Бидете многу внимателни, бидејќи помислата е моќна. Нејзината сила е слична на ефектот на инјекцијата. А самата помисла можеме да ја споредиме со шприц. Каков вид на шприц? Тенок. Дали тој ни предизвикува болка? Минимална.Низ минијатурната дупка иглата влегува во вената, едвај ние и да ја почувствуваме: само моментот на убод од иглата го чувствуваме како убод на ситен инсект.
Но, туѓата материја преку шприцот влегува во организмот, што предизвикува последици во него. Исто е и со помислата. Помислата се појавува сосема незабележливо и безболно, но веднаш ни вбризгува ѓаволски отров; ни ја менува нашатa состојба и не вади од себе. Во нашето срце се води страшна борба меѓу умот, додека тој е сè уште жив, додека не биде заробен од помислата што влегла во нас.
Митрополит Лимасолски Атанасиј
Ноември 2022 лето Господово
Друго:
Митрополит Лимасолски Атанасиј: Глад по Бог
КОГА САКАМЕ ДА РАЗГОВАРАМЕ СО НАШИТЕ ДЕЦА- Лимасолски Митрополит Атанасиј
Митрополит Атанасиј Лимасолски: За совеста – I дел
Митрополит Атанасиј Лимасолски:Бракот е љубов, а не диктатура – (V дел)