Отец Николај, кој живеел на островот Залит, секогаш пред да јадe читал долга молитва. Еден ден, кога имал работа во големиот град, морал да руча во јавен ресторан. Тој по своето правило спокојно се прекрстил и почнал да ја чита молитвата пред јадење.
Во близина имало друштво млади луѓе кои иронично и со сожалување го гледале старецот. Еден од друштвото решил да ја круниса тајната забава, па отишол одзади и го прашал:
– Оче, таму во вашето запуштено село, сите ли вака се молат пред јадење?
Старецот без да се мисли, одговорил:
–Не, мили мој, не сите. Коњите, кучињата, свињите така си јадат…
Свети Серафим Вирицки често велел: „Колку често боледуваме заради тоа што не се молиме пред јадење, не го призиваме Божјото благословение преку храната“.
Порано сѐ се правеше со молитва на устата: ораа – се мола, сееја – се молеа, ја збираа реколтата – се молеа. Денес, ние не знаеме какви луѓе го приготвиле тоа што го јадеме. Многу често храната се подготвува со богохулни зборови, пцуејќи, колнејќи… Затоа, пред да јадеме треба со особено внимание да се помолиме.
Навистина, кога постапуваме така во молитва, и благодарност, на трпезата присуствуваат со нас и ангелите, а каде се ангелите таму се сите Светители!➕
fbSnezana TodorovaЖивотот е борба
2023