Кога некој во нешто ќе згреши против тебе, на пример, кога те озборува или кога злонамерно ќе му ги пренесе на друг твоите зборови во искривен облик, кога те клевети...,
не лути се на него, туку побарај ги во него добрите страни, кои несомнено постојат во секој човек, а тогаш со љубов застани на нив, презирајќи го злото што тој го исплел против тебе, како валканица која не заслужува внимание, како демонски привид.
Така, ни златарите не му придаваат важност на мноштвото песок и кал во златниот песок, туку се задржуваат само на златните зрнца и, иако се тие многу малку, тие високо ги ценат и ги испираат од мноштвото непотребен песок.
Така и Бог постапува со нас, долготрпеливо чистејќи не.
Св.Јован Кронштатски
ФБ профил на Православие.Мк †
18ти февруари 2023 лето Господово