логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Jakov.Beseda1

Реакција на Викарниот Епископ Стобиски г.Јаков на обидот да се замолчи Вистината:
                 Неодамна добив претставка од Квир Центарот во Скопје, порано познат како Субверзивен фронт, обвинувајќи ме дека сум извршил говор на омраза и насилство врз трансродовите лица со тоа што на моето гостување во емисијата Детектор, каде се дебатираше за Законот за родова еднаквост, искажав ставови кои ги потврдуваат врвни светски стручи лица, доктори, психолози и психијатри – дека за некој да биде трансродов, треба да биде дијагностициран со патолошката состојба наречена родова дисфорија или растројство на родовиот идентитет. Се разбира, јас веднаш одговорив на таквите обвинувања и испратив детален одговор до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, во кој понудив линкови од светски реномирани медиуми, прирачници за психијатри, изјави од доктори и психолози, кои ги потврдуваат изнесените ставови. Воедно, во мојот одговор поднесов и линк од веб-сајтот на подносителот на претставката, Субверзивен фронт, каде самите тие велат дека „транссексуалните личности се луѓе кои патат од она што во медицината се нарекува родова дисфорија“ и дека тоа е „медицинска состојба“.
               Иако во самата емисија јас бев доста јасен и концизен дека Црквата го љуби секој човек, без разлика колку и да е грешен, и дека на секој што страда треба да му се помогне, и иако во одговорот образложив дека насилство може да се смета тоа што подносителот на претставката сака да го смени природниот ред и општоприфатениот установен начин на однесување со тоа што сакаат да прифатиме дека маж може да стане жена и да се натпреварува во сите општествени сфери со жените, Комисијата реши дека јас сум ги повредил чувствата на, како што вели Ирена Цветковиќ, помалку од 100 трансродови лица, и тие се чувствувале многу вознемирени. Колку вознемирени биле и како ја оцениле вознемиреноста, тоа не знаеме.
               По некои недефинирани правила, Комисијата решила на оваа претставка да припои уште една претставка, овојпат од Коалиција Маргини, која е доставена до Комисијата месец дена после првата, притоа без воопшто да ме известат за истата и без да ми дадат легитимно законско право да одговорам.
               Внимавајте, ми испраќаат претставка за искажани ставови по однос на родот и родовиот иденетитет, нешто што не постои во нашите закони, кое не е ниту дефинирано ниту правно признато. И не само тоа, туку и наведуваат дека сум дел од некаква мобилизација против родовата еднаквост и ЛГБТИ правата која е финансирана од САД, дека мене некој ме плаќа за да си го љубам народот и децата. Патем, тие обвинуваат, а докази, се разбира немаат доставено зашто не постојат. Наведуваат дека родовата дисфорија е депатологизирана и ставена во „состојби поврзани со сексуалното здравје“, а намерно изоставаат да кажат дека депатологизација не може да се изврши кога сè уште стои во класификација за болести и сродни здравствени проблеми и самиот збор „состојба“ на англиски значи – здравствен проблем.
             Сите овие документи ќе бидат јавно објавени, за да видите со какви лаги, манипулации, извртувања и малициозност се служат, само за да ги заплашат, да ги уценат и да ги замолчат оние со здрав разум, кои имаат свои ставови. Произволни толкувања на членови, поддршка на педофилија, омаловажување на жените, цензура на слободниот говор... тоа е она што може да се забележи дека Комисијата поддржува.
           Ова е правна шарада која е недозволива, но сега е озаконета со законот за недискриминација кој ги дава првите плодови на злото што се подготвува за сите нас. Оваа тоталитаристичка одлука е во духот токму на оној Секретаријат што се планира со предлог-Законот за родова еднаквост, за кој цело време предупредувам, а кој ќе биде со далеку поголеми ингеренции од оние на оваа ситна и мала Комисија. Тој Секретаријат ќе ја има улогата и на тужител и на судија и на казнен извршител, така што може да замислите каква правда ќе се дели дури тогаш – исто тело ве обвинува, ви пресудува и ве казнува. Тогаш и „1000 стапа“ ќе бидат малку за жртвата што ќе падне во рацете на Секретаријатот.
             Во Законот за заштита од дискриминација има член кој товарот на докажување го префрла на тужениот. Ова е таа „демократска придобивка“, каде пресумпцијата за невиност е згазена и избришана со единствена цел, сите да се држат во постојан страв од поднесување на претставки и замолчување на секој оној што ќе се осуди да каже нешто што нема да им се допадне на членовите на комисијата. Сосема истиот член се предлага и во Законот за родова еднаквост!
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на крајот ми ПРЕПОРАЧУВА дека во рок од 30 дена треба да се извинам за стореното „злосторство“ и ми наметнува казна, повторно во форма на дискриминирачка препорака, да се воздржувам од јавни настапи во кои ќе говорам за родовиот идентиет, што тука ги вклучува и моите јавни настапи на прес конференции и гостувања во ТВ емисии токму во овие денови пред протестот. Во спротивно, оваа т.н. Комисија за спречување и заштита од дискриминација ми се заканува со покренување на прекршочна постапка пред надлежен суд.
Јас би сакал топло да ѝ се заблагодарам на Комисијата за трудот да состават вакво капитално дело, прво од ваков вид упатено кон владика кој не ги застапува нивните родово-идеолошки ставови. Исто така, голема благодарност и за препораките да замолчам и да се извинам... но, и јас им испраќам топол поздрав од мене и ги известувам дека нивните препораки не се прифаќаат, и дека сум подготвен да бидам суден, но и на многу повеќе, за тоа што сум ја говорел и исповедал Вистината.
Се гледаме на протест во четврток!

 

Тивериопол.мк

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7621
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная