Болен и здрав ум
Кај мене на исповед дојде едно болно девојче од 12 години, од детскиот дом за умоболни. Таа не можеше да поврзе два збора, постојано се вртеше, a ненормалниот поглед и чудните гримаси, доволно зборуваа за нејзината незрелост. И ете, таа почна да се исповеда и да се причестува секоја недела. После една година кај неа се појави потреба да ги открива и помислите (оној кој се моли и се исповеда често знае како е тоа).
Девојчето започна да води таков внимателен живот, каков што не водат дури и оние луѓе што се сметаат за длабоко верни и црковни. Таа започна да се моли со Исусовата молитва (Господи, Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешната), да се бори со искушенијата, да ги простува навредите, да трпи сè. За неколку месеци научи да пишува и чита, ги надмина сите знаци на дебилност и на лицето ѝ се изобрази печат на духовност. Во сè што говореше и правеше имаше чувство и расудување. И кога ја гледав, срцето ми се кинеше од огревовеноста и неправедноста на мојот сопствен живот.
По некое време ја преместија во друг детски дом и еден период не се гледавме. Но, еднаш таа дојде кај мене и ми кажа: „Не се грижете за мене, оче, јас цело време сум со Бога. Тој не ме напушта дури и во сон…“
Ако после ова се соберат најпаметните луѓе во светот и ми покажат најпрецизни докази за тоа дека нема Бог, јас би ги погледнал со тага.
Алексиј Грачов
2023
Животот е борба
Snezana Todorova ·