Бог ги гледа сите, дури и најмалите работи; секоја, дури и најтајната молитва; секоја, дури и најинтимната, добра мисла и секоја добра намера. За Него е важно сè што му служи на доброто, што служи на љубовта, што му служи на човекот: и работа во канцеларија, и работа на училиште, и работа во фабрика, и одење на пазар, и чекање ред и вршењето мали домашни работи.
Бог е присутен не само таму каде што се прават големи работи што ќе останат во историјата, туку и таму каде што мајката го воспитува своето дете во раце, каде што човек со тешкотии чесно заработува леб за своето семејство;
Бог е таму каде што човекот љуби, каде што човекот се жртвува за друг, каде што човекот се радува на човекот.
Октомври 2022 лето Господово
Преземено од фб профил на