Еден старец од Богоносните Отци, стоејќи на молитва и бил во занес, слушнал глас од нашиот Господ Исус Христос, Кој разговарал со Пречистата и Пресвета Богородица, Својата Мајка и ја прашал:
-Кажи Ми, Мајко Моја, колку најголеми страдања кои постојат на светот, си доживеала заради Мене?
И Му одговорила Пресветата Дева:
-Сине и Боже Мој! Петте најголеми страдања кои Сум ги доживеала заради Тебе се:
Првото - кога слушнав од Пророк Симеон, дека ќе бидеш убиен;
Второто - кога три дена те барав по Ерусалим и не Те видов;
Третото - кога дознав дека Евреите Те фатиле и врзале;
Четрвтото - кога Те видов на Крстот Распнат помеѓу разбојниците и
Петтото - кога Те видов во гробот положен.
И Господ и велел:
-Ти кажувам Мајко; ако некој за секое Твое страдање секој ден ја чита Мојата молитва "Оче наш" и Архангелското радување "Богородице Дево, радувај се..."
- За првото страдање ќе му дадам свест за гревовите и покајание поради нив;
- За второто ќе му ги простам сите гревови
-За третото ќе му ги вратам неговите добродетели кои ги изгубил со неговите гревови;
-За четвртото на смртта ќе го нахранам, со Телото и Крвта Мои Божествени;
- За петтото, Самиот ќе Му се јавам во часот на смртта и ќе ја примам неговата душа во живот вечен. Амин.
НА ЧИСТИТЕ СЕ ИМ Е ЧИСТО
Старец Виталиј
Библиотека свети Гаврил Лесновски
Hristijanski Braka
Мај 2023 лето Господово