот недостоен слуга, и не спомнувај ги моите беззаконија; но, по Твојата бескрајна милост, прости ми ги сите мои прегрешенија. Зашто, иако ја престапувам Твојата света волја, не се одрекувам од Тебе, мојот Бог и Спасител. Пред Тебе единствениот згрешив, но само Тебе единствено ти служам. Само во тебе верувам, кон Тебе единствено прибегнувам и само твој раб сакам да бидам. Ти, очисти ме спаси ме и просветли го мојот умот, за непоколебливо да верувам во Тебе, единствен наш Спасителу и Искупителу! Подигни го моето срце, за да те сакам целосно, единствен Боже, Создателу наш! Ти самиот исправи ги моите чекори, за да можам непречено да чекорам во светлината на Твоите заповеди! Господи, Спасителу наш, покажи ми ја Твојата голема и дарежлива милост; направи да поживеам во светост и праведност преку сите денови на мојот живот и да бидам достоен, та при Твоето второ славно доаѓање, да ја слушнам од Тебе милостивата покана во Царството Небесно, кое ќе ме удостоиш да го добијам, и во наслада на неискажливи убавини да те прославувам тебе и твојот безначален Отец и вечниот Божествен Дух, во вечни векови.
Амин!
    

Молитва кон Пресвета Богородица
О,Пресвета Богородице! Со вера и љубов Те молам: не го одвраќај лицето свое од мене, кој прибегнувам кон Тебе. Моли се, милосрдна Мајко, твојот Син и Бог наш -  Господ Исус Христос, да ја чува нашата земја во мир, а Неговата света Црква - непоколеблива од безверие, ереси и секти. Сите кои што со вера Ти се молат, избави ги од гревови, од неволји и зли луѓе, од сите искушенија и таги, од несреќи и ненадејна смрт. Дај ни дух на срдечна скрушеност и смирение, чистота на мислите, исправање на грешниот живот и простување на гревовите, та сите ние, славејќи го Твоето Величие, во благодарност, да се удостоиме со Царството Небесно, каде заедно со сите светии ќе го славиме пречесното и величествено име на Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин.





       

Во четврток
Тропар,
на Св. Апостоли, гл.3
Апостоли свети, молете го милостивиот Бог, да им даде прошка на гревовите на нашите души .
Кондак
на Св. апостоли, гл.2
Тврдите и богоречиви проповедници, врвот на Твоите ученици, ги прими, Господи, да се насладуваат од Твоите блага и да имаат покој. Зашто Ти, Кој единствен знаеш што има во срцата, ги прими нивните страдања и смрт за нешто повеќе од која и да било жртва.
 

Тропар
на Св. Никола, гл.4
Вистината на сѐ како правило на верата, образец на кроткоста и учител на воздржаноста те покажа стадото твое; заради тоа си го придобил со смирението - возвишеното, а со сиромаштвото - богатството; оче свештеноначалниче Никола моли Го Христа Бога да ги спаси нашите души.




Кондак
на Св. Никола, гл.3
Во градот Мир, светителу, си се прославил како свештенослужител. Исполнувајќи го, пак, Христовото свето Евангелие,си ја положил својата душа за својот народ и си ги спасил невините од смртта. Заради тоа, си се осветил, како голем чувар на Божјата благодат.
Молитва кон Св. Никола
О, пресвет Никола,голем угоднику Господов, топол наш застапнику, добар пастиру, учителу и наставнику! Ти, откако ангелски поживеа  на земјата, се јави и како вистински благ ангел во твојата прекрасна слава. Со сета своја душа и мисли веруваме дека ти, љубезен помошнику и молитвенику, со твоето вистинско застапништво и со благодатта што изобилно ти ја дава Господ Спасителот, постојано ни помагаш за нашето спасение. И сега, блажен Христов угоднику, прими ги нашите прозби и зачувај не со твоето застапништво. Моли се на Господа, Кој на сите им дава мир, да им испрати мир на црквите, зближувајќи ги поделените во едно, и да го сочува мирот во нашата земја. Моли го милостивиот Господ да нè спаси од нашите прегрешенија -  како што Тој единствено знае. Моли го Благиот, нам и на целиот свет, милостиво да ни даде  сè што ни е потребно. Помогни ми и мене,  грешниот и паднатиот со духот во овој живот. Измоли од Господа Бога, да ми даде прошка за сите мои гревови, кои ги сторив од мојата младост и во текот на мојот живот со дела, зборови, мисли и сите мои чувства. Моли го  Господа да ме избави од вечните маки, за да можам секогаш да ги славам Отецот и Синот и Светиот Дух и твојата заштита, сега и секогаш, и во вечни векови.   Амин.

 

Во петок
Тропар, гл.1
Спаси ги Господи, луѓето твои и благослови го Твоето наследство. Дарувај им победа над непријателите на сите наши православни христијани и со крстот Свој  заштити го твоето жителство.

Кондак, гл. 4
Ти, Кој доброволно на Крстот се искачи, на Твојот нов народ што го носи Твоето име, дарувај му ги Твоите добрини; дај му сила на Твојот христољубив православен народ наш, давајќи му победа над непријателите, имајќи го за помош Твоето оружје на мирот, како непобедлива победа.
Молитва кон распнатиот Господ Исус Христос
Господи Исусе Христе, Сине на живиот Бог, Творец на небото и земјата, Спасителу на светот! Ете, јас недостојниот и најгрешен од сите, со смирено срце коленичам пред  славата на Твоето Величие, го воспевам и го славам Твоето неизмерно страдање и Ти благодарам, Цару на сите и Боже, зашто благоволи да слезеш од Твојот небесен престол и да се воплотиш од Пречистата Дева Марија заради наше спасение. Со што да Ти возвратам, човекољубив Владико, за се што претрпе поради мене грешниот, не знам. Зашто душата и телото и сите Твои добра се од Тебе. Сето мое е Твое, а и јас самиот сум Твој. Се надевам само на Твоето неискажливо милосрдие, добросрдечен Господи.  Го воспевам Твоето неизмерно  долготрпение, ја величам Твојата неискажлива Промисла, ја славам Твојата неизмерна милост, со кои Ти  се наклони кон мене осудениот, за да ме оправдаш. Што да кажам за Твоето неискажано човекољубие, Христе Спасителу? Само во скрушеноста на моето срце, додека се поклонувам на Твоите пречисти страдања и, додека ги целивам, со љубов викам: помилуј ме мене, грешниот, помилуј ме! О, чудесна и неизмерна длабочино на милосрдието, Христе Боже, дај ми покајание, отвори ми ја вратата на милоста Твоја и спомни ме мене недостојниот во Царството Твое! Спасителу, Кој живееш во непристапна светлина, земи го од мене тешкото бреме на гревот и не гнаси се, Човекољупче, да се вселиш во моето недостојно срце за да ја смириш мојата телесна мудрост. И така, кога јас, Твоето создание, нема повеќе да живеам за себе, туку за Тебе, Господи мој и Боже, по Твојота добросрдечност, о премилостив Боже, да се удостојам да Те видам Тебе, мојот Создател и Спасител, овенчан со слава и чест, за претрпената од Тебе  смрт на крстот, во светлината на Твојата недостапна слава, каде што со Твојот беспочетен Отец и со пресветиот, животворен и едносуштен Твој Дух, царуваш пред вековите, сега и секогаш, и во вечни векови.
Амин!


 

Во сабота
Тропар, гл. 2
Апостоли, маченици и пророци, светители, преподобни и праведници, кои добро го завршивте подвигот, и верата ја запазивте, имајќи слобода пред Спасителот, како благ, молете Го за нас, да се спасат нашите души.
Друг тропар, гл.2
Како благ, спомни ги, Господи, Твоите раби  и се што згрешиле во животот прости им, зашто никој не е безгрешен освен Тебе, Кој  на починатите им даваш покој.
Кондак, гл. 8
Господи, насадителу на тварите, вселената ти ги принесе богоносните маченици, како први плодови на природата. По нивните молитви, заради Богородица, Многумилостиви, запази ја во длабок мир Твојата Црква и Твојот народ.
Друг  кондак, гл. 8
Со светиите упокој ги, Христе, душите на Твоите раби, каде што нема ниту болка, ниту страдање, ниту воздишка, туку живот  бескраен.


Молитва кон Господа
Боже Свети , Кој меѓу светите живееш, Кого Ангелите на небото Го воспеваат со трисвета песна, а луѓето го восфалуваат на земјата, Ти со Твојот Свет Дух на секого му даде благодат според мерката на Христовите дарови и преку неа постави во Твојата света Црква некои за апостоли, други за пророци, трети за евангелисти, четврти за пастири и учители, и преку словото што го проповедаа, мнозина се усовршија во светиите, кои од род во род ти угодија со различни добродетели и ни оставија пример за своите добри подвизи; и кога заминаа во радоста, подготвени се да ни помагаат во искушенијата и несреќите, во кои и самите биле  искушувани. Сеќавајќи се на сите овие светители, ние го фалиме нивниот богоугоден живот, и самиот Тебе, кој си ги водел во нивните желби и дела. Те славиме и веруваме дека нивните добродетели се Твои дарови и искрено Те молиме, Свети над светиите: дарувај ни и нам, на грешните, да го следиме нивното учење, живот, добрина, вера, долготрпение и љубов, и со нивната молитвена помош, а најмногу преку Твојата семоќна благодат, да се удостоиме со нивната небесна слава и да го фалиме Твоето пресвето име, на Отецот и Синот и Светиот Дух, во вечни векови.
Амин.
Молитва кон Господ Исус
Упокој ги, Господи, починатите наши отци, браќа, сестри, роднини и сите што живееја на земјата во благочестие и вера, со надеж за воскресение и вечен живот. Прости им ги сите согрешенија што ги направиле намерно или ненамерно, со збор, дело или мисла, и насели ги во место блажено и мирно, каде што нема болест, тага и воздишки, каде што секогаш пребива светлината на твоето лице и ги весели сите Твои светии. На сите дарувај ни го  Царството Твое, и направи не учесници во Твоите неискажани и вечни блага во Твојот бескраен и блажен живот. Зашто, Ти си живот, воскресение и покој на Твоите починати раби, Христе Боже наш, и затоа слава Ти оддаваме , со Твојот беспочетен Отец и со пресветиот, благ и животворен Твој Дух, сега и секогаш, и во вечни векови!                                                                   Амин!

 
Во недела
Тропар, гл 5
Христос Воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи, и на оние во гробовите, живот им подари. ( три пати )

Молитва кон воскреснатиот Господ Исус Христос

Слава Ти, Господи Исусе Христе, Боже мој, што повторно ме удостои да го видам радосниот ден на Твоето преславно воскресение од гробот, кога ги ослободи душите на праведниците од века заробени во адот. Со истата Божествена слобода на духот и телото, премил Спасителу мој, сакам и да ме ослободиш, зашто сум врзан со многу гревови, и да направиш во мојата мрачна душа да засвети животоносната светлина на Твоето воскресение. Зашто ги гледам Твоите безбројни великодушности и неискажливо човекољубие, зашто не само што ме создаде од небитие, украсувајќи ме со подобието на Твојот образ и поставувајќи ме за господар над сите земни суштества, но и откако паднав од височините и станав роб на врагот, Ти не ме остави: Ме искупи со Твојата скапоцена крв, ми ја даде благодатта на Крштението, за да се вратам на своето прво достоинство. Но бедниот јас, сопнувајќи се од мојот телесен ум, пак паднав и повторно станав роб на гревот и страстите, додека еден по еден не ги уништив сите дарови на Твојата благодат. Сега не знам што да правам, но сеќавајќи се на зборовите од Твојата пречиста уста, дека не дојде да ги повикаш праведниците, туку грешниците на покајание, а јас како еден од нив, со вера и смирение Ти приоѓам, празен од добри дела, но со цврста надеж дека ќе најдам во Тебе прошка на гревовите и обновување на мојот нечист живот. Затоа, помилуј ме мене, кој се каам и сакам да Ти служам. Не отфрлај ме од благодатта на Твоето воскресение! Преку Твојата животодавна смрт и погребение, умртви  ги моите лути страсти. Преку Твоето преславно воскресение, подигни ја мојата душа, умртвена од гревовите, и оживеј ја мојата совест, од која нема ништо понужно во светот. Преку Твоето воскресение, откини ме од суетните и душепогубни земни блага и направи  да мислам на небесното, и повеќе да не живеам за себе и да си угодувам, туку да Ти служам Тебе, Господи и Боже мој. И како што се удостоив да се поклонам на Твоето воскресение на земјата, така удостој ме да те видам Тебе, најмил мој Искупителу, и на небото, крунисан со слава и чест за претрпената од Тебе крстна смрт, и стоејќи оддесно на Твоето величие, со Архангелите и Ангелите, и со сите, искупени од Тебе, мои браќа, да Ти пееме во вечни векови: Алилуја!
Амин!

 

За Преминпортал подготвил Симеон Стефковски



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3109
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7567
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

05/11/2024 - вторник

Св.ап.Јаков брат Господов; Игнатиј Цариградски

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов великомаченик АРЕТА 24 октомври / 6 ноември 2024

Тропар на св. Христов великомаченик АРЕТА 24 октомври / 6 ноември 2024

Блажен си ти Арето, верен слуга на Бога Живиот, кому Спасителот Му подари разум за умудрување на мнозина,  со дела достојни...

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов 23 октомври / 5 ноември 2024

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов 23 октомври / 5 ноември 2024

Како праведен Господов ученик,си го примил Евангелието,како маченик имаш смелост непобедлива,како јерарх се молиш, ти кој си брат Божји.

Тропар на светиот Христов рамноапостолен Епископ Ерополски Аверкиј 22 октомври / 4 ноември 2024

Тропар на светиот Христов рамноапостолен Епископ Ерополски Аверкиј 22 октомври / 4 ноември 2024

Божји угодниче, Аверкие свети милостив, незнаењето човечко го исплака,заблудата кон идолите ја разруши со силата Христова,адот пред тебе глава наведна,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная