логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TVIT274

Кога Бог Го создал светот и рајот со сите негови убавини, како врв на сите созданија го создава човекот; го создава Адам – првиот човек. Семоќниот Бог несебично му дарувал на Адам изобилни благодатни дарови, мудрост, слободна волја и живот во благодатна заедница на љубов и хармонија со Бога. Но, на првиот човек, кој можеби не бил свесен за тоа, му недостасувало нешто – му недостасувало помошник сличен на него, некој со иста природа како неговата, му недостасувало пријател со кого блаженството на рајот ќе биде потполно.
          И како што се вели во Светото Писмо: Не е добро за човекот да биде сам, да му создадеме другар. Себлагиот Бог, Кој го создал човекот за блаженство, ја создава Ева, најблискиот сожител на Адам во рајот.
Жената – пријател, зема живо учествo заедно со мажот во нивниот заеднички живот во рајот. Целта на нејзиното создавање е – со својата љубов да го направи мажот потполн и целосен, бидејќи нејзиниот основен призив е токму – љубовта.
Ева е создадена заради Адам; таа му е помошничка, слична нему и тие заедно во услови на меѓусебна еднаквост, љубов, разбирање и хармонија, еден со друг, а зедно со Бога, живеат и се надополнуваат. Жената е создадена заради мажот, земена од него, коска од неговата коска, тело од неговото тело.
Според Светото Писмо, гревот на непослушанието го нарушил односот меѓу мажот и жената. Ѓаволот ја прелагал Ева и ја употребил како оружје со кое ќе му наштети на мажот, знаејќи дека таа како послабо создание полесно може да ја прелаже кон грев. Гревот на непослушание кон Божјиот збор, во овој миг ја нарушува хармонијата на човековата природа. Непослушноста го нарушува односот меѓу мажот и жената, меѓу човекот и природата, а што е најважно ја нарушува благодатната заедница на хармонија и љубов меѓу човекот и Бога.
Изгубената рамнотежа меѓу мажот и жената, поради непокорноста кон Божјиот збор, се урамнотежува со доаѓањето на Спасителот преку Дева Богородица – највозвишениот и најсовршениот пример на вистинска мајка и жена. Ниеден лик на жена во историјата на човештвото не може да се спореди со ликот на Пресвета Богородица. Во Нејзиниот лик е обединет ликот на жената, на мајката, на девојка, родителка, на светителка, а пред сé ликот на побожна христијанка.
Пресветата Дева, поради силата на својата голема љубов и смирение, Го примила во Себе Бога и преку Неa, Христос Спасителот се овоплотил и постанал човек. И покрај Нејзината голема улога, Таа останува во својата скромна положба. Таа се поставува и стои зад Својот Син, за време на Неговиот земен живот. Таа не се гледа себеси ниту пред Неговите ученици – апостоли, кои длабоко ја почитуваат Мајката на нивниот Учител.
Често, Светата Православна црква во своите молитви се обраќа кон Пресвета Богородица и многу молитви, трогателни стихови, многу пофални песни И се посветени на Пресветата Богомајка. Од најраните времиња, црковното предание Дева Марија ја нарекува: Богородица, Пречиста, Сесвета, Мајка Божја, Пренепорочна… Нема молитви, нема служба во која не се спомнува Нејзиното име, бидејќи Нејзиното достоинство и слава ги надминува и највозвишените ангелски сили, како херувимите и серафимите, кои се наоѓаат најблиску до Престолот Божји.Православната свест живо го чува сеќавањето на ликот и примерот на животот на Пресветата Дева, кој длабоко и неразделно треба да е вткаен во животот на секој православен човек, во животот на жената христијанка и на секоја жена воопшто.
Само во Русија има над 300 чудотворни икони на Пресвета Богородица, пред кои многу верни луѓе во бескрајни молитви и благодарења И се обраќале на Мајката Божја. Многу храмови се посветени во Нејзина чест и се изградени токму на местата каде Таа го поминувала својот земен живот, како Ефес, Ерусалим, Гетсиманија. Потоа, Света Гора се нарекува градина на Пресвета Богородица и Таа ужива посебна почит и љубов од светогорските монаси. Во еден светогорски манастир,(Ватопед) се наоѓа Нејзината риза (наметка) од која се шири благоухана миризба, изобилува со благодат и многу чуда се извршуваат преку неа. Нема доволно зборови со кои би можеле да го објасниме сето она што црковната свест, низ вековите на христијанската историја го препознала, го согледала и го сочувала во ликот на Пресвета Богородица.
Божјата Промисла ја одбрала Дева Марија да биде Мајка на Спасителот, токму затоа што Нејзиниот живот плени со бескрајна телесна и духовна чистота, голема вера, целосно себепредавање, големо смирение и љубов кон Бога. Тоа се гледа токму во настанот кој Светата Црква го празнува како Благовештение, кога архангел Гаврил И јавува радосна вест на Пресвета Богородица, дека ќе Го роди Спасителот на светот и дека Таа е најблагословена од сите жени. Нејзиното големо смирение се гледа токму во Нејзиниот одговор: Еве ја слугинката Господова, нека ми биде според зборовите твои.(Лк. 1, 28)
Основа за почитувањето што Црквата И го укажува на Дева Марија била Нејзината послушност кон Бога и слободното себепредавање со кое Таа одговорила на повикот што никогаш, пред тоа не го слушнале човечките уши. Во средиштето на Нејзиното почитување стои Нејзиниот лик како Дева, чие девство не било нарушено со Нејзиното мајчинство, и Нејзиното Богомајчинство.
Нејзината богомајчинска љубов како невидлив покров ги закрилува сите луѓе и ги прима како свои чеда. Како вистинска мајка во своето срце ги чувствува сите наши жалости и страдања, нашите болки и неволји, бидејќи во мигот кога стоела под Крстот на Својот Син, Таа ја почувствувала целокупната болка на човечкото страдање и паднатост, станувајќи пример на мајчинска љубов, сожалување и мајчинско сострадање.
Таа, и ден денес, посредува помеѓу небото и земјата; посредува за светот и ги принесува Своите молитви пред Престолот на славата Божја. Таа е наше помирување и застапништво пред Бога. Таа не суди, туку е милостива кон сите, не бара праведен суд, туку дава мајчинско застапување и на Страшниот Суд ќе Го моли својот Син за простување на гревовите на човештвото. Таа на злобата и гревот во денешниот свет одговара со љубов и солзи, на хулењето со простување, на омразата со благослов. Нејзиното мачинско срце го очекува покајанието на денешниот човек кој изгубен во брановите на современиот живот, пропаднат во една духовна темнина и гревовна бездна. Во светот денес царува осаменост, егоизам, материјализам, депресија, очај. Тешко е да се живее во ваков свет. Многу луѓе се обидуваат да се избават од стихијата на овој свет и да најдат одговор на многубројните животни прашања кои предизвикуваат дилема и збунетост.
Но, едно треба да се сфати: вистинските одговори се невозможни сé додека човекот не го издигне својот ум кон кон возвишеното и вечното, кон духовното и моралното, сé додека не ја врати и издигне својата вера во Бога.
На денешниот суров, студен и агресивен свет се спротивставува ликот на Пречистата Марија. Тоа е ликот на бескрајното спасение, ликот на силата и убавината на смирението, ликот на духовната и телесна чистотата на верата и големината на љубовта. Во Неа го пронаоѓаме сето она што треба да го има секоја жена, мајка и девојка – а тоа е сострадалноста, грижата, довербата, пожртвуваноста и љубовта. Преку Богородица сфаќаме што значи да се бара и да се најде Царството Божјо, вечната радост и поврзаност со Бога, бидејќи целиот Нејзин живот е непрестајна средба, непрестајна љубов, непрестајно приближување кон Бога и Царството небесно.
Сé што порано било разделено и распаднато поради гревот, злото и човечката гордост, повторно се соединува во ноќта на Христовото Рождество. Бог се среќава со човекот, небото со земјата, природата со духот, сé се соединува во сликата на Божјата Мајка со Богомладенецот во своите раце. Со раѓањето на Спасителот на земјата започнува една нова епоха во човештвото, човечкиот живот добива смисла и значење. На луѓето им се открива вистината за божествената длабочина, мудрост и љубов кон светот кој Бог го создаде заради човекот и Го испрати Својот Единороден Син за да го спаси човекот.

https://bigorski.org.mk/.../presveta-bogorodica.../...

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3217
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7709
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная