логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

АКАТИСТ кон св.арх.МИХАИЛ
Кондак 1
Сјаен Војводо на небесните Сили и заштитниче на човечкиот род, Тебе Ти ја принесуваме оваа пофална песна ние кои со Тебе се избавуваме од неволји. А Ти стоејќи пред Престолот на Царот на славата, ослободи нe од секоја опасност, со вера и љубов дa воскликнуваме кон Тебе:
Радувај се, Михаиле, голем Архистратиг, со сите Небесни Сили!
Икос 1
Како предводник на огнезрачните чинови, Архистратиг Михаиле, би требало да те славиме со ангелски јазици, но додека ти нас не не умудриш и не не научиш на јазикот na Бестелесните Битија, дотогаш слушни ги од нашите, иако човечки усни, овие пофалби:
Радувај се, првообразна ѕвездо на светот!
Радувај се, светлозарна светлино на вистината и правдата!
Радувај се, меѓу ангелските хорови најпосреден примател на несоздадената Светлина!
Радувај се, старешино на Архангелите и Ангелите!
Радувај се, во Тебе најмногу блеска славата од десницата на Творецот!
Радувај се, украс на сите Бестелесни Битија!
Радувај се, Михаиле, голем Архистратиг, со сите Небесни Сили!
Кондак 2
Гледајќи ја со очите на верата величината на духовната убавина и силата на молњоносната десница твоја, Божји Архангеле, ние како земни и со тело обложени битија, се исполнуваме со восхит, радост и благодарност спрема Творецот на се, воскликнувајќи со сите Сили Небесни: Алилуја!
Икос 2
Испроси за нас чист разум слободен од страстите, чудесен Михаиле, старешино на Небесните Чинови, издигнувајќи се со мислата од земното кон небесното, дa пееме пофална песна:
Радувај се, најблизок набљудувач на неискажаната Божја убавина и прекрасност!
Радувај се, најповерлив тајник на благата намера нa Пресвета Троица!
Радувај се, верен извршител на предвечните одлуки на Творецот!
Радувaј се, Тебе со љубов ти се восхитуваат Небесните Војски!
Радувај се, Тебе со вера те прославуваат земнородните!
Радувај се, од Тебе треперат
адските сили!
Радувај се, Михаиле, голем Архистратиг, со сите Небесни Сили!
Кондак 3
Покажувајќи сила на несоборлива ревност за Божјата слава, Архангеле Михаиле, си застанал на чело со ангелските легиони против гордата Деница кој дишеше со злоба. Kога тој со мрачните соучесници свои беше истеран од небесната висина во поднебесјето, тогаш Небесните Војски, славно предводени од Тебе, со една усна радосно воскликнаа пред Престолот Божји: Алилуја!
Икос 3
Сиот род христијански, Архангеле Михаиле, Те има Тебе – големиот застапник и добар помошник во борбата со противниците, ние сакајќи да се удостоиме на чудесната твоја заштита во денот на твоето прославување, Ти пoвикуваме:
Радувај се, со Тебе сатаната беше како молња исфрлен од Небесата!
Радувај се, човечкиот род од Тебе чуван, восходи кон Небесата!
Радувај се, прекрасен украс на горниот светол свет!
Радувај се, преславна заштито на паднатиот долен свет!
Радувај се, Тебе силите на злото не можат никогаш да Те победат!
Радувај се, со сите Божји Ангели со Божјата благодат засекогаш сте утврдени во вистината и правдата!
Радувај се, Михаиле, голем Архистратиг, со сите Небесни Сили!
Кондак 4
Првопрестолник на Ангелите, избави не од искушенија и опасности, нас кои со љубов и радост те славиме, бидејќи Ти си голем помошник во неволјите, a во часот на смртта чувар и заштитник од злите духови, затоа воскликнуваме кон Твојот и наш Господар и Бог: Алилуја!
Икос 4
Гледајќи ја твојата храброст против сатанската војска, сите Чинови Ангелски се дигнаа со Тебе во војна за Името и славата на Господ свој, воскликнувајќи: кој е како Бог! А ние, знаејќи дека сатаната е фрлен под твоите нозе, повикуваме кон Тебе како победител:
Радувај се, мир и тишина со Тебе се зацари на Небото!
Радувај се, духовите на злото со Тебе беа истерани до пеколот!
Радувај се, ангелските Војски и Силите на невидливиот свет Ти ги упатуваш кон истребување на злото!
Радувај се, Ти кој невидливо го скротуваш раздорот и тревогата на стихијата во видливиот свет!
Радувај се, чудесен соборец на оние кои водат војна со духовите на злобата под небото!
Радувај се, моќен помошник на оние кои изнемоштуваат во искушенијата и напастите во овој век!
Радувај се, Михаиле, голем Архистратиг, со сите Небесни Сили!
Кондак 5
Во Твојот храм во Хон Ти се покажа боготворен извор на чуда преголеми, бидејќи со својата сила не само што ја уништи таму огромната и страшна змија, туку отвори и извор на вода која ја исцелува секоја телесна болест, на Господарот на Ангелите кој Тебе те прославува, сите дa Му воскликнеме: Алилуја!
Икос 5
Слушајќи и знаејќи, прекрасен Михаиле, дека среде светите Ангели блескаш како светило, ние приоѓаме кон Тебе, после Бога и Божјата Мајка. Oсветли не сите нас со фаќелот на твојата светлина кои Ти воскликнуваме:
Радувај се, водител и чувар во пустината на богоизбраниот народ!
Радувај се, возвишен посредник на законот, даден преку Мојсеј на Синај!
Радувај се, судиите и водителите на Израилскиот народ полагаат во Тебе сила и заштита!
Радувај се, пророците и Јудејските првосвештеници преку Тебе добиваа дар на знаење од Сезнаечкиот Бог!
Радувај се Ти, кој благоглаголивите законодаватели ги снабдуваш со тајна мудрост!
Радувај се Ти, кој ставаш благост во срцето на оние кои ги делат судот и правдата!
Радувај се, Михаиле, голем Архистратиг, со сите Небесни Сили!
Кондак 6
Кога Тебе, весникот на Божјата одлука, некогаш Те здогледа Маној, се исполни со недоумица и страв мислејќи дека му нема повеќе живот на земјата. Но, известен од својата жена за благоста на твоето јавување и за кроткоста на твоите зборови, тој од радост по твоите зборови, дека ќе му се роди син Самсон, благодарно воскликна кон Бога: Алилуја!
Икос 6
Заблеска со чудна слава, Архангеле Михаиле, кога во човечки облик застана пред Исус Навин, зборувајќи: Соблечи ги обувките од своите нозе, јас сум Архистратиг на Господовите сили. Восхитувајќи се на таквото Твое јавување, ние со љубов Ти воскликнуваме:
Радувај се, буден чувар на боговенчаните глави!
Радувај се, брз соборувач на оние кои се спротивставуваат на власта, бидејќи на Божјата наредба се противат!
Радувај се, помирител на народните побуни!
Радувај се, уништувач на безбожните обичаи!
Радувај се, Ти ги просветуваш сомнителите во часот на тешката недоумица!
Радувај се, Ти ги избавуваш искушуваните од погубните клевети!
Радувај се, Михаиле, голем Архистратиг, со сите Небесни Сили!
Кондак 7
Господарот на се, сакајќи да покажe дека судбините на човечките синови не се случајни, туку секогаш се наоѓаат во Неговата десница, Те одреди Тебе за заштитник и чувар на земните царства, племињата и народите дa ги подготвиш за вечното Царство Божјо. Поради тоа, сите свесни за твоето служење за човечкото спасение, благодарно кон Богa воскликнуваат: Алилуја!
Икос 7
Творецот и Господарот на се ни покажа преку Тебе, Архистратигу ново чудо на земјата, кога Ти чудесно го
спаси од поплава храмот соѕидан во твоето име, наредувајќи водата и потокот дa потонат во бедрата на земјата. Гледајќи го тоа, блажениот Архип со духовните свои чеда благодарно воскликна кон Тебе:
Радувај се, неразрушлива оградо на Божјите свети храмови!
Радувај се, несоборлива пречка за непријателите на Христовата вера!
Радувај се, на твојата наредба стихиите се покоруваат!
Радувај се, со Тебе сите злобни замисли се рушат!
Радувај се Ти, кој на верните радост им нoсиш од Престолот на Седржителот!
Радувај се Ти, кој верните ги приведуваш на патеката на вистината и правдата!
Радувај се, Михаиле, голем Архистратиг, со сите Небесни Сили!
Кондак 8
Необично чудо на твојата сила, Божји Архистратиг, доживеа Авакум, кога Ти по Божјата заповед го пренесе брзо од Јудеја во Вавилон, за да даде храна на Даниил, фрлениот во јамата меѓу лавовите. Поради тоа, восхитувајќи се на преголемото дејство на твојата сила, тој повика со вера: Алилуја!
Икос 8
Сиот си небесен, Архангеле Михаиле, стоејќи пред Престолот на Царот на славата, но не си далеку ни од нас кои сме долу, војувајќи секогаш со непријателите за човечкото спасение. Поради тоа, сите кои сакаат да ја достигнат посакуваната Небесна Татковина, сложно воскликнуваат кон Тебе:
Радувај се, хороводител на трисветото ангелско пеење!
Радувај се, секогаш спремен чувар и посредник на земнородните!
Радувај се Ти, кој на чуден начин го порази фараонот со неверните Египтјани!
Радувај се Ти, кој верните Јудејци преславно си ги водел преку пустината!
Радувај се Ти, кој го изгасна огнот во вавилонската печка!
Радувај се, Михаиле, голем Архистратиг, со сите Небесни Сили!
Кондак 9
Сите монаси на Света Гора Атонска ги опфати радосно восхитување, гледајќи како Ти го спаси богобојажливото момче кога безумните златољупци го фрлија во морето со камен на вратот. Поради тоа, обителта која го прими, красејќи се со твоето име, благодарно повика кон ГосподаАлилуја!
Икос 9
Беседите на благоглаголивите и љубителите на мислите, не се во состојба да ја искажат твојата сила, Архистратигу Михаиле, како Ти за една ноќ си погубил сто осумдесет и пет илјади војници на асирскиот цар Сенахерим, за казна повеќе дa не се хули Името Господово. Ние пак, почитувајќи ја твојата света ревност за славата на Бога Вистинскиот, весело Ти воскликнуваме:
Радувај се, на православните војски непобедлив војводо!
Радувај се, страв и уништување за војните походи на зловерните!
Радувај се, засадувач на правата вера и богопочитување!
Радувај се, искоренувач на душегубните расколи и ереси!
Радувај се, Ти кој побожните Макавеи многу пати на боиштето ги закрепна!
Радувај се Ти, кој Антиохевиот безбожен војвода Илиодор во самиот храм го порази!
Радувај се, Михаиле, голем Архистратиг, со сите Небесни Сили!
Кондак 10
Божји Архистратигу, на нас кои сакаме да се спасиме биди ни неотстапен помошник, избавувајќи не и чувајќи не од секоја беда и напаст, а особено од лошите навики и нашите гревови, напредувајќи во верата, надежта и љубовта Христова, со радост поради чудесната твоја заштита да пееме пофалба на Господарот на Ангелите и луѓето: Алилуја!
Икос 10
Божји Архистратигу, Ти си заклон и непоколеблива тврдина на верните луѓе во борбата со видливите и невидливите непријатели, поради тоа, избавени со Тебе од ѓаволските замки, ние со благодарно срце и усни воскликнуваме:
Радувај се, непобедлив борец против непријателите на верата и противниците на светата Црква!
Радувај се, неуморен соработник со смирените проповедници на Евангелието!
Радувај се Ти, кој со светлината на Христовата вера ги просветлуваш оние кои седат во темнина!
Радувај се Ти, кој ги изведуваш на патот на покајанието и вистината оние кои се заблудени во лажните учења!
Радувај се, непоткуплив одмаздник на оние кои залудно се колнат во Името Божјо!
Радувај се, Ти кој ги укоруваш оние кои бесрамно ги исмеваат Тајните на Светата вера!
Радувај се, Михаиле, голем Архистратиг, со сите Небесни Сили!
Кондак 11
Секоја пофална песна, Божји Архистратигу, ги надминува мноштвото чуда твои, кој ги направи не само на Небото и на земјата, туку и во темните понори на поднебесјето, каде со оковите на Господовата сила го окова злиот сатана. Избавени од неговата злоба, Го благословуваме Господарот на Небото и земјата воскликнувајќи: Алилуја!
Икос 11
Архистратигу Михаиле, Ти како светлоносен служител на вистината со чистотата на богопочитувањето се јави, кога гледајќи го лукавството на духовите на темнината, со Божјото Име му забрани на ѓаволот да не се осуди да покаже каде се наоѓа телото сокриено на Израилскиот војвода Мојсеј, за синовите Израилеви дa не го почитуваат. Поради тоа, почитувајќи го светото твое име, ние благодарно воскликнуваме:
Радувај се, Ти кој во деновите на Стариот Завет ја сочува чистотата на богопознавањето меѓу Евреите!
Радувај се Ти, кој во деновите на новата благодат многу пати од корен го откорна каколот на заблудата!
Радувај се, истребител на многубожното пророкување и идолите!
Радувај се, закрепнувач на православните подвижници и страдалници!
Радувај се Ти, кој немоќните ги исполнуваш со духот на силата од Божјата благодат!
Радувај се Ти, кој во оружјето на верата ги облекуваш оние кои изнемоштуваат со телото!
Радувај се, Михаиле, голем Архистратиг, со сите Небесни Сили!
Кондак 12
Архистратигу Михаиле, измоли благодат за нас од Бога на Небесата, кои пееме во слава на чесното твое име, закрилени од Тебе, дa поживееме во секоја побожност и чистота, додека смртта не не раздели од телото, и така да се удостоиме да се претставиме пред огнезрачниот Престол на Царот на славата и со Ангелските хорови да воскликнеме: Алилуја!
Икос 12
Опевајќи ги разните чуда твои, Архистратигу Михаиле, коi ги направи поради наше спасение, ние Го молиме Господарот на се, духот на твојата ревност за Божјата слава никогаш да не се намалува ниту во нас кои Ти воскликнуваме:
Радувај се Ти, кој верните Божји слуги благовремено ги поставуваш на висината на власта!
Радувај се Ти, кој дрските и недостојните невидливо ги истеруваш од височината на силата и славата!
Радувај се Ти, кој во последниот ден треба да ги собереш избраните од сите четири страни на земјата!
Радувај се Ти, кој грешниците како какол, по Божјите зборови, ќе ги предадеш на вечниот оган!
Радувај се Ти, кој сатаната со неговите ангели ќе ги фрлиш во огненото езеро во веки веков!
Радувај се Ти, кој праведните славно ќе ги населиш во обителта на Небесниот Отец!
Радувај се, Михаиле, голем Архистратиг, со сите Небесни Сили!
Кондак 13
О, чудесен старешино на Архангелите и Ангелите, за прекрасното твое служење за спасение на човечкиот род, прими го сега од нас овој глас на пофалба и благодарност кој ти го принесуваме, зa дa ти исполнет со Божјата сила, не засолниш со невештествените крилја твои од сите видливи и невидливи непријатели, и на Господа, Кого Ти Го прославуваш и Кој Тебе Те прослави, непрестaно дa Му воскликнуваме:
Алилуја!
( овој кондак се чита трипати )
И повторно се чита Икос 1 и Кондак 1.

МОЛИТВА КОН СВЕТИ АРХАНЃЕЛ МИХАИЛ
Целиот си оган и ревност, свети Архангеле Михаиле, затоа ти се молиме: нашите заспани души запали ги со огнот на твојата ревност, та секогаш да Му служиме на нашиот заеднички Господ, сесрдно да те подражаваме тебе, безгрешниот и свет брат наш и врховен војсководач на сите небесни и земни војски Христови.
Пречудниот Господ Исус Христос устроил една црква од англеи и луѓе, та и ние луѓето кои таинствено претставуваме херувими на земјата, да ги подражаваме нашите небесни браќа на чие чело стоиш ти, лачезарен и боженствен архистратиже Михаиле. Ти на небото го победи селошиот сатана и го фрли од небото на дното во пеколот - помагај ни и нам секогаш, ти се молиме, сесилен Архангеле, та и ние со сепобедната сила да го победуваме селукавиот сатана, кој нѐ напаѓа од сите страни, и нѐ искушува преку безбожни луѓе, преку нечисти мисли, преку земни наслади и преку опивните страсти.
Сиот си свет, чист и безгрешен, божествен првоангеле Божји; ти се молиме - сесвети; ти се молиме - сечисти; ти се молиме - себезгрешни, учи нѐ дење и ноќе како да живееме свето, чисто и безгрижно; дарувај ни ги твоите херувимски сили за да живееме вистински херувимски на земјата и ние, кои според неизмерливото Божјо човеркољубие, претставуваме херувими на земјата.
Не оставај нѐ во отровната кал на нашите сластољубиви земни желби, туку издигни нѐ во небесните англески височини и оспособи нѐ да живееме ангелски свето и чисто, додека сме во тело на земјата.
Милостиво погледни на нас, сепобедлив архангеле, снисходливо спушти се до нас, разбуди нѐ за борба со злото, со гревот, со ѓаволот, со смртта, за да можеме водени и охрабрувани од тебе, лесно да ги совладуваме: секој грев, секоја страст, секој ѓавол и секоја смрт.
Знаеме, богоносен архангеле, дека имаш власт над нечистите духови, над смртта, над гревовите: исполни ги нашите души со твојата боженствена сила, за да можекме бестрашно да војуваме и херувимски да ги победуваме сите непријатели на нашето спасение, на нашата вера и на нашата душа.
Сепобедлив војводо на небесните сили, ти си го исчистил н небото од сатаната и неговите црни ангели, исчисти ги и нашите души од секој грев, зашто гревовите наши ги отвараат вратите и прозорците на нашите души; преку нив во нас да не влезат нечистите демонски дили, да ги валкаат и умртвуваат нашите души кои треба да се англески чисти и ангелски бесмртни.
Без твојата сепобедлива помош, небесни војсководачу, лесно стануваме плен на нечистите сили. Затоа од сѐ срце ти се молиме: прими нѐ во твојата сепобедлива војска, војувај за нас и пред нас, води нѐ и предводувај нѐ во секоја борба за нашата душа, за нашето спасение, за нашата вечност, обезбедувајќи ни победа над секојн грев и над секој ѓавол.
О, пресвети архангеле, ако ти не ни дојдеш на помош со твојата боженствена сила, ние сме очајни и немоќни пред демонските сили. Со тебе секогаш ќе победуваме во сите борби на нашата душа, а без тебе паѓаме од пораз во пораз, од грев во грев, од пекол во пекол.
Затоа ти се молиме, биди секогаш со нас, не напуштај нѐ поради нашите гревови, и поради нашата нечистотија, туку сакајќи нѐ со боженствена љубов направи да го замразиме гревот и сите гревовни сласти, та да ја исполниме нашата душа со слаткиот мирис на ангелските добродетели.
Еве, ги предаваме нашите души на тебе, пресвети ангеле Божји, ти се молиме и просиме: води нѐ секогаш по патиштата што водат кон Царството Небесно, за да можеме заедно со тебе, вечно да Го славиме семилостивиот наш Спасител - Преслаткиот Господ Исус Христос, и Неговиот Човекољубив Отец, и Себлагиот Дух Утешител, Кому нека Му е слава и пофалба сега, секогаш и во сите векови. Амин!

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3225
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7718
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная