Мажот (а уште помалку жената) не поседува апсолутна власт над другиот партнер во бракот. Ако присилата се примени над волјата на другиот - дури и во име на љубовта - тоа ја убива самата љубов. И така се поставува прашањето: дали да се потчини на принудата, ако таа го загрозува она што е најскапоценото?
Огромен број несреќни бракови произлегуваат токму поради тоа - секој партнер се смета себе за сопственик на саканата личност. Тоа е причина за речиси сите тешкотии во брачниот живот. Најголемата мудрост во бракот се покажува во давањето целосна слобода на личноста што ја сакате: затоа што нашиот човечки брак е копија на бракот на небото меѓу Христос и Црквата, каде што постои апсолутна слобода.
(свештеник Александар Ељчанинов)
2ри септември 2022 лето Господово