логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

kniga.Nov.Psaltir

ОСУМНАЕСЕТА КАТИЗМА


ПСАЛМ 119.
Кон Господа повикав во маката своја, и Он ме услиши.
2. Господи, избави ја душата моја од неправедна уста и од јазик лукав.
3. Што ќе Ти даде Тебе и што ќе Ти придаде лукавиот јазик?
4. Изострени стрели на силник, разгорени со пустински јаглен.
5. Тешко мене, бидејќи привремениот престој ми се продолжи, се вселив во шаторите кидарски.
6. Долго живееше душата моја со оние што го мразат мирот.
7. Јас бев мирољубив: но кога им зборував, тие војуваа против мене без причина.


ПСАЛМ 120.
Ги кревам очите кон горите; од каде помош ќе ми пристигне?
2. Мојата помош е од Господа, Кој ги создаде небото и земјата.
3. Он нема да дозволи да се помести ногата твоја; нема да задреме Оној, Кој те пази;
4. Не дреме и не спие Оној, Кој го пази Израилот.
5. Господ е Твојот чувар; Господ е твоја закрила од кај твојата десна рака.
6. Сонцето дење нема да те гори, ниту месечината ноќе ќе ти штети.
7. Господ ќе те запази од секакво зло и ќе ја чува душата твоја.
8. Господ ќе го пази излегувањето твое и влегувањето твое отсега и довека.


ПСАЛМ 121.
Се зарадував кога ми рекоа: »Ќе одиме во домот Господов«.
2. Ете, нозете наши стоеја во твоите дворови, Ерусалиме, -
3. Ерусалим, кој е изграден како град, излиен во една целина,
4. Таму се искачуваа племињата, Господовите племиња, сведоштво Израилево, за да се исповеда името Господово.
5. Зашто таму се поставија престолите судиски, престолите на домот Давидов.
6. Барајте мир за Ерусалим и нека им биде добро на оние, кои Те сакаат!
7. Нека има мир околу ѕидовите твои и изобилие во кулите Твои.
8. Поради браќата мои и блиските мои зборував за мир во тебе!
9. Заради домот на Господа, нашиот Бог, ти пожелувам добро.


ПСАЛМ 122.
Ги кревам очите мои кон Тебе, Кој живееш на небесата.
2. Ете, како што се очите на слугите свртени кон рацете на господарите нивни, како очите на слугинката - кон раката на господарката нејзина, така и нашите очи гледаат кон Господа, нашиот Бог, сé додека не се смилува.
3. Смилуј се на нас, Господи, смилуј се, зашто многу сме понизени со презир;
4. Зашто се преполни душата наша од навреди на силните и од понижување на горделивите.

Psaltir
ПСАЛМ 123.
Да не беше Господ со нас, - нека каже Израилот, -
2. Да не беше Господ со нас, кога луѓето се кренаа против нас, -
3. Живи ќе нé проголтаа, кога пламна нивната јарост против нас;
4. Вода ќе нé потопеше, поток ќе го однесеше животот наш;
5. Бурна вода ќе ја однесеше нашата душа.
6. Нека е благословен Господ, Кој не нé предаде во плен на нивните заби.
7. Душата наша се избави како птица од примка на ловци: примката се скина, а ние се избавивме.
8. Помошта наша е во името на Господа, Кој ги создаде небото и земјата.
Сава Оцу и Сину и Свјатому Духу, и ниње и присно и во вјеки вјеков. Амин.
Алилуја, алилуја, алилуја. Слава Тебје, Боже. (3 пати)


18-та катизма, втори антифон


ПСАЛМ 124.
Кои се надеваат на Господа, тие се како гората Сион; кој живее во Ерусалим, нема да се поколеба, ќе живее вечно.
2. Околу Ерусалим има гори, а Господ е околу својот народ отсега и засекогаш.
3. Зашто Господ нема да го остави жезлото на грешниците врз земјата на праведните, за да не ги посегаат праведниците рацете свои кон беззаконие.
4. Господи, направи им добро на добрите и на оние со чисто срце.
5. А оние што свртуваат по крив пат, нив Господ ќе ги одведе со оние, што вршат беззаконие. Мир на Израилот!


ПСАЛМ 125.
Кога Господ ги врати сионските заробеници, ние бевме како утешени;
2. Тогаш устата ни се исполни со радост, и јазикот наш - со весела песна; тогаш меѓу незнабожците се говореше: »Големи дела изврши Господ над нив«!
3. Големи дела изврши Господ над нас: ние се развеселивме.
4. Врати ги, Господи нашите затвореници како потоците на Негев.
5. Оние што сеат со солзи, ќе жнеат со голема радост.
6. Одеа и плачеа оние што носеа свое семе; но со радост ќе се вратат, носејќи ги своите снопја.

psaltir.pajsij
ПСАЛМ 126.
Ако Господ не ја изѕида куќата, залудно ќе се трудат градителите нејзини; ако Господ не го запази градот, залудно ќе бдее стражата.
2. Залудно вие станувате рано, доцна легнувате вие што го јадете лебот уморни; на оние кои Он ги сака, ним им дава сон.
3. Ете, наследството Господово се синовите, дар од Него е породот.
4. Она што се стрелите во раката на силниот, тоа се младите синови.
5. Блажен е оној човек, кому му е исполнет тегарчникот со нив! Тие нема да се засрамат, кога ќе зборуваат со непријателите свои пред портите.


ПСАЛМ 127.
Блажени се оние, кои се бојат од Господа, кои идат по Неговите патишта!
2. Ти ќе јадеш од плодовите на рацете свои: блазе тебе и добро ќе живееш.
3. Жената твоја во домот твој ќе биде како лоза плодовита, синовите твои - како новонасадени маслини околу трпезата твоја.
4. Ете, така ќе биде благословен оној човек, кој се бои од Господа.
5. Господ ќе те благослови од Сион; и ти ќе ги гледаш добрата Ерусалимски во сите дни на твојот живот;
6. И ќе ги видиш синовите на синовите твои. Мир нека е на Израилот!


ПСАЛМ 128.
Многумина се бореа против мене уште од младоста моја - нека каже Израилот;
2. Многупати војуваа против мене од младоста моја, но не ме совладаа.
3. На плешките мои грешниците дејствуваа, продолжувајќи со своето беззаконие.
4. Но Господ праведен ги расече јажињата на грешниците.
5. Нека се засрамат и нека (се) свртат назад сите, кои го мразат Сион!
6. Нека бидат како тревата на покрив, која се исушува пред да биде истргната,
7. Со која жетварот нема да ја исполни раката своја, ни прегратката своја оној што ја врзува во снопови.
8. А минувачите не рекоа: »Благословението Господово на вас; ве благословуваме во името на Господа«!
Слава Оцу и Сину и Свјатому Духу, и ниње и присно и во вјеки вјеков. Амин.
Алилуја, алилуја, алилуја. Слава Тебје, Боже. (3 пати)

Psaltir1
18-та катизма, трети антифон


ПСАЛМ 129.
Од дното на душата повикав кон Тебе, Господи.
2. Господи, чуј го гласот мој. Ушите Твои нека го чујат гласот на молењето мое, -
3. Господи, ако гледаш на беззаконијата, - тогаш кој ќе се одржи, Господи?
4. Но во Тебе има простување.
5. Заради името Твое, Господи, чекав долго на Тебе, чекаше душата моја на Твојот збор;
6. Душата моја се надеваше на Господа: Од утрената стража па до ноќта, од утрената стража нека се надева Израилот на Господа.
7. Зашто милоста е во Господа и голем е откупот во Него.
8. И Он ќе го избави Израилот од сите негови беззаконија.


ПСАЛМ 130.
Господи, срцето мое не се вознесуваше, ниту очите мои се креваа високо; не копнеев по големи работи ниту по она што е над моите сили.
2. Но се смирував во мислите свои и ја воздигав душата моја како дете кон мајката своја; така возврати и на душата моја.
3. Нека се надева Израилот на Господа отсега и довека.


ПСАЛМ 131.
Сети се, Господи, на Давида и на сета негова смиреност,
2. Како што се заколна пред Господа, и Му вети на Јакововиот Бог:
3. »Нема да влезам под шаторот на домот свој, нема да легнам на леглото мое;
4. Нема да им дадам сон на очите мои, ни дремка на веѓите мои, ниту одмор на слепоочниците мои,
5. Додека не најдам место за Господа, дом за Јакововиот Бог«.
6. Ете, ние чувме дека е во Ефрат, го најдовме во дубравите;
7. Да влеземе во Неговиот дом, да се поклониме пред местата каде што стојат нозете Негови.
8. Стани, Господи, дојди во местото каде што е Твојата почивка, Ти и светиот ковчег Твој.
9. Твоите свештеници нека се облечат во правда; Твоите светии нека се зарадуваат.
10. Поради Давида, Твојот слуга, не одвраќај го лицето Свое од Твојот помазаник.
11. Му се заколна Господ на Давида во вистината, и од неа нема да се откаже: »Од плодот на твојата утроба ќе поставам на престолот твој.
12. Ако твоите синови го пазат Мојот завет и моите сведоштва, на кои ќе ги научам, тогаш и синовите нивни ќе седат на твојот престол«.
13. Затоа Господ го избра Сион, Му омиле да живее во него.
14. »Тоа е Моето одмориште засекогаш: тука ќе се населам, бидејќи многу Го засакав.
15. Ќе го благословувам и преблагословувам трудот негов, сиромасите негови со леб ќе ги наситувам;
16. Свештениците негови ќе ги облечам во спасение, и светиите негови радосно ќе воскликнуваат.
17. Таму ќе кренам рог за Давида, му подготвив светилник на Мојот помазаник.
18. Непријателите негови ќе ги облечам во срам, а на него ќе процути светоста Моја«.


ПСАЛМ 132.
Колку е убаво и колку е мило кога браќата живеат заедни!
2. Тоа е како миро врз главата што се лее по брадата, брадата Аронова, што се лее по полите од одеждата негова;
3. Како роса Ермонска, која паѓа на горите Сионски, зашто таму Господ дал благослов и вечен живот.


ПСАЛМ 133.
Благословувајте Го сега Господа, сите слуги Господови, што стоите ноќе во домот Господов, во дворовите од домот на нашиот Бог.
2. Кренете ги рацете ваши ноќе кон светилиштето и благословувајте Го Господа!
3. Нека те благослови Господ од Сион, Создателот на небото и земјата.
Слава Оцу и Сину и Свјатому Духу, и ниње и присно и во вјеки вјеков. Амин.
Алилуја, алилуја, алилуја. Слава Тебје, Боже. (3 пати)

 

 Извор: ПСАЛТИР

Korica.Psaltir

16 март 2024 лето Господово

 

 

 

 

фб Животот е борба

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3220
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7714
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная