логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Со  благослов на Митрополит Австралиско- новозеландски и  Преспанско- пелагоники г. Петар ,а  во издание на МПЦ Црква Св. Петка-Мил Парк, Викторија- Австралија и Австралиско- новозеландска епархија и Преспанско- пелагоника епархија,  излезе од печат нова богослужбена книга Избор на празнични и месечни Богослужби Прв дел”.

За време на Епархиско собрание на МПЦЕАНЗ, Митрополитот Петар и протопрезвитер Тоне Гулев ја промовираа новата богослужбена книга

 “ Избор на празнични и месечни Богослужби Прв дел”.

Преводот и препевот од црковнословенски јазик, го направи  протопрезвитер- ставрофор д-р Јован Таковски

 


 21 септември 2008 г.

Нова богослужбена книга “ Избор на празнични и месечни Богослужби Прв дел”.

bogosluzbi.praznik1.jpgПРЕДГОВОР
„Ќе му пеам на мојот Бог додека постојам"

Мили наши духовни чеда,
Излегувањето од печат на Избор на месечни и празнични богослужби, прв том (септември-јануари), на литературен Македонски јазик, се совпаѓа со преродбата (повторно воведување) на црковното, источно, старомакедонско црковно пеење во дијацезата на Македонската Православна Црква.
Мошне добро е познато дека Македонија, како дел од православните земји, и МПЦ како дел од православната екумена, е позната во областа на црковното пеење со многувековна традиција.
По укинувањето на Охридската Архиепископија, како црква на нашиот македонски народ, уште долго време ќе опстојува изворното црковно пеење на просторите на Македонија, се до ставањето на нашата Црква под јуриздикција на Српската Православна Црква и воведувањето на мокрањчевото црковно пеење, на просторите на Бардарскиот дел на Македонија, кој по 1-та Светска Војна влегол во составот на Кралството на СХС, подоцна именувано Југославија, стара и нова.
Општо познато им е на сите дека Македонија е една од централните земји, во која се негувало црковното уметничко пеење. Од оваа исконски христијанска земја, произлегуваат и редица многу надарени црковно-музички трудбеници, признати во целиот свет.
Со воведувањето на изворното македонско црковно пеење во нашиот духовен расадник, Македонската православна богословија, Богословскиот факултет и во одделни храмови во МПЦ, нашите верници повторно ја имаат можноста да живеат во едногласие (еднопеење), со едноверните христијани на црквите, на источните патријархати, како и подоцнежните, кои го прифатиле и го негуваат ова источно црковно пеење, се разбира, со свои посебни особености.
Токму сега, кога се обновува традицијата со изворното источно-македонско пеење, се изврши и преводот на Избор на месечни и празнични богослужби, прв том (септември - јануари) на нашиот мајчин, литературен, Македонски јазик, и на тој начин ни се дава прекрасна можност да го вкомпонираме нашето црковно пеење во црковните песни на најсовремениот наш јазик, за да можат нашите верници изворно да се запознаат, да ја разберат, почувствуваат и доживеат, длабоко трогателната содржина на црковните песни, која со восхит ги исполнува душите и срцата на (нашите) православни(те) верници.
Длабоко сме уверени дека час поскоро, како во нашата Богословија, нашиот Богословски факултет, па и во сите храмови на нашата Црква, како во нашата татковина Република Македонија, така и во дијаспората, во голема мера ќе отпочне да се применува нашето изворно, македонско црковно пеење и врз текстовите на црковните песни, преведени на современ Македонски литературен јазик.
Од длабочината на срцето и душата го препорачуваме излегувањето на оваа книга, на литературен Македонски јазик, на нашите православни верници во дијацезата на МПЦ и пошироко.

14/1 јануари 2008 г.
Обрезание Господово,
Свети Василиј Велики 
Со Божји благослов,
Митрополит Преспанско-пелагониски
и администратор Австралиски и Новозеландски
Света Митрополија Битола

 bogosluzbi.praznik.jpg

 

СОДРЖИНА:
1 СЕПТЕМВРИ -
Спомен на преподобниот отец наш Симеон Столпник и архимандрит 7
8 СЕПТЕМВРИ -
Рождество на Пресвета Владичица наша Богородица  40
9 СЕПТЕМВРИ -

Светите и праведни богоотци Јоаким и Ана  68
14 СЕПТЕМВРИ -
Воздвижение на чесниот и животворен Крст - Крстовден  84
26 СЕПТЕМВРИ -
Упокојување на свети Јован Богослов  109
1 ОКТОМВРИ -
Покров на Пресвета Богородица  139
6 ОКТОМВРИ -
Светиот и славен апостол Тома  161
11-17 ОКТОМВРИ-
Недела на светите Отци на 7~°т Вселенски собор во Никеја 178
13 ОКТОМВРИ -
Света великомаченица Злата Мегленска  192
14 ОКТОМВРИ -
Преподобна мајка Параскева - света Петка  209
18 ОКТОМВРИ -
Свети апостол и евангелист Лука  230
19 ОКТОМВРИ -
Спомен на преподобниот отец наш пустиножител Прохор Пчински 247
19 ОКТОМВРИ -
Светиот преподобен отец наш Јован Рилски  274
21 ОКТОМВРИ-
Свети Иларион епископ Мегленски  289
26 ОКТОМВРИ -
Светиот и славен великомаченик Димитриј Мироточив Солунски и спомен
за големиот земјотрес  305
1 НОЕМВРИ
Светите бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан  341
3 НОЕМВРИ
Обновување на храмот на св. великомаченик Георгиј  363
8 НОЕМВРИ
Собор на светиот Архистратиг Михаил и на другите бесплотни Сили 377
13 НОЕМВРИ
Свети Јован Златоуст архиепископ Константинополски  402
21 НОЕМВРИ
Воведение во храм на Пресвета Владичица наша Богородица и Приснодева
Марија  428
25 НОЕМВРИ и 27 ЈУЛИ
Свети Климент архиепископ Охридски и Чудотворец  461
25 НОЕМВРИ
Свети Климент папа Римски, и Петар Александриски  493
28 НОЕМВРИ
Спомен на светите Петнаесет свештеномаченици кои пострадаа за време на
Јулијан Отпадник во Тивериопол, наречен Струмица  518
5 ДЕКЕМВРИ
Спомен на преподобниот и богоносен отец наш Нектариј Битолски 544
6 ДЕКЕМВРИ
Спомен на светиот отец Николај Чудотворец архиепископ на Ликискиот
град Мир  568
9 ДЕКЕМВРИ
Зачнување на света Ана кога ја зачна Пресвета Богородица 602
12 ДЕКЕМВРИ
Преподобен отец наш Спиридон Чудотворец епископ Тримитунтски 618
20 ДЕКЕМВРИ "
Претпразненство на Раѓањето по тело на Господ Бог и Спасителот наш Исус
Христос, и спомен на светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец 629
23 ДЕКЕМВРИ
Претпразненство на Рождество на Господ наш Исус Христос и спомен на
преподобниот отец наш рамноапостолен Наум Охридски Чудотворец 653
11-17 ДЕКЕМВРИ
Недела на светите Праотци  682
18-24 ДЕКЕМВРИ
Недела пред Рождество Христово, на светите Отци  700
24 ДЕКЕМВРИ
Претпразненство на Рождество Христово и спомен на света преподобнома-
ченица Евгенија  728
25 ДЕКЕМВРИ

Раѓањето по тело на Господ Бог и Спасителот наш
Исус Христос — Божик      781
26 ДЕКЕМВРИ
Собор на Пресвета Богородица  812
26 ДЕКЕМВРИ-1 ЈАНУАРИ
Недела по Раѓањето Христово  818
27 ДЕКЕМВРИ
Светиот апостол, првомаченик и архиѓакон Стефан  828
1 ЈАНУАРИ  852
Обрезание по тело на Господ наш Исус Христос
5 ЈАНУАРИ  852
Претпразненство на Просвештение (Богојавление) и светите маченици
Теопемпт и Теона; и преподобна Синклитикија  881
6 ЈАНУАРИ
Свето Богојавление на Господ Бог и Спасител наш Исус Христос 936
7 ЈАНУАРИ
Собор на светиот славен пророк, Претеча и Крстител Јован 975
15 ЈАНУАРИ
Спомен на преподобниот и богоносен отец наш Гаврил Лесновски 1002
17 ЈАНУАРИ
Преподобен и богоносен отец наш Антониј Велики  1019
18 ЈАНУАРИ
Спомен на светите отци наши, и архиепископи Александриски,
Атанасиј и Кирил  1042
25 ЈАНУАРИ
Спомен на свети Григориј Богослов, архиепископ Константинополски 1060
30 ЈАНУАРИ
Светите отци наши и велики ерарси Василиј Велики, Григориј Богослов и
Јован Златоуст  1090
Табела на подобни на осум гласови  1026
 


 (Извадок)

Рождество на Пресвета Владичица наша Богородица

На литија стихири, глас 1, самогласни.
(од Стефан Светоградец)

Денес, луѓе, стана почетокот на нашето спасение, зашто претскажаната од древните поколенија, Мајка и Дева, и прибежиште Божјо, се раѓа од мајка неплодна; цвет и жезол од коренот Јесеев изникна. Нека се радува Адам праотецот, и Ева со радост нека се весели, зашто, ете, создадената од ребро Адамово ќерка и внука, ја велича отворено, бидејќи рече: Ми се роди избавување заради кое ќе се ослободам од веригите адови: Нека се радува Давид свирејќи на гусли, и нека Го благословува Бога, зашто, ете, од неплодна утроба излегува Дева, за спасение на душите наши.
Глас 2: Пријдете, сите вие што ја сакате невиноста и сте љубители на чистотата, со љубов примете ја пофалбата на девството, изворот на живот, кој од тврд камен тече, и Капината која се раѓа од бездетната (Ана), за да Го прими невештествениот Оган, Кој ги очистува и просветлува душите наши.
(Од патријарх Анатолиј): Каква е оваа празнична песна!? Адам и Ева торжестувааат таинствено, велејќи: Радувајте се, денес, со нас; Адаме и Ево! Зашто, ако во она време, со вашиот престап, го затворивте Рајот, сега, еден благословен плод ни се даде - слугинката Божја Марија; која на сите влезот во него им го отвора.
Претскажаната Царица на вселената; која Бог ја определи за Свое живеалиште, денес се роди од неплодна утроба - славната Ана. Преку неа, срамниот ад се уништи и Ева, мајката на човечкиот род, во сигурен живот се воведува. Нејзе достојно да и запееме: Блажена си ти меѓу жените, и благословен е Плодот на твојата утроба.

 


зашто Сонцето Христос, се јави од тебе како Младоженец од палата.
Катавасија: 0, најблажено дрво, на кое се распна Христос, Царот и Господ, со кое падна оној што не заведе преку дрвото забрането, кога се прикова со тело Бог, Кој им дава мир на душите наши.

Песна 6, глас 2.
Ирмос: Јона, од китот, повика кон Господа: Ти се молам, изведи ме од бездната адова, та, како на Избавител, да Ти принесам жртва од песна пофална, и во дух на вистината.
Богомудрите родители на Божјата Мајка, во жалоста поради неплодноста, повикаа кон Господа и ја родија за сите поколенија, заради спасение на сите и за пофалба.
Богомудрите родители на Божјата Мајка, го примија небесниот дар од Бога достоен, кој го надминува носилото на херувимите
Мајко Божја, имајќи те за непоколеблива брана и неспоредлива заштитничка, ние сме ослободени од нашите  страдања  и  под  нозе  ја  газиме  горделивоста непријателска.

Друг канон, глас 8.
Ирмос: Како водите морски, Човекољупче, од брановите на овој живот сум вознемируван. Затоа Ти викам како Јона: Милостив Господи, од распадливоста на животот избави ме.
Иако си посвета од светите, твоите целомудрени родители, Пречиста, те одведоа во храмот на Господа, за да се воспиташ чесно и да се подготвиш за Мајка Негова.
Неплодни жени и мајки, ликувајте! Бездетни (жени), бидете смели и радувајте се, зашто неплодна (жена) ја раѓа Богородица која ќе ја избави Ева од болестите, и Адама - од клетвата.
Го слушам Давида, кој ти пее: Девојки ќе бидат приведени по тебе, во храмот Царев ќе бидат приведени. И јас те воспевам, со Него, како ќерка Царева.
Го воспеваме твоето свето раѓање, го почитуваме и твоето непорочно зачнување, Невесто и Дево, од Бога повикана! Со нас слават ангелските чинови и душите на светите.
Троичен: Во тебе, Пречиста, се воспева и слави тајната на Света Троица, зашто Отецот благоволи и Словото се всели во тебе, а Божествениот Дух те осени.
Богородичен: Златна кадилница си била, Богородице Пречиста, зашто оган во твојатаутроба се всели – Словото од Духот Свети, и во човечка природа пред нашите очи се покажа.
Катавасија: Кога Јона ги рашири рацете крстовидно, во утробата на водниот ѕвер, тогаш јасно го прасликуваше спасителното страдање; кога по три дена излезе од него, го наслика општото воскресение на прикованиот Христос Бог со тело, Кој со тридневното воскресение светот го просветлува.

Кондак, самогласен, глас 4.
Јоаким и Ана со твоето свето раѓање, Пречиста, се ослободија од срамот на бездетноста, а Адам и Ева - од распадливоста смртна. Затоа и празнуваат луѓето твои, избавени од гревовната вина, кога ти пеат: Неплодна (жена) ја раѓа Богородица и, на Животот наш - Хранителката.
Икос: Молитвата, заедно со воздишките на Јоаким и Ана, поради неплодноста и бездетноста, Му беа благопријатни на Господа и до Неговите уши дојдоа, и тие на светот живоносен плод му произведоа; додека првиот се молеше на гората, втората за својот срам размислуваше во градината.
Но; неплодната со радост ја раѓа Богородица и на Животот наш - Хранителката.

Песна 7, глас 2.
Ирмос: Несогорливата капина на Гората, и росоносната печка халдејска, беа јасна праслика за тебе, Богоневесто, зашто во својата вештествена утроба си Го примила божествениот и невештествен Оган кој не те изгоре. Затоа, на Родениот од тебе, Му пееме: Благословен си; Боже, на нашите татковци.
Пречиста (Дево); законодавецот (Мојсеј) тешко можеше да ја разбере големата тајна, предобразена преку вештествени јавувања, иако беше поучен, пред објавениот знак; да ги отфрла сите земни помисли. Затоа; восхитен од чудото; говореше: Благословен си; Боже; на нашите татковци.
Гора и врата небесна, и духовна скала - тоа се имиња што пророците однапред ти ги дадоа; зашто од тебе се отсече Камен; без да бидеш допрена од човечка рака. Ти си; Дево; и вратата низ која мина Господ; Кој е Творец на чудеса и Бог на нашите татковци.
Бессемено си Го родила Господа; Кој им претходи на сите векови - Синот на Отецот; Мудроста и силата Божја; Кој во последно време прими тело; за да ги обнови смртните. Затоа; Дево Пречиста; на Твојот Син Му велиме: Благословен си.

Друг канон, глас 8.
Ирмос: Во разгорената печка халдејска, со помош Божја од Духот поросена, младите момчиња пееја: Благословен си; Боже; на нашите татковци.
Го празнуваме; Чиста; и на твоето свето раѓање верно му се поклонуваме; пеејќи Му на твојот Син; преку Кого сега се избавивме од древната осуда Адамова.

 


 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3217
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7709
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная